Слободан Милошевиќ - херој или предавник?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^HITMAN^
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа веќе е семантика. Секаде во тие земји постоеше само една партија КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА, така? И припадниците на КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА беа на власт. И кога ќе се каже комунизам, се мисли на системот кој постоел во тие држави. Барем јас така разбирам.
А тој другиот, "идеалниот" комунизам не го знаеме, бидејќи не постоел, нели?

Оф леле. Значи “идеалниот“ комунизам и првобитниот комунизам претставува теоријата која ја напишал Карл Маркс. Подоцна, одредени луѓе гледајќи дека многу лесно можат преку таа теорија да манипулираат со народот и дека така најлесно ќе дојдат на власт, решиле демек дека ќе го менуваат системот и создале КОМУНИСТИЧКА партија, која од КОМУНИЗАМ немала ни К. Туку го имала само името.

Системот бил социјалистички, не комунистички. Значи имало СОЦИЈАЛИЗАМ кој е ПРЕОДНА форма и води КОН комунизам.

Комунизам НИКОГАШ немало и НИКОГАШ нема да има! (барем додека јас сум жива, знам дека тоа нема да го видам)

Сега појасно ти е?
 
Тачно flow with it , коа од 100 души само 1 му текнува да се побуни јавно и за на крај да заврши отпуштен од работа, ебен од горила, тепан, исмеван за што затоа што се побунил. А бе ај приказни за херојставата на рандом наивен тип кој гордо и славно завршил на кол пред еден век кажувај им ги на своите деца. Нормално ако сакаш така да завршат иако чисто се сомневам дека со тоа им ја пуниш главата пошто денес приказните со кои им се пуни главата : „види го комшијата зеде партиска книшка и гледај каква куќа напраи“ и секој нареден коментар знам дека после ова ќе биде а бе јас вака-така , немој не ме радуј.
Има една мала разлика меѓу балкан и запад
- за запад се тепаат за работна дозвола и виза а како што гледам овде не
- на запад не се форсира патриотизам а.к.а национализам и се далеку попријателски расположени спрема странците дури имаат програми нивна едукација

Сеа мојот одговор беше спрема тоа дека србија никад нема да се предаде јеа рајт :tv:

Епа биди де тие 99 од тие 100. Тоа е твој избор. Плутај.... :toe:
Само не знам од кај ги извади финтите со типови на кол, партиски книшки и слични фантазии.
Грешка си ако мислиш дека тоа се единствените две разлики помеѓу Балкан и Europa. Таму барем важат некои морални и човечки стандарди. Тука очигледно не.

П.С.
А што ќе кажувам на моите деца јас и какви приказни ќе им кажувам е мое, и нема зошто ти да ми објаснуваш, нели?

Оф леле. Значи “идеалниот“ комунизам и првобитниот комунизам претставува теоријата која ја напишал Карл Маркс. Подоцна, одредени луѓе гледајќи дека многу лесно можат преку таа теорија да манипулираат со народот и дека така најлесно ќе дојдат на власт, решиле демек дека ќе го менуваат системот и создале КОМУНИСТИЧКА партија, која од КОМУНИЗАМ немала ни К. Туку го имала само името.

Системот бил социјалистички, не комунистички. Значи имало СОЦИЈАЛИЗАМ кој е ПРЕОДНА форма и води КОН комунизам.

Комунизам НИКОГАШ немало и НИКОГАШ нема да има! (барем додека јас сум жива, знам дека тоа нема да го видам)

Сега појасно ти е?

Многу.
Сепак, сите велат дека тие биле КОМУНИСТИЧКИ земји и дека таму владеел КОМУНИЗАМ. :toe:
 
Епа биди де тие 99 од тие 100. Тоа е твој избор. Плутај.... :toe:
Само не знам од кај ги извади финтите со типови на кол, партиски книшки и слични фантазии.
Грешка си ако мислиш дека тоа се единствените две разлики помеѓу Балкан и Europa. Таму барем важат некои морални и човечки стандарди. Тука очигледно не.
:треп:
сонце гледаш која е сеа разликата :)
затоа и балканот го дупат :)
 
Многу.
Сепак, сите велат дека тие биле КОМУНИСТИЧКИ земји и дека таму владеел КОМУНИЗАМ. :toe:

Кои се тоа сите? Западните земји кои вршат масовна пропаганда и лоботомизација и го промовираат комунизмот како најголемо зло, затоа што всушност се плашат од нарушување на капиталистичкиот систем? Медиумите кои се или полуписмени или се дел од масовната пропаганда?

Да се разбереме, јас не ја поддржувам комунистичката теорија, но малку подобро барем ги знам тие разлики и затоа можам да зборам.

Значи сфати, никогаш НЕ постоел комунизам и тие земји никогаш НЕ биле комунистички! Сето тоа било извртено и злоупотребено.
 
Погрешни луѓе на вистинска тема која се наоѓа во погрешен подфорум, отворена со неписмен наслов.

Дискусија и допринос за истата =====> излишна ...
 
Погрешни луѓе на вистинска тема која се наоѓа во погрешен подфорум, отворена со неписмен наслов.

Дискусија и допринос за истата =====> излишна ...

и најпаметниот кој ја откри цела ујдурма и ништо не кажа :tapp::tapp:
 
Неам време а ни живци да праам мултицитат на 50-тина постови.
Суштинските работи врзани за насоката на темата ги кажав, содржината сметам дека не треба да ја коментирам:wink:
 
Херој? Дајте ми докази за еден негов херојски потфат по кој ќе го паметиме Слобо.

Говорот на Газиместан и изигрувањето полицаец на Косово?
 
Ти ја сфаќам поентата... сепак зарем не е идејата “Сви Срби у једној Србији“ самата по себе империјалистичка на некој начин?


Сестро слатка, ако не си националиста ќе останеш без име, без знаме, без ОБРАЗ. Така да иди организирај собиранки.
 
Лошо се изразуваш. Комунизмот како таков нема никаква врска со национализмот, комунизмот самиот предвидува изумирање на државата така што и не е така поврзан со национализмот, посебно не да му биде засолниште. :wink:

"Национализмот e последното засолниште на комунизмот"
Збигнев Бжежински
Не е моја мисла.

Комунистичката утопија во која уште живее Македонија и пречи да реши многу од своите проблеми.
 
Сестро слатка, ако не си националиста ќе останеш без име, без знаме, без ОБРАЗ. Така да иди организирај собиранки.

Жити мајка. Милошевиќ ја УНИШТИ својата држава. За време на неговото владеење Србија живееше во беда. Патриотизам и штитење на државните интереси - ДА, а ширење омразионизам и експанзионизам е контрапродуктивно.

"Национализмот e последното засолниште на комунизмот"
Збигнев Бжежински
Не е моја мисла.

Збигњев Бжежински е навистина паметен човек, неговата “Голема шаховска табла“ е предобра анализа за светската геополитика и човекот има напишано многу добри книги.

Но, имаме во предвид дека живее и твори во Америка, што автоматски значи дека тие комунизмот ќе го обезвреднуваат. Системот им е таков, паранојата комунизмот да не се рашири и да не почне да функционира е поголемо од се.

Тој има право. Ама тоа е карактеристика на КВАЗИкомунизмот и на социјалистичките држави. Јас само сакав да те поправам во смисол дека комунистичката теорија, онаа на Маркс, значи правата, а не искривените верзии на истата не познава и признава национализам. :smir: Се надевам дека го разрешивме недоразбирањето. :)

Комунистичката утопија во која уште живее Македонија и пречи да реши многу од своите проблеми.

Ова е чиста вистина. Заблудата на луѓето е дека тие мислат дека живееле во комунизам, не знаат дека живееле само во еден експеримент, кој очигледно бил еден голем FAIL.
 
Добро така е. А како е со македонскиот национализам. Користи ли го владата за да ја скрие својата слабост во преговорите со Грција, тешката економска криза во земјата и својот страв да направи компромис со името и јазикот. За да може конечно Македонија да стане членка на НАТО и да започне преговори за влез во ЕУ.
 
Ни херој ни предавник, едноставно он беше и си остана ГЛУПАК!!!
 
Добро така е. А како е со македонскиот национализам. Користи ли го владата за да ја скрие својата слабост во преговорите со Грција, тешката економска криза во земјата и својот страв да направи компромис со името и јазикот. За да може конечно Македонија да стане членка на НАТО и да започне преговори за влез во ЕУ.
Национализам во Македонија?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom