Од каде да почнам...
Ајде од моите очекувања од филмов. Мислев дека сериозно ќе ме здрма, затоа што кога комбинирате филм со снимки од документарец може да излезе поприлично језив филм кој ќе ве натера да скокате од стол. Филмов почна одлично. Имено една жена по име Аби е психијатар и живее во помало место на Аљаска. Сопругот и е наводно убиен но не може да се најде убиецот, и Аби ја обвинува полицијата дека не може да му го најде убиецот. Додека Аби е во шок од неговата смрт, неколку нејзини пациенти почнуваат на сесиите да раскажуваат многу слична приказна за тоа како не можат во одреден временски период од ноќта да заспијат но дека не се сеќаваат на тоа што толку ги вознемирува. Полека филмот стигнува до делот, каде преку снимките публиката треба да поверува за човечките средби со вонземска интелегенција и како тоа се демонстрира. Мадре миа, е тука почнуваат смешките.
Значи во филмов Мила Јовович ја глуми наводната докторка од Аљаска која реално постои, а која за време на филмот всушност го раскажува текот. Е сега немаше да ми биде чудно доколку наводната вистинска докторка Аби, не ми делуваше познато. И воала откако го изгледав филмот, видов дека наводната докторка која ја раскажува приказната во филмот е исто така актерка. Ама тоа не ви го кажува режисерот на филмот кога на почеток ве информира дека Мила ја глуми докторката. Ефтин трик нема што.А како наводно филмов треба да ве исплаши, и да ве натера да се посомневате во теориите на вонземјани и контакти со луѓе.
Снимките на кои како демек постојат докази, ќе видите и сами дека се некредибилни, всушност на нив нема ништо посебно. Ако започнете со малку страв во коски кога почнува филмов, можно е да го изгледате и да зклучите дека е ова холивудски трик за привлекување на внимание во стилот "абе луѓе филмов е снимен според вистините настани", само што кога ќе ги видите настаните може да ви дојдат и смешни.
Милион докази дека филмов е измама, прво снимките со луѓето, второ, од четворица пациенти со исти симптоми само двајца во филмов остануваат, другите двајца сосем се губат во приказната. Потоа како што реков, Аби нигде ја нема во филмов, односно ја глумат две актерки, а никој што е спомнат во фимов не сакал да земе учество во него. Вицови ли се вицови. Патем замисли докторката излезе дека ја исхалуцинирала смртта на маж и, човекот не бил убиен туку се самоубил. Мојата реакција беше WTF??? Овие мора да ме зезаат. А да и една од најсмешните работи, сумерскиот јазик, особен впечаток ми остави она, "јас.....Бог....уништам...", шта да ти причам, филмов од вонземјани се префрли на религиозен план. И ова го ставам во спојлер, за ако сака некој да го гледа, да не почне да се смее на почеток. Да се стресе бар малку. Сепак од филмов тоа и се очекува..
За глумата, па и немам замерки, зашто и онака мојата концентрација од самата приказна не ми беше сосем упатена кон актерската екипа. Најважно од се, Мила си е сосем коректна со изведбата.
Немаше да имам толку замерки, да немал режисеров толку силна намера да ме натера да поверувам во ова. Сними си го филмот по сценарио и ај чао пријатно. Немаше да биде дискредитиран.
Ако нешто ви нема логика после гледањето, немајте гајле. Ова ви е една голема каша попара, со намера да ве исплаши.
Ха поентата не е да да те увери дека тоа стварно се десило туку да те натера да мислиш така одкога ќе го изгледаш, што очигледно и успеало. Ако ти се гледа нешто слично глеј го The Last Exorcism
Знаеш што ми текна? 5ка не треба да ти биди средина туку 5,5. Важна разлика. ИМДБ скалата, според која сите се водиме, има оценки од 1 до 10. Средина од 1 до 10 е 5,5. (1+2+...+10)/10=55/10=5,5. Средина од 0 до 10 е 5. Ама нема 0 овде.
Не знам како би го рецензирал филмов поинаку освен да кажам трогателно, првата половина од филмот и ја очекував додека втората удри на емотивниот дел што воопшто не очекував. Како и да е супер филмче, и Рајан Рејнолдс беше ѕвер дефинитивно. 10 од 10
А да, на кој му се свиѓаше Burried сигурен сум дека нема да остане рамнодушен и на Phone Booth како и на Five Fingers
Сигбурно би те бендисал и 127 Hours. Јас го гледав вчера и би рекол дека е најдобрата епизода од I Shouldn't Be Alive
Ептен трогателен филм. Дени Бојл си ја знајт работата дефинитивно.
Џемс Франко одглуми за оскар, и знам дека ќе се изнервирам ако Џеси Ајзенберг го земит место него.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.