Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.972
- Поени од реакции
- 5.824
КОРИСТЕЊЕТО НА НЕДОЗВОЛЕНОТО ОРУЖЈЕ ПРИЧИНА ЗА РАЃАЊЕТО ДЕЦА СО СРЦЕВИ МАНИ ВО ИРАК
Америка фрла „валкани“ бомби
Во ирачкиот град Фалуџа е зголемен бројот на децата што се раѓаат со вродени, главно, срцеви мани, за што локалното население ги обвинува американските војници и оружјето што го имаат употребено во борбите во 2004 година, открива „Би-Би-Си“. Како единствен доказ за тоа се посочува изјавата на една локална лекарка која и самата признава дека нема никаква стручна потврда. Таа за „Би-Би-Си“ единствено изјавила дека дневно со вродени мани се раѓаат по две-три деца, што значи дека за една година во Фалиџа се раѓаат околу илјада вакви деца. - Јас сум лекарка и морам да зборувам од гледна точка на науката. Немам докази за тоа што е причината за зголемениот број деца родени со нарушувања, но можам да ви кажам дека нивниот број секоја година се зголемува - вели педијатарката. Локалното население, пак, тврди дека во борбите во градот пред шест години Американците употребувале „недозволено оружје“ и дека тоа е причината за раѓањето деца со срцеви мани. Единствен одговор на здравствените функционери во градот засега е советувањето на жените да одбегнуваат да забременат, во обид да се намали бројот на ваквите деца. Медиумите уште во текот на борбите во двете востанија, кои локалното население ги крена против американската војска во 2004 година, известуваа дека војниците користеле муниција која содржи бел фосфор и осиромашен ураниум. Според меѓународните закони, и двете супстанции се забранети за користење при изработка на муниција. Ирачанката влада ги демантира ваквите обвинувања на лекарката инсистирајќи дека официјалните податоци покажуваат дека бројот на деца родени со мани во овој град е само незначително зголемен, но ни приближно не е таков како што се тврди во Фалуџа. Ваквите изјави на властите во Багдад предизвикаа бес кај граѓаните на Фалуџа, кои сметаат дека ирачката влада им се додворува на Американците, на сметка на осакатените деца од нивниот град. И претставник на здравствената служба на американската војска во Ирак за „Би-Би-Си“ изјавил дека тие немаат никакви сознанија за раѓањето деца со мани во овој град, додека британски здравствени експерти објаснуваат дека како последица на употребено оружје може да дојде до раѓање деца со мани, но се изненадени дека тоа се случува по толку време. Локалните жители долгиот период до појавата на аномалиите го објаснува со фактот дека по борбите остатоците од урнатите згради биле фрлани во реката која минува низ градот и од која населението црпи вода за пиење. Сите мајки што родиле деца со мани и со кои разговарале репортерите на „Би-Би-Си“ пиеле вода од таа река. Правникот од Центарот за инвалиди во Фалуџа на репортерите им покажал фотографии на децата родени со мани, а на една од нив имало и дете родено со три глави.
Извор

:pos2: