Албанците дискриминирани ја напуштаат Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
Мене само едно не ми е jaсно, как албанците са дискриминирани?!?!
Да не кажеме дека македонците имат право да велат дека са дискриминирани и врз нив се налага волjaта на малцинството....

Ни Чак Норис незнае.:toe:
 
Јас верувале или не се согласувам дека се дискриминирани:
во другите делови на Македонија опнаа драконски казни низ фирмите кај нив на запад не, кај нас има закон за непушачи во местата со албанци не, кај нас се наплаќаат редовно даноци, сметки за струја , вода , комуналии и тн...низ Западна Македонија не .... па луѓе бе како да не бегаат , имајте и вие разбирање малку :pos2:
 
Не верувам дека сега пристигнатите ќе останат таму многу долго.Во Европа има голема криза за нискокфалификуваната работна сила.
 
Сега веќе нема да знаете дали да бидете посреќни ако ви дадат азил или успеете да останете некаде на запад - автоматски далеку подобар стандард од овој во Македонија ... или пак би биле посреќни да ве вратат сите овде за инает на Македонците :pos2:

Јас ви посакувам среќен пат и многу успеси во запад со песната „оди и не враќај се“. :smir:

Јас за себе сум многу среќен овде каде што сум...а верувај ми и тие селани кои ги лажел некој ќе се вратат...можеби еден процент ќе остане но сите :nenene::nenene: не верувам
 
За да земеш Азил, мора да си дискриминиран.
Коа веќе влегуваш во тоа место, принуден си да кажеш дури и дека лајна те терале да јадеш, само и само да земеш азил.

Разбере психологија, не лутајте.
 
„Ваквата ситуација се должи најверојатно поради се поголемата дискриминација врз Албанците, нивната незастапеност во државните органи, администрацијата и парламентот, се поголемиот притисок и се поголемата стапка на платени даноци и сметки...“

Ова белгискиот министер ја замајува сопствената јавност или ги деморализира азилантите?


Jas ja najdov ovaa izjava na belgiskiot oficijale predstavnik:

- Можеби е прерано да изведуваме дефинитивни заклучоци, па затоа ќе почекаме уште малку за да видиме дали овој драстичен пораст ќе се потврди. Повеќе од јасно е дека овие бројки се одраз на социоекономската состојба, но веруваме дека сето тоа е поврзано и со ослободувањето од визниот режим - вели за „Дневник“ Дирк ван ден Булк, генерален комесар за бегалци и апатриди во Белгија......

- Не може да се рече дека во Македонија постои политички прогон. Најчестите причини зошто овие луѓе бараат азил се социоекономската ситуација, одмазда и дискриминација - вели Ван ден Булк. Тој претпоставува дека сликата е слична и во другите европски земји, но засега податоците се' уште не се централизирани.


celiot tekst:http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7EBB16B6EF55E342AD00940384005EDA
Ako ne ti e teshko da go dadesh izvorot na citatot koj go naveduvash.
 
Ова болдираното е вистинската причина за одењето ама не само за албанците туку за сите.
 
Мене само едно не ми е jaсно, как албанците са дискриминирани?!?!
.

Pricinata zosto otisle, e nivnata teska ekonomska kriza , ne e spomnato kaj niv nikakvi politcki celi .. Decava da gi ostavat skolite prazni i da idat pravec zapad , samo golema muka moze da gi nosi ..
Реагираше и германскиот европратеник Јорг Шацимаркакис во интервју за Дојче Веле. Тој ги повикува македонските власти да создадат подобри услови за живот за сите граѓани
„Видоме дека само во февруари околу 380 луѓе побарале азил во Белгија, севкупниот број за минатата година беше 201, тоа е зголемување за 50%, штo значи дека луѓето не се сигурни дека можат да имаат доверба во процесот, сакаат да ја напуштат државата, затоа што не се чувствуваат добро. Ова е опасно. Тоа што евроамабасадорот Ерван Фуере го кажа за стабилноста е стопроцентно точно.
 
Мене највеќе во целава ваа работа ме интересира кои се тие агенции шо ги лажат луѓево и колку пари им земаат за да им "завршат работа".

Тие што одат и не е толку тешко да се разберат,ама очигледно не знаат дека на запад не е како што беше до пред 10-тина години,тешко се печали таму сега со поштена работа.Со криминал се уште има шанси да се направат пари ама и тоа не е како што беше "на времето",многу конкуренција има,плус и кризава го намалува прометот,така да како и да свртиш,одбрале погрешно време да одат на запад.
 
Ги имате ли уште информациите колку бугари и колку романци ги поминаа границите на ЕУ државите на 1 Јануари 2007-та ? Многу повеќе одколку било кога ќе излезат од Македонија во 10-20-30 години.
Не ми текнува за некои реакции тогаш, и преиспитувања на нивните одлуки (ЕУ) !
Тешки глупости се ова.
 
Првиот ваков текст излезе во Албанската Арена под наслов - зошто Албанците ја напуштаат Македонија

следеше Дневник (... Бројот на македонските граѓани што бараат азил во Белгија вртоглаво е зголемен ...) и ред други медиуми изминатава недела...

за на крај Белгискиот министер за имиграција да најави посета на Македонија и предлог за укинување на визната либерализација за земјава...

Ваквата ситуација се должи најверојатно поради се поголемата дискриминација врз Албанците, нивната незастапеност во државните органи, администрацијата и парламентот, се поголемиот притисок и се поголемата стапка на платени даноци и сметки...:vozbud:




Da dadesh link Makedoncki od iovaa zjava :

"Ваквата ситуација се должи најверојатно поради се поголемата дискриминација врз Албанците, нивната незастапеност во државните органи, администрацијата и парламентот, се поголемиот притисок и се поголемата стапка на платени даноци и сметки"



Jas ja najdov ovaa:

Белгискиот премиер Ив Летерм пристигнува во Скопје на осми март, заедно со министерт за имиграција да им порача на македонските власти дека состојбата со илегалната емиграција од Македонија откако се случи визната либерализација е повеќе од загрижувачка.

Имено, само за месец февруари 380 етнички Албанци од Македонија побарале азил во Белгија, врз основа на етничка дискриминација и лоша социо-економска ситуација во матичната држава.

Белгиските власти го истражуваат случајот и се уверени дека станува збор за организирана мрежа на сомнителни туристички агенции од Македонија кои на своите клиенти им ветуваат подобар живот.

„Во документот за визната либерализција им се препорачува на патниците да патуваат со признати туристички агенции, проблемот е што токму тие агенции ги организираат овие патувња со неверојатно ветувања и се причината за оваа криза која ја доживуваме сега. Тие се сиромашни луѓе кои доаѓаат овде во потрага по подобар живот“, изјави анкетиран Белгиец.

Ваквиот бран е без преседан за оваа мала либерална држава, а властите овој феномен директно го поврзуваат со укинувањето на визниот режим.

Сите барања за азил на граѓаните од Македонија ќе бидат отфрлени порачуваат од Бирото за бегалци во Брисел. Овие луѓе не можат да добијат статус на азилнати, бидејќи тој се добива само врз основа на политички или етнички прогон, какo што предвидува Женевската Коневенција.

„Сега гледаме дека реалноста е далеку од она што ни беше ветено“, вели анкетиран Албанец.

Реагираше и германскиот европратеник Јорг Шацимаркакис во интервју за Дојче Веле. Тој ги повикува македонските власти да создадат подобри услови за ѓивот за сите граѓани, а за тоа е потребно да се реши спорот за името и да се отворат вратите на ЕУ и НАТО.

„Видоме дека само во февруари околу 380 луѓе побарале азил во Белгија, севкупниот број за минатата година беше 201, тоа е зголемување за 50%, шт значи дека луѓето не се сигурни дека можат да имаат доверба во процесот, сакаат да ја напуштат државата, затоа што не се чувствуваат добро. Ова е опасно. Тоа што евроамабасадорот Ерван Фуере го кажа за стабилноста е стопроцентно точно. Ако сакаме да го стабилизираме регионот и земјата, мораме да најдеме решение за името сега“, изјави Шацимаркакис.

Македонија треба сега да спореведе истрага врз сомнителните туристички агенции ги организираат овие илегални патувања, бидејќи последиците за целата држава можат да бидат сериозни, не се исклучува и поништување на визната либеразлицција.

Белгиските медиуми почнаа со загриженост да известуваат за овој нов феномен.

Премиерот Летерм првото предупрдување ќе и го пренесе на Владата на осми март, а штом започне белгиското престедателство со Европската Унија на први јули, прашањето ќе се најде меѓу приротетните точки на дневниот ред на ЕУ. Македонија повторно ја става во опасност својата репутација.
 
Ги имате ли уште информациите колку бугари и колку романци ги поминаа границите на ЕУ државите на 1 Јануари 2007-та ? Многу повеќе одколку било кога ќе излезат од Македонија во 10-20-30 години.
Не ми текнува за некои реакции тогаш, и преиспитувања на нивните одлуки (ЕУ) !
Тешки глупости се ова.
Бркаш баби и жаби...:toe: Едното е падане на визи,друго е членство во ЕУ.
 
Двете работи ги поврзува едно... прилика за наоѓање работа во странство, подобар живот, печалба и тн ...
Немој одма да се навредуваш де. Направив компарација и ваквата ситуација беше јасна и очекувана, само што не започна како кај вас уште на првиот ден од влегувањето во унијата , туку неколку месеци по ослободувањето од визниот режим.
 
Јас мислам дека се дискриминирани и дека со право си барат азил. Па на шо личи ова, мора да се појќе застапени во администрацијата и слично ... барем едно 108,5%
 
Оревуар чао:helou:, да може на 400 000 азил да им дадат мераци еј.. лепота суха...
ем они задоволни нема висе да се дискриминирани,ем запад, ем ние среќни :wink::wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom