Слободан Милошевиќ - херој или предавник?

sto

Член од
22 октомври 2009
Мислења
101
Поени од реакции
5
Национализмот е последното засолниште на комунизмот. Заборавиме дека 1989-1990 комунистичките режими во источна Европа беа отфрлени и заменети со парламентарна демократија. Милошевиќ и КПJ искористија национализмот за да се обидат да се задржат на власт и да не следат другите поранешни социјалистички земји, каде лидерите им беа судени и убивани. Во таа смисла, Слободан повеќе е предавник на СФРJ.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Национализмот е последното засолниште на комунизмот..
Лошо се изразуваш. Комунизмот како таков нема никаква врска со национализмот, комунизмот самиот предвидува изумирање на државата така што и не е така поврзан со национализмот, посебно не да му биде засолниште. :wink:

Милошевиќ и КПJ искористија национализмот за да се обидат да се задржат на власт и да не следат другите поранешни социјалистички земји, каде лидерите им беа судени и убивани.
Ова е точно, се согласувам. И не само тоа, го искористи човекот национализмот за да го покрие своето лошо владеење внатре во државата. Кога не можеш да се средиш внатре, вниманието го одвлекуваш надвор.

Во таа смисла, Слободан повеќе е предавник на СФРJ.
Човекот највеќе штета и нанесе на сопствената држава која толку ја глорифицираше. Не е предавник на СФРЈ, СФРЈ при крајот на 80тите веќе беше распад систем.

Боби[Мкд];3341312 напиша:
Херој, пријател.

The enemy of my enemy is my friend.:wink:
Да, најверојатно по оваа реченица се водел и Милошевиќ кога со Мицотакис го ковале планот за поделба на Македонија и кога се договарале тие две држави да бидат соседи. :wink:

Хм.... наш пријател секако дека не бил. Пријателите не велат дека Тито бил предавник затоа што дозволил создавање на Македонија во рамките на СФРЈ (copyright by Слободан Милошевиќ) и пријателите секако не велат дека Македонците се Србите со говорната маната. (copyright by Војо Шешељ). :wink:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Херој за србите поради неколку причини од национален аспект а најголем бомбардирањето на Србија која беше единствена држава би рекол во светов што му сврте грб на империјализмот и модерниот фашизам.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Херој за србите поради неколку причини од национален аспект а најголем бомбардирањето на Србија која беше единствена држава би рекол во светов што му сврте грб на империјализмот и модерниот фашизам.
Ти ја сфаќам поентата... сепак зарем не е идејата “Сви Срби у једној Србији“ самата по себе империјалистичка на некој начин?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ти ја сфаќам поентата... сепак зарем не е идејата “Сви Срби у једној Србији“ самата по себе империјалистичка на некој начин?
Види Србиве по природа се големи националисти. Тука се вклопува и зборот "балканци/балканец", но генерално можеби најголеми заедно со грците. Е сега, друга работа, таа реченица Сви Срби у једној Србији, не е ништо поголема од другите бидејќи се тоа што се случувало во минатото довело до големи поделби и омрази кои тешко се забораваат. Замешани се тука многу конспирации од западот кои придонеле за распад на ЈУ и поделба на народите што е голема вистина. Посебно кога имаш одвоен дел во денешна БиХ, цел ентитет, Република Српска која сама по себе е одвоена од БиХ и функционира како пола држава, и со тоа еден ден да биде дел од Србија. Но мислам дека до тоа нема да дојде како и до други прекројувања бидејќи тоа пред се западот не би го дозволил или би ги спровел нивните интереси со што паѓа во вода империјализамот на Србите. Сега тука се навлегува во политички и национални прашања ама едно е сигурно Србија нема никогаш да и потклекне на САД и на западот иако ќе биде впиена од глобализацијата сепак НАТО како една голема империја за профит и интереси ќе остане без нив.
 
M

marsovka

Гостин
В
Сега тука се навлегува во политички и национални прашања ама едно е сигурно Србија нема никогаш да и потклекне на САД и на западот иако ќе биде впиена од глобализацијата сепак НАТО како една голема империја за профит и интереси ќе остане без нив.
Целосно спротивно од мислењето на демографите има магистар Билјана Спасиќ, проф. на Економското училиште во Крагуевац и автор на книгата „Зошто исчезнуваат Србите“, која предупредува дека состојбата е повеќе од алармантна. Не е прашање дали, туку кога целосно ќе исчезнеме, а начинот на кој се бавиме со овој проблем, вели таа, укажува на тоа дека последната година на нашето живеење како народ ќе дојде многу порано од очекуваното.
Селата забрзано изумираат
Вистинската слика за демографската катастрофа најмногу се гледа во руралните средини, кои сочинуваат дури 95 отсто од вкупната површина на нашата земја. Според податоците на Заводот за проучување на селата, во следните 15 години во Србија дури 700 села ќе останат без жители и тоа главно старци. Според последниот попис од 2002 година, во 60 села живееја помалку од 20 жители, на просечна старост од 65,5 години, што значи дека тие веќе сега се избришани од лицето на земјата.
Имајќи го предвид фактот дека според стапката на наталитетот сме меѓу последните во Европа, т.е. дека просечната стапка на семејствата раѓаат 0,88 деца, или една петтина помалку од што е потребно за проста репродукција, не се без основ приказните дека сме на прагот на биолошко изумирање. Ако се остварат лошите прогнози, веќе до крајот на овој век во централна Србија може да живеат само 2,1 милион жители, а во Војводина нешто повеќе од 800.000. Со други зборови, во однос на сегашните 7,4 милиони, бројот на жителите може дупло да се намали.
- Секоја сериозна земја крајно одговорно се однесува кон овој проблем, додека ние по правило ја бутаме главата во песок. Речиси не постои земја на светот која нема министерство за грижа за семејството, за децата, за населението или без разлика како се викаат, освен секако нашата земја - вели соговорничката. - И додека сериозните држави плански го предвидуваат бројот на децата по семејство, при што целта е да се обезбеди барем проста репродукција, податокот дека нашите брачни двојки во просек имаат помалку од едно дете (0,88), никого не го загрижува. Што значи податокот дека сличен проблем имаат Германците или Французите, кои бројат по неколку десетици милиони жители, кога според последниот попис од 2002 година, Срби имаше нешто повеќе од 6 милиони? Покрај тоа, убедена сум дека ние сме и помалку од 6 милиони, што веројатно ќе се покаже во текот на идниот попис.
Исчезнале 20 милиони Срби
Билјана Спасиќ смета дека овој проблем дефинитивно мора да се пренесе во институциите на системот. Аналогно на искуството на популационата политика, која во светот е присутна уште од средината на 19 век, државата мора да овозможи здрава економска појдовна точка за решавање на ова прашање. Според неа, белата чума во Србија е директна последица од војните, абортусите, самоубиствата и преселбите! Токму овие четири причини во текот на последниот век придонесоа новиот век да го дочекаме со 20 милиони луѓе помалку!

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=45624
капитализмот си го прави своето ние можеме да ќењаме антиглобализам, анархизам, национализам, куроизам али парата го врти светот, србите капитулираат индивидуално дел по дел исто како и сите останати балкански народи . Таму каде бомба не урива таму пара буши како и да беше ...
:tepam vreme:
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Слободан МилошевиЌ...Србин...СЕ е јасно No further comment...:uvo::tapp:
(да коментарот е во негативна смисла)
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Национализмот е последното засолниште на комунизмот. Заборавиме дека 1989-1990 комунистичките режими во источна Европа беа отфрлени и заменети со парламентарна демократија. Милошевиќ и КПJ искористија национализмот за да се обидат да се задржат на власт и да не следат другите поранешни социјалистички земји, каде лидерите им беа судени и убивани. Во таа смисла, Слободан повеќе е предавник на СФРJ.
Лошо се изразуваш. Комунизмот како таков нема никаква врска со национализмот, комунизмот самиот предвидува изумирање на државата така што и не е така поврзан со национализмот, посебно не да му биде засолниште. :wink:
Вакви луди дефиниции на комунизмот одамна не сум сретнал. Маркс може да јаде .....
Комунизмот потикнува национализам од една страна, од друга страна комунизмот предвидува изумирање на државата?

