Советот на Европа за заштита на малцинствата

  • Креатор на темата ..........
  • Време на започнување
?

..........

Гостин
Советот на Европа за заштита на малцинствата



Резолуцијата за заштита на националните малцинства во Советот на Европа вчера ја изгласале сите членки, но не и Грција.

Јужниот сосед остро критикуван во извештајот дека треба да го признае Македонското малцинство, јазик, да ги врати имотите на децата бегалци, но и да дозволи формирање на невладини организации на Македонците.

Грците се труделе да образложат дека конвенцијата не е според нивните вредности во кој веруваат, неможе да има Македонско малцинство кога тие биле Македонци, а македонскиот јазик бил словенски и бил поблизок до бугарскиот.

Пред изгласувањето на резолуцијата било констаирано дека Грците имаат дискриминаторски закони, одбиваат да ги вратат имотите на сите кој не се Грци по гени. Останатите земји членки не им прифатиле ниту еден од поднесените 15 амандмани, со кои Грците сакале да си ја тргнат вината од себе.

„Грција треба да постапи по резолуцијата и соодветно да ја имплементира, како што треба и да ја ратификува рамковната повелба за национални малцинства. Како што знаете во меѓународното право нема репресивна сила која што ги спроведува одлуките, туку тоа се сведува на преземени обврски на државите членки, така што јас се надевам дека Грција ќе ја реализира оваа работа која што произлегува од нејзините обврски како член на Советот на Европа“, вели Александар Николовски,

Грција признава само едно религиозно малцинство, муслиманското, но затоа пак го негира постоењето на Турците, Ромите и Македонците во земјата. Може ли да се одважи Грција и сепак да ја прифати резолуцијата за националните малцинства.

За да не биде во се контра од европските партнери гласале за препораките упатени до Советот на министри, кои предвидуваат зголемени напори за ратификување на конвенциите за човекови права и национални малцинства.

Извештај на Стејт Департментот и Советот на Европа за малцинствата



Советот на Европа денеска донесе резолуција за состојбата со малцинствата, во кое се бара Грција да ја ратификува повелбата за заштита на националните малцинства, да работи на враќање на имотите и да дозволи регистрација на невладината организација „ДОМ“, на македонската цивилизација.

Во целиот извештај се користи терминот македонски без било какви додавки. Македонското малцинство е признаено во Албанија, но тоа е не случај со Бугарија(татари да ве чујам) и Грција, стои во последниот извештај на Стејт Департментот за состојбата за човековите права во Албанија, Грција и Бугарија.

Во Албанија законот дозволува статус на малцинство за национални групи и етно јазични. Грците, МАкедонците и Црногорците се одредени како национални групи меѓу кои грчката е најголема.

Власите и Ромите се дефинирани како етно јазични групи. Полоша состојба во однос на статусот на македонското малцинство се забележува во Бугарија и Грција.

Стејт Департментот ги забележува случаите на неможноста за регистрирање на партијата ОМО Илинден-Пирин и на културно едукативното друштво Никола Вапцаров од Благоевград.

Слични констатации има во извештајот посветен на Грција. Покрај тешкотии во слободно, политичко и културно здружување на македонското малцинство, Стејт Департментот забележува и на непризнавање на македонскиот јазик од страна на официјална Атина.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=120915

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=120915
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Треба да ги слушнеме нашите политичари!!! Нема никакви реакции по оваа прекрасна вест ! Зарем ова не е момент да нападнеме, зарем ова не се доволно аргументи за „борбата“ која ја водиме !? Колку вакви признанија имаме добиено и колку од нив ги имаме вистински искористено ? :toe: :tapp:
 
?

..........

