Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
СИте само ме вреѓате и напаѓате а никој не ми објасни зашто мисли дека сум го оценила погрешно, искомплексирани тролови

Конкретно, се сложвам со Trelkovsky, овај е мислам еден од ретките драми кои имаат одлична мотивирачка приказна + прекрАсна глума. И од сите побитни поенти, ти од негде изваде дека Вил бил искомплексиран. :icon_lol: и 2ка му даде :/

Читај.
 
Може некој да ми даде превод за Fast Five, барав секаде по нет, но сите преводи некако каснат.
Користам БСПЛејер.
Името од торентот од филмот: Fast.Five.2011.TS.XviD-NOVA
 
Може некој да ми даде превод за Fast Five, барав секаде по нет, но сите преводи некако каснат.
Користам БСПЛејер.
Името од торентот од филмот: Fast.Five.2011.TS.XviD-NOVA
:tapp:

имаш опција да го подесуваш преводот во бс плејер

и погрешна тема
 
:tapp:

имаш опција да го подесуваш преводот во бс плејер

и погрешна тема
Епа дур трошеше време да му кажиш дека е во погрешна тема, можеше барем да му помогниш, а? :)

Може некој да ми даде превод за Fast Five, барав секаде по нет, но сите преводи некако каснат.
Користам БСПЛејер.
Името од торентот од филмот: Fast.Five.2011.TS.XviD-NOVA
Чим користиш Бс плејер, ако преводот касни тогаш ctrl и десната стрелка, зависи колку секунди касни, толку пати направи го тоа и ќе си дојде преводот во нормала.
 
А случајно некој да не го има гледано филмов и кај може да се побара тешко ама ај....


 
http://www.imdb.com/title/tt0042546/ Да не знае некој дали е ова првата верзија на Дони Дарко? Да знам, за ако е да го симнам прво овој .
Не сум го гледал Donnie Darko, ама мислам дека овие два филма немаат воопшто врска еден со друг (освен што веројатно идејата за зајакот е преземена од Harvey). Во Harvey се' e фино, фини се луѓето, фин е зајакот.. Нема насилство, психопати итн.. Ако ме прашуваш мене, пушти си го Darko, а некогаш ако имаш вишок време можеш да го ѕирнеш и Harvey, но и не мораш. :wink:
 
Коа ќе го бараш барај Director's cut од Дони Дарко.
 
Ова е филмот кој не можам да го тргнам од мисли повеќе од 24 часа по неговото гледање. Извонредно остварување на корејскиот режисер Ки-дук Ким. Во суштина приказната е едноставна, но сите елементи кои ја спојуваат нудат многу причини за размислување. Станува збор за еден младич кој нема свој сопствен дом, се вози на мотор и ги посетува куќите на луѓето кои ги напуштиле за одреден период, им поправа по дома тоа што им е расипано, им ги пере алиштата и средува. Така се добива впечаток како отсекогаш да живеел таму. Тоа е неговата секојдневна рутина, провалувањето во туѓи домови, меѓутоа однесувањето што го гледаме кај него не е така вообичаено за провалници кои сме навикнале да ги гледаме.

Младичот наидува на несекојдневни ситуации и запознава една девојка која е прикажана како принцип за негова venus urania т.е. вечна љубов или сродна душа. Главните ликови во филмов воопшто и не зборуваат, а другите се едноставно збунети пред нивните постапки. Можеби идејата на режисерот била да не натера да размислуваме дека можеме да живееме и на друг начин, а не онака како што сме навикнале, да предизвика двоумење за тоа што е реалноста, а што сонот, да не збуни преку молчаливоста на овие два лика и да не зачуди.

Има многу моменти кои ме наведоа на размислување дали е вака или инаку, па топло го препорачувам на сите филмаџии кои го немаат гледано, се надевам дека би се развила некоја дебата околу филмов затоа што навистина вреди. И мислам дека го избрав вистинскиот период за да го гледам, можеби ако го гледав пред некоја година би рекла дека е глупост и не би разбрала ништо, но бара голема концентрација и длабока анализа.
Вистинска штета е што вакви филмови се многу малку гледани , барем кај нас :( , филмови што ги преминуваат вообичаените граници , искуства, знаења , што би се рекло со еден збор трансцедентни :) . Од истиот режисер ако веќе не си го изгледала погледни го овој Spring, Summer, Fall, Winter... and Spring . Ти ги препорачувам и филмовите на Кар Ваи Вонг особено овие два : In the Mood for Love , 2046 . Уживај !
 
Ова не е баш сцена него 5 минути и 56 секунди pure enjoyment, посебно oд 3:25 натака...

Култна е, ако не друго барем во моите очи т.е. кога ќе размислам подобро влага во 2-те категории, идеално склопена сцена од секој поглед :cuc:
 
Можат колку сакаат да го исвиркуваат филмов во Кан, но од самите визуелни ефекти се гледа дека е добар филм. Јас обавезно го гледам. Одамна немам видено трејлер со толку добра визуелизација.

 
Можат колку сакаат да го исвиркуваат филмов во Кан, но од самите визуелни ефекти се гледа дека е добар филм
Што била причината за исвиркувањето ? И јас со душа чекам да го гледам , Малик има само четири филма но кој од кој подобри , сега овој е на ред па плус и Шон Пен , милина !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom