Горан Пандев Бугар според австралиската FOXTEL

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.214
Поени од реакции
46.493
Оу мај гад :tapp:
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Аман бе зар и со ова сеа ке се замараме?секој може да го нарече Пандев Бугар,Србин,Русин,битно ние си знаеме што е така да нема потреба од толкава еуфорија у градов..Пандев е Пандев :helou:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Па ова не е лага


Каква музика слушаш?
Само черно. Хардкор, рап. Доктор Дре, Снуп Дог, Фифти Сент, Еминем, Тупак нај-вече. В колата ми г'рми здраво черна музика. Харесвам и б'лгарски изп'лнители. Например "'псурт". Много е готина музиката на тија пичове. Разбира се има моменти, в които ми се приисква македонска музика. И като си пусна, се разтапјам. Класиката в жанра: "Назад, назад, моме Калино", "Ако умра ил' загина", "јовано, јованке". Имам ги и в Лондон. Ето сега брат ми Асен ште има сватба (тја беше на 9 јуни в Благоевград, б.а.), ште г'мжи от такива песни.

Бербатов в детајли
не си мислете, че... може да го накарате да направи нешто против волјата си, голјам македонски инат е

Го има ова интервју негде на видео клип?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
ne razbiram bugarski zatoa nekoj prevod za sto se raboti za intervjuvo
Абе кажува дека сака да слуша Македонска музика, ама со тоа ништо не кажува... во Бугарија сите слушаат Македонска народна музика... иако имам слушнато дека Бербатов е Македонец и што е уште поинтересно на 16 години бил на проба во Вардар и бил одбиен како недоволно талентиран :pos:

Што се однесува до Пандев... сите знаеме дека си е Македонец од Македонија, и нас не пишат некаде по светов како фиромци... но дали со тоа можат да не изменат нас и нашата богата историја... Си знаеме дека сме Македонци и никој не ни може ништо!!!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Pandev pretstaven kako Bugar na Fokstel Avstralija.

Горан Пандев Бугар?!
вторник, 09 март 2010
Македонската заедница во Австралија се жали за намерно неточно прикажување на националноста на нашиот најдобар фудбалер

Пред неколку денови на најгледаната австралиска телевизија Фокстел, при претставувањето на тимот на Интер, покрај името на нашиот најдобар фудбалер било испишано дека е тој од Бугарија. Ицо Најдовски од ЗЗЗ радиото од Мелбурн ни ја испрати оваа информација за која додава: “Етничките Македонци во Австралија се навредени. До денес Македонските организации во Австралија официјално ниту реагираа ниту побараа извинување од уредникот за спорт. Грешката не е случајна ниту пак се работи за некаков пропуст. Овој очигледен преседан е направен намерно од уредникот за спорт со што Австралија континуирано продолжува да ги крши своите мултикултурни принципи. Со ова уште еднаш е навредена Македонската заедница“.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=43795
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
За воља на вистината Пандев на бугарско име личи, треба Пандески да биде, како Дамjан/Никола Груески. Или за црвен пасош се работи? Зарем и Гоче...:nesum:
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
Рекција на Македонската амбасада во Канбера за претставувањето на Пандев како Бугарин

Амбасадата на Република Македонија во Канбера, Австралија веднаш реагираше на грешката направена од страна на Австралискиот национален ТВ медиум за спорт Фокс Спорт 2, со погрешното информирање на австралиската јавноста за националноста на фудбалерот на клубот Интер Горан Пандев во чија графа за националност стоеше Бугарин, наместо Македонец



Македонската амбасада во Австралија сака да добие формално извинување од Фокс Спорт поврзано со неодамнешното претставување на македонскиот фудбалер Горан Пандев како бугарски напаѓач во екипата на Интер од Милано на нивниот канал во Сиднеј, се вели во реакцијата на Македонската амбасада.
Од Амбасадата потсетуваат дека Горан Пандев е центарфор кој е роден во Струмица, Република Македонија и оти има македонско државјанство, а покрај тоа, како што нагласуваат во реакцијата, се смета и за клучен играч во македонската национална фудбалска репрезентација.
- Македонската дијаспора во Австралија и македонските граѓани во светот со право се шокирани по оваа грешка. Ве молиме во иднина да ја имате во предвид оваа информација и Горан Пандев да го презентирате како Македонец, се вели во реакцијата од Македонсата амбасада во Канбера и се нагласува дека во име на Пандев, македонската дијаспора во Австралија и македонските граѓани ширум светот бараат формално извинување од Фокс Спорт ТВ во Сиднеј.
Според уредникот на радиото “Трипл зет“ на македонски јазик, Ицо Најдовски грешката не е случајна или некаков пропуст. - Овој очигледен преседан е направен намерно од уредникот на ТВ Фокс Спорт 2, со што Австралија континуирано продолжува да ги крши своите мултикултурни принципи, вели Најдовски во дописот до македонските медиуми, додавајќи дека со овој чин уште еднаш е навредена македонската заедница.


МИА

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=310101243528&id=84&prilog=0&setIzdanie=21930

За воља на вистината Пандев на бугарско име личи, треба Пандески да биде, како Дамjан/Никола Груески. Или за црвен пасош се работи? Зарем и Гоче...:nesum:
море ако те начујат битолчани ,подруга волјата на вистината би била
:smir:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
За воља на вистината Пандев на бугарско име личи, треба Пандески да биде, како Дамjан/Никола Груески. Или за црвен пасош се работи? Зарем и Гоче...:nesum:
И Медведев да не е бугарско име а хомиќ.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
И Медведев да не е бугарско име а хомиќ.
Далеку е роден Медведев, негде таму горе, тука за балкански простори станува збор. Знаеш како е со имињата, мислам види ги основачите на ВМРО.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Далеку е роден Медведев, негде таму горе, тука за балкански простори станува збор. Знаеш како е со имињата, мислам види ги основачите на ВМРО.
Види мајката... Чудно како знаеле дека Станковиќ е Србин, Балотели - Италијанец, Марига - Кенијец, или Ето - Нигеријец, кога повеќе звучи како К-15ец (ето видите). А ако се работи за пасош бугарски, тогаш - да, слободно нека го пишат Бугар :)
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
Бум-Бум
Како е со имињата ?
Каква врска имаат имињата на оснивачите на ВМРО ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom