Теорија на еволуција

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Во потфорумот религија веќе постојат 2 - 3 теми поврзани со теоријата на еволуција. Тие теми се пред се наменети да се нападне теоријата со изнесување на непромислени и лаички “аргументи“. Оваа тема ќе биде директно насочена кон значењето на теоријата на еволуцијата од научен аспект, нејзиното значење како идеја за потеклото на животот на Земјата, а ќе даде и одговор на некои прашања од форумџиите. Прашањата нека бидат директно поврзани со теоријата на еволуција, без оф топици за креационизмот!

Како за почеток:
Што е еволуцијата?
Под поимот еволуција се подразбира процес на бавни и долготрајни промени во особините на живите организми кои водат до нивна менливост и специјација, т.е. појава на нови видови. Таа е дијалектички процес кој не се заснова на случајности, туку е директно поврзана и координирана од законите на природата.

Теоријата за еволувија официјално се јавува по објавувањето на делото “Потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин. Дарвиновата идеја за еволуција била засновата само врз принципот на природан селекција (природата одбира кои организми ќе преживеат, а кои не).
Денес, по големите достигнувата во молекуларната биологија и генетиката, еволуцијата, покрај селекцијата, се заснова и врз мутацијата, генетскиот дрифт и генетската миграција.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Интересна тема :)
Баш ме интересира што мислат останатите?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Нооо ... сеуште е само Теорија нели ... како и шо гласи темава ...
јас незнам која страна да ја завземам .. но еве ти како застапник на Теоријата на еволуцијата ...
кажи ми кога започнува цел тој процес и од што започнува?
 
“Теорија“ била кога Дарвин своите заклучоци ги носел врз основа на опсервација на случувањата во природата. Денес, со достигнувањата во молекуларната биологија и генетиката, еволуцијата добива и научна основа. за тоа сведочат нејзините механизми: генетскиот дрифт, мутациите и генетската миграција.

Еволуцијата е процес кој постојано тече. Почетоците на еволуцијата се поврзани со појавата на првата органска материја од коацерватните капки пред повеќе од 2 милијарди години. Од тој момент па до денес следувала дивергентната еволуција, т.е. еволуцијата која ја оддалечува една материја од друга и ја прави поразлична и посебна сама за себе. На тој начин живите организми претрпуваат специјација, т.е. доаѓа до појава на нови видови.

Причините за појава на еволуцијата кај видовите се пред се механизмите на природата, природната селекција, како и генските мутации, генетскиот дрифт (изолација на популациите) и генетската миграција (која воедно е и фактор кој ја спречува еволуцјата со што ги прави видовите похомогени еден на друг). Значи видовите не еволуираат самите од себе, туку на тоа се принудени од механизмите на еволуцијата.
 
S

smart ass

Гостин
Имајте предвид дека дарвин употребувал НАУЧНИ методи.(и во низа студии и книги објавени до ден денес)

А во Религиозните "свети" книги има други "научни" методи.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Имајте предвид дека дарвин употребувал НАУЧНИ методи.(и во низа студии и книги објавени до ден денес)

А во Религиозните "свети" книги има други "научни" методи.
darvin koristel naucni metodi
a naukata vo negovo vreme bila mnogu daleku od segasnava
i imame sega mnogu poveke pronajdoci pronajdeno opsto od se i tehnologija mnogu ponapredna
taka da sprema mene ima mnogu mutacii vo genite
samo i toa mozeme da go nareceme evolucija
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
darvin koristel naucni metodi
a naukata vo negovo vreme bila mnogu daleku od segasnava
i imame sega mnogu poveke pronajdoci pronajdeno opsto od se i tehnologija mnogu ponapredna
taka da sprema mene ima mnogu mutacii vo genite
samo i toa mozeme da go nareceme evolucija
Па мутациите се основата на еволуцијата. Доколку Дарвин бил запознаен со мутабилноста и со законите за наследност во негово време, ќе имал потешкотии во оформувањето на теоријата на еволуција (поточно, теоријата во старт ќе паднела во вода). Според Дарвин таа се зснова единствено врз принципот на природна селекција, но подоцна за главен фактор е поставена мутацијата која е во интеракиција со средината :smir:
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Па мутациите се основата на еволуцијата. Доколку Дарвин бил запознаен со мутабилноста и со законите за наследност во негово време, ќе имал потешкотии во оформувањето на теоријата на еволуција (поточно, теоријата во старт ќе паднела во вода). Според Дарвин таа се зснова единствено врз принципот на природна селекција, но подоцна за главен фактор е поставена мутацијата која е во интеракиција со средината :smir:
znaci nisto od darvin

evolucija e samo podobruvanje i izmenuvanje
a mutacija e istoto
sprema nego majmunot ne evoluiral tuku mutiral vo cove
isto sranje vo razlicno pakovanje kako i da ja vrtis
evolucija mutacija
samo sto mutacijata e nesto pobrz ciklus
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
znaci nisto od darvin

evolucija e samo podobruvanje i izmenuvanje
a mutacija e istoto
sprema nego majmunot ne evoluiral tuku mutiral vo cove
isto sranje vo razlicno pakovanje kako i da ja vrtis
evolucija mutacija
samo sto mutacijata e nesto pobrz ciklus
Дарвин направил колку што можел за неговото време. Неговата работа се темели врз опсервирање, а не експериментирање. Па затоа Дарвиновата еволуција има само теоретска основа.

Со самото раѓање детето во себе носи до 30 различни мутации (ако не се лажам) кои не се сретнуваат кај родителот. Значи тие мутации го прават да биде поразличен од родителите во некои карактеристики, но сепак детето не еволуирало во некоја повисока форма. Тука се вклучува механизмот на природна селекција која ги одбира поволните мутации и ги пренесува на идните генерации, а неповолните ги елиминира. На тој начин, со натрупување на позивитните мутации доаѓа до специјација, појава на нови видови.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
znaci nisto od darvin

evolucija e samo podobruvanje i izmenuvanje
a mutacija e istoto
sprema nego majmunot ne evoluiral tuku mutiral vo cove
isto sranje vo razlicno pakovanje kako i da ja vrtis
evolucija mutacija
samo sto mutacijata e nesto pobrz ciklus
...
...
...

Вака.
Дарвин рекол дека важи законот на природната селекција. Дека некој појак вид истиснува друг, дека после тој ќе биде истиснат од трет подобар итн.

Ама не кажал како воопшто би се родил тој новиот вид. Ете сега знаеме, со некоја поволна мутација. Се случуват многу мутации, една ќе се најде поволна и ќе се роди вид сличен ама подобар од претходниот, тој ќе преживее другиот постариот ќе се изолира или ќе изумре.
Законите на природната селекција сеуште си важат.

------------------------------------
Нооо ... сеуште е само Теорија нели ... како и шо гласи темава ...
јас незнам која страна да ја завземам .. но еве ти како застапник на Теоријата на еволуцијата ...
кажи ми кога започнува цел тој процес и од што започнува?
Теоријава на еволуцијата е жива вистина. Моќта на црквата ја прави да биде „теорија“. До пред неколку години Ватикан беше ептен против теоријава. Знам нешто олабавија во ставовите ама не е тоа тоа.
 
S

smart ass

Гостин
Интересен е случајот каде т.н генетски адаптирани животни нарекувани поадаптирани или поточно наводно имале попозитивни работи(при дадени услови) кои ги прават владетели на земјата... еве диносаурсите се пример кај кои големината нивна....од најмало до бронтосаурсче,а и храната која ја имале во тој еко систем успевале да живеат и да завладеат....но одеднаш тие т.н позитивни работи станале маани-т.е диносаурсите не успеале да се адаптираат на новите услови(биле огромни,барале мнооогу вода,храна а оскудација било...:toe:) и ете...ојдоа во историјата.
 
Па да, во тој период (пред 75 милиони години) доаѓа до позначајни климатски промени, а знаеме дека диносаурусите како рептили не биле во можност да направат баланс помеѓу внатрешната и надворешната температура. Но еве, од периодот на диносаурусите сеуште се преживеани крокодилите и ајкулите, тие успеале да се адаптираат на сите нови промени.
 
S

smart ass

Гостин
Интересно Ајкулите кои предаторски способности ги имаат развиено речиси до максимум...дури и електричен(напред кој ги открива тро закопаните жртви-сензитивен орган е..) орган имаат,абе како У-подморница се Пуздер!!!.

Туку штета е што не може да е проучи подлабоко...штета.:toe:..замисли кои форми на живот се развиле и адаптирале да живеат во темнина и...:toe:.јак притисок...
 
Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Еве човекот постојано еволуира, а еволуцијата на човекот "почнува" отприлика пред 65 милиони години, па се до "денес" тој се менува.

Некои луѓе викаат дека човекот не еволуира, а зар не е еволуција тоа што со напредокот на технологијата ние стануваме зависни од неа и нашите дневни животи постојано зависат од неа...
Што е еволуцијата?
Под поимот еволуција се подразбира процес на бавни и долготрајни промени во особините на живите организми
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Еве човекот постојано еволуира, а еволуцијата на човекот "почнува" отприлика пред 65 милиони години, па се до "денес" тој се менува.

Некои луѓе викаат дека човекот не еволуира, а зар не е еволуција тоа што со напредокот на технологијата ние стануваме зависни од неа и нашите дневни животи постојано зависат од неа...
Грешка... антопогенезата започнува со австралопитекус афаренсис пред 2.3 милиони години :smir:

Технологијата не е и не може да биде фактор на еволуција! Зошто човекот ја создава технологијата? - за ТАА да му го олесни животот. При тоа, технологијата претрпува промени, таа се усовршува, а човекот останува ист, не се менува. Не се менува, оти технологијата му е заштита од природната селекција. Да речеме, тука станува збор за еволуција на технологијата, но не и на човекот :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom