Неверификуваниот акаунт може да се користи нормално до моментот додека не го побараат тоа од тебе, односно го суспендираат акаунтот додека не го верификуваш. А тоа можат да се случи во било кој момент, ако им стане нешто сомнително, или без некоја посебна причина го одберат твојот акаунт дека мора да се верификува. Дури знам и примери кога акаунтот на некои луѓе им беше блокиран уште со самото креирање. Така да, ако планираш сериозно да го користиш, да си го верификуваш со време, затоа што порано или покасно ќе ти дојде редот. А и не е воопшто сложена постапката, се што ти треба е еден скен од лична карта и уште еден од домашна сметка која може да биде и на име на било кој од домашните, битно да го има твоето презиме и адреса.