Ајде еве ме и мене со The Town
На средина сум од Јонзе и Иосоно. Донекаде повеќе се сложувам со Јонзе, ама и он ја претерал.
Не е толку срање од филм за да му лепнеш 2/10. Не е ни нешто посебно за цел филм да ти помине одма, дали поради глумата на Афлек или приказната не беше толку добро средена незнам, ама според рецензииве, според сето тоа што го прочитав по нет за него и по оценката која што ја држи на имдб очекував нешто многу повеќе.
Во филмов стварно ми се допадна онаа лојалност која беше прикажана и многу добра сработена. Лојалноста на татко му на Даг, а исто така и лојалноста на тој дебелиот (му го заборавив името) за да ги спаси своите другари.
Се на се кога ќе соберам и одземам од мене има просек.
5/10