bowl
.
- Член од
- 30 јануари 2007
- Мислења
- 8.344
- Поени од реакции
- 1.307
Абе види, ако има понуда и од Реал и од Сити нема шанси нив да ги одбере. И дупло поише пари да нудат. Али кога се беше готово и беше потребен само потврден одговор од Мурињо тогаш уствари ние го зезнавмеИ ? Поентата е? Сепак за пари заминува.. а и Љоренте е скапан.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Многу голема разлика од трасферот на Милито кој и да не испаднеше добро голем кур шо се вика, трансфер со мал ризик е тоа. Башка Милито не отиде во Интер како млад и недоквакан така да споредбата не е баш добра. Подобра би била со Кварезма, кој сите знаат како заврши.Незнам зашто али мислам дека Ди Мариа ке биде еден од подобрите трансфери. Сетете се истото беше и со Милито, кога го купија Интер сите им викаа "што ви е на вас бе зарем Милито ли се купува". Истото се случува и со Ди Мариа сите викаат "леле дрвово ли ке го купувате бе". Да знам дека е недокажан, али од кај знаете може ке испадне ѕвер у Реал.
Иначе за плејмејкер, јас идниот плејмејкер го гледам во Каналес. Значи оваа сезона ако му се дава пристојна минутажа под водство на Мурињо он ке стане премногу добар. Не смее да се земе и да се запостави, и да испуштиме таков играч или па уште полошо да го уништиме.
Не добивајте погрешен впечаток дека мислиме дека нема да успее, секој се надева дека ќе биде одличен трансфер. Али јас мислам дека повеќето тука го преферираме Силва кој е стандарден у репрезентација, навикнат на лигата и баш тоа што моментално треба. Различни играчи се со Ди Мариа, за мене одлично би било и двајцата да ги зееме. Силва е плејмејкер, еден од најдобрите, Ди Мариа е крило има потенцијал али сеуште не е довршен производ и некој кој сака да игра со топка али покрај Роналдо незнам колку ќе ја допира.
Реално ако Кака успее да игра на ниво, ако останат Рафа и Каналес мислам дека и без купување на плеј ќе се помине па Ди Мариа играл не играл нема и да праи некоја разлика.
Поише сум загрижен за одбраната и кој ќе му праи друштво на Чаби, нападот мање више можат Бензема Роналдо и Игуаин да играат.
пс: Каков посран весник се Марка, на Каранка му се свртија уште непочнат со работа. Прашање на време е кога ќе почнат да го пцујат Мурињо.