Гостин
Треба да ги слушнеме нашите политичари!!! Нема никакви реакции по оваа прекрасна вест ! Зарем ова не е момент да нападнеме, зарем ова не се доволно аргументи за „борбата“ која ја водиме !? Колку вакви признанија имаме добиено и колку од нив ги имаме вистински искористено ? :toe: :tapp:
Имаме многу докази на наша страна, ама немаме способни политичари, наместо “политичари“ имаме дрва:toe:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не е само до политичарите и до народот е.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
80
Поени од реакции
23
Треба да ги слушнеме нашите политичари!!! Нема никакви реакции по оваа прекрасна вест ! Зарем ова не е момент да нападнеме, зарем ова не се доволно аргументи за „борбата“ која ја водиме !? Колку вакви признанија имаме добиено и колку од нив ги имаме вистински искористено ? :toe: :tapp:
Владата мудро молчи и го остава светот да види какви се всушност Грците. Доволно е што на сите светски медиуми ќе се спомне за ова и ќе ја етикетираат HellAss како најдискриминирачка држава која не ги признава своите малцинства.
Грција полека, но сигурно си го покажува своето вистинско лице предсветот. Не знам дали после ова ќе има доволно адути за да се јави во било која ЕУ институција во врска со спорот.
Nonetheless, негласањето за резолуцијата им го урива угледот како демократска држава (каква што не била никогаш).
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Полека но сигурно. Сме чекале 100 години па можеме уште 2-3 да причекаме. Ако ние немаме признанија за трпеливост и издржливост не знам кои други народи имаат.
Можеби подобро е што нашите политичари не скокаат одма. Оставаат на светот сам да свати какви се навистина Грците и колку лаги им имаат кажано. Се тоа дупло ке им се врати, да не кажам веке им се враќа. Поздрав.:smir:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.349
Поени од реакции
8.432
Полека но сигурно. Сме чекале 100 години па можеме уште 2-3 да причекаме. Ако ние немаме признанија за трпеливост и издржливост не знам кои други народи имаат.
Можеби подобро е што нашите политичари не скокаат одма. Оставаат на светот сам да свати какви се навистина Грците и колку лаги им имаат кажано. Се тоа дупло ке им се врати, да не кажам веке им се враќа. Поздрав.:smir:
Тука е проблемот во тие две три години ако за тоа време попуштат нашите и го сменат имаето и приватат било какви додавки и придавки и за националноста се ќе биди за џабе кога ние самите ќе се откажеме од зборот Македонско малциство во бг и гр

Што мислиш ти дека светот не ја знае вистината за Македонија ја знаат брат и тоа повење од самите ние тие знаат за нас и нашата историја и што викаш ќе му се вратело на грците пак си во голема заблуда нема шанси да му прават нешто на гејците и татарите ова ќе биди сега за сег апосле пак по старо ќе си тераат и ќе наоѓаат некој закончина и причини за да не го признаат малциството таму и да му дозволат да прават пратии пак ќе купат некој авион само не како до сег аод франција сега од сад и германија и решен проблемот :tapp:
 
Член од
1 април 2009
Мислења
19
Поени од реакции
0
Од татар

Како прво - нема такво нешто како "Извештаj на Стеjт Департментот и Советот на Европа".
Како второ - еве ти ги саjтови, ако наjдеш нешто слично - пиши.

http://www.coe.int

http://www.state.gov

:toe:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Ооо „пичови„ вие двајца ли сте дежурни денес. Ај потрудете се малку повеќе, со постовиве до сега само се брукате :helou:


Како прво - нема такво нешто како "Извештаj на Стеjт Департментот и Советот на Европа".
Како второ - еве ти ги саjтови, ако наjдеш нешто слично - пиши.

http://www.coe.int

http://www.state.gov

:toe:
Не е лошо и сам да отвориш и да прочиташ пред да оставиш линкови тука.Стварно изгледа сериозно кога ќе ги залепиш:pos2:, ама секогаш има веројатност некој да ги прочита и да ти нацрта колку се глупираш. Еве ти ги линкот што ти требаше:
http://www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/2009/eur/136024.htm

А ова е делот што те боли:

Freedom of Association
The law provides for freedom of association, and the government generally respected this right in practice. The law prohibits groups that endanger national unity or promote racial, national, or religious hatred; violate the rights of citizens; or seek to achieve their objectives through violent means. The government generally respected the rights of individuals and groups to establish their own political parties or other political organizations.
Political parties based on religious, ethnic, or racial affiliation are illegal. In practice the prohibition did not appear to weaken the role of some ethnic minorities in the political process; a number of parties in reality represented various ethnic minority groups. NGOs may not engage in political activity.
The law requires a political party to have 5,000 members to register officially.
During the year the government continued to prevent the Macedonian activist group Ilinden from registering as a political party, despite a 2005 ECHR judgment against the cancellation of the group's original registration. During the year Ilinden members continued to complain of hostile treatment by local authorities, including police questioning members about their affiliation with the group.
During the year the Sofia Appellate Court upheld the decision of the Blagoevgrad Regional Court, which refused to register the Nikola Vaptsarov Macedonian cultural and educational society. The court decided there was no separate Macedonian ethnicity in the country, and some of the organizations' goals, as outlined in the statute, inferred the existence of such an ethnicity.

Радев, истото важи и за тебе. Хинт: Состојбата во Бугарија не ја барајте во Извештајот за Македонија:pos2:, се знае кај и е местото.
П.С. Ме заболе што добиле бугарите од Егејска Македонија, во случајов ми е важно што добиле МАКЕДОНЦИТЕ, а за сега тоа е малку.

Поздрав и повеќе труд следниот пат :wink:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Владата мудро молчи и го остава светот да види какви се всушност Грците. Доволно е што на сите светски медиуми ќе се спомне за ова и ќе ја етикетираат HellAss како најдискриминирачка држава која не ги признава своите малцинства.
Грција полека, но сигурно си го покажува своето вистинско лице предсветот. Не знам дали после ова ќе има доволно адути за да се јави во било која ЕУ институција во врска со спорот.
Nonetheless, негласањето за резолуцијата им го урива угледот како демократска држава (каква што не била никогаш).
Точно дека молчењето е злато , ама не и во овој случај. Молчењето во политиката има друг ефект почесто, најмногу во нашиот случај, со молчење и попуштање сме дотерале до овде. Последните 2-3 години започнавме малку поагресивна политика, се заложивме за подобри билатерални односи со повеќе земји, почнавме да зборуваме за Македонија, Македонската култура, историја, јазик и еве ти резултатите. Ваквите признанија треба да се зграбат, треба да се држиме за нив и тоа да ни биде главното оружје во оваа борба - аргументите кои се признаени од меѓународната заедница, ЕУ, НАТО, ОН не е важно, насекаде!
Уште поинтензивно и поагресивно.
 
?

..........

Гостин
ОН порачува грчката влада да постапува во согласност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, и на заедниците треба да дозволи да ги користат зборовите македонски или турски во своите имиња и слободно да ги изразат нивните етнички идентитети

Грчката влада треба да се повлече од спорот за тоа, дали има македонско малцинство или турско малцинство и го насочи во целост својот фокус на заштита на правата на самоидентификација, слободна на говорот и слобода на здружување на овие заедници, се вели во последниот извештај на независниот експерт за малцински прашања на Обединетите нации Геј МекДугал по мисијата во Грција. По посетата од 8 до 13 септември минатата година тие му порачуваат на нашиот јужен сосед грчката влада да постапува во согласност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, и на заедниците треба да им дозволи да ги користат зборовите македонски или турски во своите имиња и слободно да ги изразат нивните етнички идентитети.
- На тие заедници кои се негирани во минатото мора неодложно да им се даде официјална регистрација. Нивните понатамошни права на малцинска заштита мора да биде почитувана како што е елаборирано во Декларацијата за малцинствата и јадрото на Меѓународните конвенции за човекови права - се посочува во извештајот, каде стои дека модерна Грција пропагира дека кралството Античка Македонија е дел од грчката историја и грчкото културно наследство.

Посебен дел од Извештајот се однесува на малцинставта во регионот на Лерин. МекДугал наведува дека грчката Влада не признава постоење на македонско етничко малцинство во тој дел на Грција, ниту постоење на македонски јазик иако кај тамошното население се забележливи лингвистички варијации различни од грчкиот јазик.
- Став на официјалната грчка политика е дека митот за македонската нација е создаден во времето на Тито поради експанзионистички причини кон грчкиот дел на Македонија. Владата не дозволува никаква употреба на македонскиот јазик и на културни активности кои се идентификуваат како македонски - стои во извештајот, каде се забележува и дека во 20-30 години од минатиот век биле менувани негрчките имиња на градовите, селата и планините, како и семејните имиња на луѓето кои зборувале македонски.

Ова не е прв извештај во кој се посочува дека Грција не смее да го презира постоењето на македонскот малцинство во Грција и постоењето на македонскиот јазик. Во извештајот за почитување на малцинските права во Грција, подготвен од комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг стоеше дека лицата кои сакаат да го изразат нивниот македонски, турски или друг идентитет се судираат со непријателско расположение од населението во Грција. Светската организација побара од Грција да ја преиспита нејзината позиција во врска со етничките, религиозните или јазичните малцинства кои се наоѓаат на нејзина територија, во согласност со меѓународните норми.

Атина дури и направи обиди да го смени извештајот на европратеникот Ерик Мејер за Македонија, особено делот во кој се бара Грција да не го користи ветото против Скопје во Европската унија. Се посочуваше дека заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Валинакис, од словенечкиот пратеник и известувач за Македонија во сенка, Јелко Кацин добил порака дека извештајот на Мејер е избалансиран, реален и добар и дека Македонија “мора да се извлече од спирала на популизам и национализам, кои и се закануваат на нејзината меѓународна позиција и го забавуваат нејзиниот европски пат”, практично удирајќи го и со грчки камен по глава, бидејќи ветото делумно доведе до тоа.

Кацин му рекол на Валинакис дека Македонија мора побрзо да почне преговори за членство со ЕУ, како единствен начин да и се испрати на државата позитивен сигнал на поддршка и се овозможи друг пристап за развој на односите со соседите.

Ова е честа практика во македонските медиуми. Земат една реченица надвор од контекст, по што започнуваат со измислици.

Македонското малцинство е признато во Бугарија, има и точна бројка - околу 5000 илјади. Многу Бугари од Егејска Македонија си добија имотите - нема такво нешто како "Грци по гени".
Татар се се врти околу и за Македонија, гледаш и ти самиот се вртиш на македонски фором заедно со твоите сотатари:toe:

Како прво - нема такво нешто како "Извештаj на Стеjт Департментот и Советот на Европа".
Како второ - еве ти ги саjтови, ако наjдеш нешто слично - пиши.

http://www.coe.int

http://www.state.gov

:toe:
Еве уште еден, врие:vozbud:
 
E

emission

Гостин
Кога ние велевме дека Бугарите и Грците ги кршат правата на Македонците тие пишуваа километарски реферати убедувајќи не дека не е така. Сега кога Европејците го кажуваат истото , ги нема ни збор да изустат. Тоа е знак дека кога некој многу посилен ќе им каже нешто тие не смеат да писнат. Ни „п“ не остана од принципи за кои цело време пишуваат и спамираат. А форумџијата што ги затна Радев и станој - браво. :smir:
 
?

..........

Гостин
Непризнавањето на малцинствата е европски проблем

Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

Господине Хамарберг, поводот за нашиот разговор е Вашиот извештај посветен на ситуацијата на малцинствата во Грција. Позицијата на Грција е дека не постојат малцинства на нејзина територија, освен муслиманското. Вашиот извештај, извештајот на американскиот Стејт депармент и оној на независниот експерт на ООН, Мек Дугал, го тврдат спротивното: дека во Грција постојат и други малцинства. Дали ваквата позиција на Грција, како земја членка на Советот на Европа, е одржлива?

Факт е дека од европските земји Грција не е единствената, која не признава постоење на малцинства на своја територија, тука се и Турција, Франција... Позицијата на овие земји е дека ако официјално се признае постоењето на малцинство, тогаш се појавуваат ризици од дискриминација и нивно изложување на предрасуди од остатокот на населението. Значи нивната официјална позиција за негирање на постоењето на малцинство се правда со намерата да се заштити тоа малцинство од дискриминација. Затоа Советот на Европа ја донесе Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, која дозволува да се избегнат кршењата на правата на малцинствата и нивната дискриминација.

Всушност, големата дилема е како да се дефинира едно малцинство, затоа е ставено правото на самоопределување, според кое малцинството самото се определува, за да се избегне ситуацијата на негативно сваќање на поимот на малцинство. Кога властите на една држава одбиваат да признаат некое малцинство, кое самото се определува како такво, тогаш е природно што остатокот од населението го гледа тоа малцинство негативно и на дискриминаторски начин. Фактот што му се одзема правото да се самоопредели и да создава здруженија, партии, може да се смета како сериозно кршење на правото.

Дали со правото на самоизјаснување на попис, на кој луѓето слободно би можеле да кажат како се чувствуваат, може да се реши проблемот со непризнавањето на нивното постоење?

Да, сметам дека комбинацијата на пописот со процесот на самоопределување е нешто позитивно затоа што им дава можност на граѓаните да се изјаснат и да ја искажат нивната припадност кон една група.

Како последица, државата е принудена да признае дека постојат луѓе кои изразуваат желба да и’ припаѓаат на една малцинска група, а со тоа и правото да создаваат здруженија, да издаваат весници и да се собираат како група. Да, пописот може да биде корисен метод за да се идентификува постоењето на малцинство.

Сличен е и проблемот во Бугарија, која исто така не го признава постоењето на македонското малцинство. Може ли да се рече дека непризнавањето на македонското малцинство во Грција и Бугарија е регионален проблем и наследен од минатото?

Да, овој проблем има историска заднина во некои делови на Европа . Но, во модерна Европа, денес мора да се признае дека луѓето можат да имаат различни идентитети, дека тие можат истовремено да и’ припаѓаат на една малцинска група и истовремено да бидат лојални граѓани на државата и во однос на мнозинското насление. Луѓето имаат различни идентитети. Интересна последица од размислувањето за човековите права е дека малцинствата би требало да бидат признати доколку сакаат да бидат признати.

Непризнавањето на македонското малцинство од две земји, во кои има лица кои самите се изјаснуваат како Македонци, дали тоа всушност е регионален проблем?

Да, тоа е регионален проблем, но тоа исто така е и европски проблем, всушност тоа е општ проблем. Овие проблеми доаѓаат пред Судот за човекови права во Стразбур, но проблемот е во тоа што пресудите не се почитуваат во целост ниту во Грција, ниту во Бугарија. Се надевам дека ќе продолжат дискусиите и дијалогот по ова прашање, а нашите извештаи ќе придонесат да се подобри нивната ситуација, како и дискусијата - секогаш во рамките на почитувањето на човековите и малцинските права.

Господине Комесар, Вие веќе зборувавте за нецелосното почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, кога станува збор за пресуди што се однесуваат на македонското малцинство. Грција и Бугарија ја исплаќаат оштетата, но за индивидуалните мерки како нивната регистрација ништо не е направено. Дали Советот на Европа и меѓународната заедница располагаат со средства за да ги принудат овие земји да ги исполнат нивните обврски?

Во системот на Конвенцијата за човекови права се подразбира дека државите членки треба да ги почитуваат и спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права што е можно побрзо и на најдобар начин. Тоа е општата одредба на конвенцијата. Но, постои и специјална процедура која се спроведува за да се осигура дека ќе се случи такво нешто.

Таа процедура подразбира дека Комитетот на министрите, постојано следи дали државите ги исполнуваат пресудите. Во рамките на Комитетот работи еден посебен секретаријат, кој ги подготвува дискусиите. Министрите во Комитетот одлучуваат за тоа дали пресудите се спроведуваат или не и тие се занимаваат и со двата случаи за кои зборуваме.

ОМО Илинден-Пирин, девет години по создавањето како политичка партија се’ уште не може да учествува во политичкиот живот на Бугарија - и покрај неколкуте пресуди во негова корист, донесени од Европскиот суд за правата на човекот. Што мислите, дали може да се зголеми притисокот врз Бугарија за да ја регистрира оваа политичка партија, што се залага за почитување на правата на македонското малцинство во Бугарија?

Овој предмет беше пред Судот во Стразбур, во моментов се’ уште се водат дискусии во Комитетот на министрите. Не знам точно до каде се дискуиите, но се надевам дека Бугарија целосно ќе ја спроведе оваа пресуда.

Бугарија ја ратификува Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, но таа не се однесува на македонското малцинство. Можно ли е да се прошири нејзината важност, така што ќе го опфати и македонското малцинство во оваа земја? И воопшто, дали може лесно да се измени Конвенцијата, со што на владите нема да им се дозволи самите да одлучуваат кои малцински групи ќе бидат признати како национално малцинство?

Не, се разбира дека не е лесно да се измени Конвенцијата. Како што беше усвоена, таа им дозволува на владите да одлучат кои малцинства ги признаваат или не ги признаваат.

Сметам дека треба да се концентрираме на фактите и да се надеваме дека ќе најдеме добро решение за овој проблем, за кој зборувате. Се надевам дека јас или моето биро ќе имаме можност да водиме разговори со бугарските власти за да видиме што може да се направи конкретно за овој случај во духот на човековите права.

Господине Хамарберг, можеме ли да бидеме задоволни од начинот на кој се почитуваат правата на националните малцинства во Европа?

Мислам дека остануваат уште многу големи проблеми, иако е многу и направено. Нашето биро работи многу на ситуацијата и правата на ромското население, за нивните малцински права да се почитуваат ефективно во секојдневието, во реалноста. Ние сме загрижени и за односот кон мигрантите, барателите на азил и бегалците, кои доаѓаат во Европа од различни страни на светот. Европа за жал не е совршена и останува уште многу да се направи. Иако има напредок, но претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со тоа дека човековите права целосно се почитуваат во Европа.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Татар се се врти околу и за Македонија, гледаш и ти самиот се вртиш на македонски фором заедно со твоите сотатари:toe:



Еве уште еден, врие:vozbud:
Јас сум македонец по потекло и Бугарин по националност. Не знам од каде ги донесе овие Татари. Јас лично до сега Татари не познавам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom