В
Сега тука се навлегува во политички и национални прашања ама едно е сигурно Србија нема никогаш да и потклекне на САД и на западот иако ќе биде впиена од глобализацијата сепак НАТО како една голема империја за профит и интереси ќе остане без нив.
Целосно спротивно од мислењето на демографите има магистар Билјана Спасиќ, проф. на Економското училиште во Крагуевац и автор на книгата „Зошто исчезнуваат Србите“, која предупредува дека состојбата е повеќе од алармантна. Не е прашање дали, туку кога целосно ќе исчезнеме, а начинот на кој се бавиме со овој проблем, вели таа, укажува на тоа дека последната година на нашето живеење како народ ќе дојде многу порано од очекуваното.
Селата забрзано изумираат
Вистинската слика за демографската катастрофа најмногу се гледа во руралните средини, кои сочинуваат дури 95 отсто од вкупната површина на нашата земја. Според податоците на Заводот за проучување на селата, во следните 15 години во Србија дури 700 села ќе останат без жители и тоа главно старци. Според последниот попис од 2002 година, во 60 села живееја помалку од 20 жители, на просечна старост од 65,5 години, што значи дека тие веќе сега се избришани од лицето на земјата.
Имајќи го предвид фактот дека според стапката на наталитетот сме меѓу последните во Европа, т.е. дека просечната стапка на семејствата раѓаат 0,88 деца, или една петтина помалку од што е потребно за проста репродукција, не се без основ приказните дека сме на прагот на биолошко изумирање. Ако се остварат лошите прогнози, веќе до крајот на овој век во централна Србија може да живеат само 2,1 милион жители, а во Војводина нешто повеќе од 800.000. Со други зборови, во однос на сегашните 7,4 милиони, бројот на жителите може дупло да се намали.
- Секоја сериозна земја крајно одговорно се однесува кон овој проблем, додека ние по правило ја бутаме главата во песок. Речиси не постои земја на светот која нема министерство за грижа за семејството, за децата, за населението или без разлика како се викаат, освен секако нашата земја - вели соговорничката. - И додека сериозните држави плански го предвидуваат бројот на децата по семејство, при што целта е да се обезбеди барем проста репродукција, податокот дека нашите брачни двојки во просек имаат помалку од едно дете (0,88), никого не го загрижува. Што значи податокот дека сличен проблем имаат Германците или Французите, кои бројат по неколку десетици милиони жители, кога според последниот попис од 2002 година, Срби имаше нешто повеќе од 6 милиони? Покрај тоа, убедена сум дека ние сме и помалку од 6 милиони, што веројатно ќе се покаже во текот на идниот попис.
Исчезнале 20 милиони Срби
Билјана Спасиќ смета дека овој проблем дефинитивно мора да се пренесе во институциите на системот. Аналогно на искуството на популационата политика, која во светот е присутна уште од средината на 19 век, државата мора да овозможи здрава економска појдовна точка за решавање на ова прашање. Според неа, белата чума во Србија е директна последица од војните, абортусите, самоубиствата и преселбите! Токму овие четири причини во текот на последниот век придонесоа новиот век да го дочекаме со 20 милиони луѓе помалку!
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=45624
капитализмот си го прави своето ние можеме да ќењаме антиглобализам, анархизам, национализам, куроизам али парата го врти светот, србите капитулираат индивидуално дел по дел исто како и сите останати балкански народи . Таму каде бомба не урива таму пара буши како и да беше ...
:tepam vreme: