Реал ќе и понуди на Барса трампа Ибра-Кака?
El Mundo Deportivo најавува сензационален трансфер велејќи дека Реал Мадрид е подготвен да го понуди Кака на Барселона во возрат за Златан Ибрахимович
EMD објави дека Жозе Мурињо го посакува Златан Ибрахимович и иако знае дека е тешко Реал Мадрид да стигне до фудбалер на Барселона побарал од управата на Кралевите да тргне по шведскиот интернационалец доколку им се укаже било каква шанса.
Извештајот говори дека ’Специјалниот’ не смета на услугите на Карим Бензема, кој е во центарот на сек-скандалот што ја погоди Франција.
Хорке Валдано вчера во името на Реал му даде поддршка на напаѓачот и изјави дека тие веруваат во невиноста на францускиот интернационалец но
EMD вели дека Кралевите во исто време стравуваат и за својот имиџ па би можеле да се ослободат од Бензема, за кого платија 35 милиони евра минатото лето.
Се верува дека Мурињо бара ’класична 9ка’ во Реал како што Дрогба беше во Челзи и Диего Милото во Интер, двајца фудбалери што се обиде да го ангажира и ова лето.
Мурињо добро е запознаен со квалитетите на Ибра откако соработуваше со него пред две сезони на Џузепе Меаца кога шведскиот интернационалец беше главен фудбалер на Интер таа сезона постигнувајќи 25 погодоци.
Со цел да ја натера Барса на зделка, Реал е подготвен да го жртвува бразилскиот интернационалец Кака.
EMD вели дека тимот од Мадрид сега ќе го чека развојот од преговорите помеѓу Барселона и Арсенал за трансферот на Цеск Фабрегас.
Доколку двата клуба не постигнат договор за Фабрегас да се врати на Камп Ноу, Кралевите на Каталонците ќе им понудат трампа Ибра-Кака.
Зделките помеѓу Барселона и Реал Мадрид во минатото беа ретка појава со оглед на големото ривалоство помеѓу двата клуба па се чини дека една ваква трампа од висок профил во која се вклучени две суперѕвезди е тешко изводлива.