Тестисите не се развиваат и спуштаад од пределот кај градите, туку од абдоменот. Веќе неколку пати го докажував ова тврдење наведувајќи неколку сериозни линкови од познати уролошки клиники, но очигледно некој упорно ги става рацете пред очи кога пишува.
Но, сметам дека нема потреба од такво докажување од ПРОСТА ПРИЧИНА што наведениот ајет воопшто не збори за ембрионалниот развој на тестисите (иако муслиманите се обидуваат да ја заматат водата во таа насока), туку ајетот зборува за местото од каде што се исфрла спермата:
“ Па нека човекот погледа од што е создаден, создаден е од течност што се исфрла, која излегува меѓу кичмата и градите.” ( Ет – Тарик, 5-7)
Како што можете да забележите, во горниот ајет воопшто не се спомнуваат тестисите, а најмалку пак нивниот ембрионален развој. Во ајетот се зборува за течноста (спермата) и за местото од каде што таа излегува. Кyранот вели дека тоа место е местото меѓу кичмата и градите. Науката вели дека тоа се тестисите. Впрочем, во ајетот јасно се вели дека станува збор за "течност", а сите знаеме дека таа течност воопшто не постоела во ембрионалниот развој на тестисите, па оттаму илузорно е да се обидуваме да му дадеме преносно значење на ајетот. Оттаму имаме јасна контрадикција меѓу Кyранот и Науката. Ова е самоубиствен ајет бидејќи самиот Кyран за себе вели:
"Зошто оние не размислуваат за Kyранот? Да беше тој од некој друг, а не од Аллах, во него ќе најдевте сигурно несогласија големи." (Сура 4:82, Кyран)
Согласно овој стих, што треба да заклучиме кога веќе најдовме научна грешка во Kyранот? Самиот тој кажува: Дека не е од Аллах, туку од некој друг.
Простете ако бев престрог или предиректен во моето критичко размислување. Поздрав.
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
Опа, промена на стратегија. Откако ти појаснив за тоа кој го одредува полот на бебето и те замолчив (како и секогаш) сега kако давеник за сламка се држиш за овој ајет, извртувајќи го и свесно неразбирајќи го клучниот збор ПОМЕЃУ. Истиот лапсус го правеше и со звездите,месечината и сонцето, и во тие ајети на твој својствен начин го прескокнуваше зборот ПОМЕЃУ или МЕЃУ. Од друга страна кога ќе ти кажеме за некој библисkи "бисер",веднаш се фаќаш на оригиналниот збор и го спомнуваш КОИНЕ јазикот, ти текнува.
А овде држиш предавања за Кур'анот и арапскиот јазик кој го разбираш колку и мојата покојна баба. Можам тебе, да те мотам како што сакам и кога сакам на малото прсте со Кур'анската егзегеза,која може да биде и шаренолика , зависно од тоа кој и како ја толкува. За гонадите толкувањето го дале научници немуслимани, експерти во својата област, а не лично јас.
Јас единствено по свое сопствено видување и логичко размислување би можел да ти речам дека многу е глупо, ајетот да се зема во таква форма и да се прикаже демек, Мухаммед а.с. не знаелч од каде излегува спермата.
Дали ти Чорбаџијо мислиш дека Мухаммед а.с. не знаел откаде излегува спермата (пошто според тебе тој го напишал Кур'анот) , па направил таков катастрофален лапсус?
А патем, еве ти и поинакво толкување на овој ајет, според мое лично убедување и мислење.
“ Па нека човекот погледа од што е создаден, создаден е од течност што се исфрла, која излегува меѓу кичмата и градите.” ( Ет – Тарик, 5-7)
Одиме со ред, според буква,запирка, точка и реден број на ајет.
5 ајет од сура Тарик гласи:
" Па нека човекот погледа од што е создаден". Овој ајет е јасен.
6 ајет од сура Тарик гласи:
"создаден е од течност што се исфрла". И овој ајет е јасен, бидејќи станува збор за спермата нели?
7 ајет од сура Тарик гласи:
" која излегува меѓу кичмата и градите.” Е ајде сега малце егзегеза на овој ајет. Како што гледаш овој споен цитат кој за тебе е смешен и ненаучен, всушност се три ајети, три посебни цитати, со свој почеток и крај, кои што можат, а и не мораат да се надополнуваат.
На почетокот во прашална форма Бог му обрнува внимание на човекот скептик со прашањето
да погледне од што е создаден тој. Во другиот ајет се дава одговор на тоа прашање дека
тој е создаден од семе, сперма, течност која што се вметнува во материцата на жената. Третиот ајет многу научници се обиделе да го толкуваат во насока на создавање на гонадите и нивниот ембриолошки развој како и нивната поврзаност со пределот помеѓу кичмата и градите и после нивното финално создавање. Ок, тоа ете нека се утнати научни докази. Остави ги настрана. Ајде да погледнеме поинаку на толкувањето, и тоа од таму каде што застанавме. А застанавме на општо прифатениот факт дека човекот (машкото и женското) се создаваат приликом интимен однос и откако машкото ќе ја исфрли спермата во женското итн.итн., тоа е веќе ембрионален процес и развој на животот во материцата на жената. После ајетот вели, цитирам на арапски:
ЈАХРУЏУ , што дословно значи
ИЗЛЕГУВА. (Ова можеш лесно да го провереш кај оние кои добро го познаваат арапскиот јазик).
Овде е спомната заменка која експлицитно не значи сперма и се поставува прашањето
КОЈ ИЗЛЕГУВА од пределот помеѓу кичмата и градите?
-спермата, или:
- бебето (човекот)?
Многумина го земаат првото,како шо многумина го земаат второто мислење. А многумина ги оспоруваат и двете и се трудат да најдат некое трето. Значи тука не е во прашање Кур'анот, туку начинот на неговото толкување , поготово во оние делови каде што тој е помалку или повеќе јасен за луѓето.
Аллах џ.ш. во Кур'aнот вели:
" Tој (Аллах) тебе (Мухаммеде) ти ја објавува Книгата (Кур'анот), во неа се јасни ајети, тие се главницата на Книгата, а другите се помалку јасни. Оние чии што срца се расипани, (желни за смутња да сеат) ги следат оние (ајети) што се помалку јасни. А толкувањето нивно го знае само Аллах и оние кои што длабоко се упатени во науката. "Ние веруваме во нив, се е од нашиот Господар!"-зборуваат тие." (Али Имран,7)
Затоа, немој да кажуваш дека се знаеш и дека се тие јасно. Ти само мислиш дека знаеш, а всушност многу малку или николку не знаеш.
Јалови се твоите обиди, попустина си го губиш времето, зошто секогаш ќе излезе некој кој ќе те демантира . Јас признавам дека многу малку знам, ама потполно сум убеден и свесен во тоа дека ВЕРУВАМ ВО ТИЕ КУР'АНСКИ АЈЕТИ ДЕКА СЕ ВИСТИНА. А вчера или денес, денес или утре, многу нешта науката ќе ги расветли. Она што некогаш на луѓето им било непознато, денес нам ни е познато, а она што нам денес ние непознато утре на другите ќе им биде познато, бидејќи (финализирам) како што го цитира ти ајетот:
"Зошто оние не размислуваат за Kyранот? Да беше тој од некој друг, а не од Аллах, во него ќе најдевте сигурно несогласија големи." (Сура 4:82, Кyран)
И навистина Кур'aнот е Книга за сите времиња. Аллаху Екбер!