Диети и слабеење

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас од вчера сум на диета:) Најдов нешто што се вика Rice Diet и ми изгледаше интересно па решив да го пробам.
Со тоа што диетава е предвидена за губење на еден куп кила, а јас сум за некои 5 заинтересирана (да си се вратам на ланските 48 доста ми е, за подоле - здравје).
Него, сакав да прашам некој што се разбира со ова диетиве, во сите мерки за оброците зборуваат за cup. Која величина на кап е ова?:)) Зашто за мене е тоа секое вдлабнато чудо, со големина од мало, за корнфлекс, па од оние за на среде маса, за салата. Тенќу
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419

За кап обично се мисли за еден филџан од 250 ml (отприлика)
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Никогаш не сум бил на диета и нема да бидам:baeh:
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Во 8мо побудалев по диети.. не дека бев нешо кузнај колку дебела,само сакав да бидам ко летото шо бев..:jaj: Глупости со тие диетите мојш само проблеми да си напрајш, ко мене, па да се влечкаш цел месец по доктори и инфузии да примаш.
Ми текнува на една диета шо ја држев.. на сабалје требаше да изејш цело кисело млеко.. за нигде бе:uvo:.
Нема потреби од диети.. само она што го јадиш, нека ти стани навика половично да го јадиш или пак намали со леб или јади црн.
Салати појќе и овојше, повеќе активност(не мора секаде со такси да одиш:)) и помалку газирани сокови.
Ми кажа исто еден нутриционист дека на сабалје најубо било пола сат пред секое јадење да се напијаш исцеден сок од цитрон или портокал измешано со лимон.
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
хехе, ја сеа ке се префрлам малце на овошје, салати и варена храна па да видам како ке иде :)
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
1
nemora da drzite dieta za da ste fit i da oslabite...namaelte od toa sto jadete na pola,i vezbajte nekade 30 min,i super kondicija ke imate...najtesko da se oslobodite se "lovehandles" ili onie pernicine sto visat od pantalonite i butovite...ne e najubo da se jade se isto povekje denovi zasto teloto posle nekoe vreme nema da ja prima taa hrana poradi gadenje ili pak teloto ke se navikne na taa hrana i posle ko ke stavate dr hrana vo organizmot,nema da vi ja prima... :helou:
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
И јас сум против диети бидејќи со диети организмот претежно губи најмногу вода, која кога-тогаш ќе ја повратите за многу скоро време.
И најголема грешка кај некои е тоа што јадат три пати на ден обилни јадења (бидејќи тогаш сите јадат од фамилијата и тогаш било време,а ако не ни се јаде:tapp:) а со самото тоа го оптеретувате желудникот.
Ќе дадам еден прост пример:Во машина за мешање бетон ставете 10 лопати песок и малтер и ќе забележите со која мака ќе се врти, слично е и кај желудникот бидејќи преполн желудник нема толку сила за да го свари целото наеднаш, за разлика од повеќе помали оброци во текот на денот кои ќе ги свари многу полесно.
И вежбајте, трчајте, пешачете за да ги изгубите калориите веќе ако ги имате.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
nemora da drzite dieta za da ste fit i da oslabite...namaelte od toa sto jadete na pola,i vezbajte nekade 30 min,i super kondicija ke imate...najtesko da se oslobodite se "lovehandles" ili onie pernicine sto visat od pantalonite i butovite...ne e najubo da se jade se isto povekje denovi zasto teloto posle nekoe vreme nema da ja prima taa hrana poradi gadenje ili pak teloto ke se navikne na taa hrana i posle ko ke stavate dr hrana vo organizmot,nema da vi ja prima... :helou:
Аман бе....сакаш да испоумрат луѓево?

Енивеј, повеќе овошје и зеленчук, помалку рафиниран шеќер, 4-5 оброка на ден, наместо три, и најбитно од се, бројте калории. Башка нема да ослабнете со гладување, туку со почесто јадење, ужинка меѓу оброци (банана, јаболко, млеко). Вежбање е споредна работа при ослабнување, исхраната е набитна.

Инаку научници тврдат дека доколку пред секое јадење се јаде по едно јаболко, храната подобро се вари, помалку ке јадете и ке слабеете постепено.
 
dada,so jabolko..abe sedi...
da na pola ke se skrati jadenjeto,zs ajde zemi sea ti stavi cela pajnca jadenje i odi posle vezbaj...aj da te vidam da go stopis toa sto si go stavil..
 
Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Здрава храна + вежбање, најдобра комбинација:)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
dada,so jabolko..abe sedi...
da na pola ke se skrati jadenjeto,zs ajde zemi sea ti stavi cela pajnca jadenje i odi posle vezbaj...aj da te vidam da go stopis toa sto si go stavil..
За јаболката не верувај, твоја штета, се гледа дека на памет збориш.
Возрасен човек треба да внесе од 1700-2000 калории од прилика. Преполови го тоа (850-1000) и одземи 200 од вежбање и колку добиваш?
650-800 калории. Пробај така и ти давам уште недела дена здрав живот.
Не е препорачливо помалку од 1200 без дозвола од лекар, а ти ако сакаш слабеј со гладување, може и ке постигнеш нешто. А да не збориме дека кога ке почнеш нормално да јадеш уште повеќе ке се здебелиш.

И баш ме интересира, ако јадам 4 чоколади дневно, и ги преполовам на 2, ке ослабнам?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
tREBA DA PIES VODA 2 LIT NA DEN
Да, ти само пиј вода и килограмите магично ќе почнат да се губат :icon_lol:

До кога бе со вакви „стручни“ совети? Вода се пие колку што ти се пие.

И незнам што е толку комплицирано во врска со губењето на килограми. Го менуваш начинот на исхрана. Внесуваш помалку калории во исхраната, а се трудиш да губиш шти е можно повеќе со спортски активности. Значи, или ја намалуваш исхраната (никако драстично), или јадеш помалку калорична храна. Трчање топи калории како ништо друго. Башка, ќе ви го зацврсти телото и ќе се чувствувате поздраво.

  • Не користете брзи диети; веројатно е дека во следните пет години повторно ќе ја вратите изгубената тежина.
  • Вашата цел нека биде мала загуба, од околу еден килограм неделно или помалку.
  • Намалете го внесот на масти, особено на заситените масти.
  • Исклучете ги рафинираните шеќери.
  • Зголемето го внесот на свежо овошје, зеленчук и интегрални житарици.
  • Консумирајте помалку алкохол.
  • Земајте помалку ужинки.
  • Вежбајте околу 30 минути неколку пати во неделата. Воведете повеќе движење во дневната рутина-обидете се да акумулиратие 30 минутно одење/ден.
  • Не елиминирајте комплетно ниту еден вид на храна - секојдневно земајте разновидна храна, дајте предност на интегрална и непроцесирана храна.
  • Придржувајте се кон одреден ред во јадењето.

Ако чекате да ослабете само со пиење вода....
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
1
За јаболката не верувај, твоја штета, се гледа дека на памет збориш.
Возрасен човек треба да внесе од 1700-2000 калории од прилика. Преполови го тоа (850-1000) и одземи 200 од вежбање и колку добиваш?
650-800 калории. Пробај така и ти давам уште недела дена здрав живот.
Не е препорачливо помалку од 1200 без дозвола од лекар, а ти ако сакаш слабеј со гладување, може и ке постигнеш нешто. А да не збориме дека кога ке почнеш нормално да јадеш уште повеќе ке се здебелиш.

И баш ме интересира, ако јадам 4 чоколади дневно, и ги преполовам на 2, ке ослабнам?

ti mozes so sakas da si jadis,mene ne me interesira...jas ti kazuvam,kako praktikuvam pa sega ti ako sakas zemi go sovetot,ako nesakas nemoras...a patem,zato mn doktori vikaat jadi pomalce ama poveke pati,ali ti si poveke ucen pa sega solis pamet...abe sedi ziti sE!:tapp:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Бејбилав, како прво, секој ќе види дека конверзацијата која ти ја водиш не е на исто ниво со останатите дискутанти во темава. Како второ, нудиш сосема нездрав и нелогичен совет, кој може да создаде многу здравствени проблеми на некој што евентуално би го применил. И последно - ти воопшто не ги знаеш прехрамбените навики на останатите, така да советот од типот „намали на половина од се што си јадел и ќе ослабеш“ е лудост. Кај секого не функционира ист тип на диета. Сите сме различни.

Диетите не треба да бидат измачување за телото и организмот. Ниту слабеењето. Точно е дека треба да се намалат калориите, но не на начинот на кој ти го препорачуваш. Не е комплицирано - за да ослебеш треба да трошиш повеќе отколку што внесуваш. Тоа не мора да значи дека треба на пола да си ја скратиш храната, туку може да значи и дека треба да почнеш да трошиш повеќе - или пак да се обидеш да јадеш поинаква храна (без маснотии, без рафинирани шеќери и тн...).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom