Прва лезбејка за бискуп во САД
Лос Анџелес, 20. март (ИНПРЕС)
Епископалната црква во САД ја именуваше Рев Мери Гласпул за првата жена бискуп во САД со хомосексуална ориентација. Церемонијата и инаугурацијата на Гласпул ќе се одржи на 15. мај во Лос Анџелес.
Иако врз членовите на оваа заедница е вршен огромен притисок да не се спроведува оваа одлука, сепак тоа се случи.
Лидерите на оваа црква беа лично предупредени од Рован Вилијамс, надбискупот од Кантербери затоа што тоа дополнително ќе ја разниша довербата во оваа црква која и така ја следат многу скандали поврзани со сексуалната ориентација на свештениците, бискупите и надбискупите.