капитализмот си го прави своето ние можеме да ќењаме антиглобализам, анархизам, национализам, куроизам али парата го врти светот, србите капитулираат индивидуално дел по дел исто како и сите останати балкански народи . Таму каде бомба не урива таму пара буши како и да беше ...
:tepam vreme:
Значи flow with it. Колку и да има гадотии околу нас, само треба да ги регистрираме и да одиме понатаму? Парата го врти светот најверојатно од кога Адам се обидел да шитне нешто на неговите деца, така што ситуацијата не е нова. Дефетизмот некако не ми изгледа како пристојно решение. Ако не за друго, тогаш поради лична (ментална) хигиена.
Инаку, лошите демографски цифри не се одлика само на Балканот. На западот е уште полошо.

П.С.
За Милошевиќ де. Србите треба му најдат место во историјата, но не верувам дека тоа ќе биде некое светло место. Херој или предавник од македонска перспектива - апсолутно сеедно. Не видовме арно од него, ама можевме да видиме и полошо. :toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вакви луди дефиниции на комунизмот одамна не сум сретнал. Маркс може да јаде .....
Комунизмот потикнува национализам од една страна, од друга страна комунизмот предвидува изумирање на државата?
Комунизмот како идеологија всушност воопшто не ја поддржува државата како таков субјект, државата на некој начин го охрабрува постоењето на класи, кога класите ќе изумрат, по нив државата ќе изумре. Не знам што не е јасно.

Национализмот е тесно поврзан со државата, нели, така што не е возможно комунизмот да биде поврзан со национализмот.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Комунизмот како идеологија всушност воопшто не ја поддржува државата како таков субјект, државата на некој начин го охрабрува постоењето на класи, кога класите ќе изумрат, по нив државата ќе изумре. Не знам што не е јасно.

Национализмот е тесно поврзан со државата, нели, така што не е возможно комунизмот да биде поврзан со национализмот.
Не ми е јасно зошто не се укинаа државите од 1918 па навака во комунистичките земји како СССР, Кина, Куба, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија, Бугарија, Југославија, Албанија.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не ми е јасно зошто не се укинаа државите од 1918 па навака во комунистичките земји како СССР, Кина, Куба, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија, Бугарија, Југославија, Албанија.
Затоа што во ниедна од нив НИКОГАШ не постоел комунизам! Постоел социјализам кој требал да биде преодна форма кон комунизмот. Комунизмот НИКОГАШ и НИКАДЕ не постоел во формата како што било напишано во теоријата на Маркс. (Ниту пак некогаш по мое мислење може да постои)

Комунизмот на Маркс е извулгаризиран од таканаречените комунисти кои под паролата на слобода и еднаквост и другови и слично дојдоа на власт и станаа диктатори и заради кои комунизмот денес се гледа така лошо. Најголема иронија е тоа што Маркс велел дека државата треба да изумре, а во таканаречените комунистички (а во суштина само квазисоцијалистички ) држави - имало најцентрализирана власт, државата имала најголема улога. Само потврда на тоа колку било извртено учењето на Маркс.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Самобендисан примитивец кој поради својата суета ги жртвуваше интересите на целиот народ.
токму така ...

кој ја има гледанои емисијата неколку пати која ја имаат давано на Б92 му е појасно ...
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Затоа што во ниедна од нив НИКОГАШ не постоел комунизам! Постоел социјализам кој требал да биде преодна форма кон комунизмот. Комунизмот НИКОГАШ и НИКАДЕ не постоел во формата и теоријата на Маркс. (Ниту пак некогаш по мое мислење може да постои)

Комунизмот на Маркс е извулгаризиран од таканаречените комунисти кои под паролата на слобода и еднаквост и другови и слично дојдоа на власт и станаа диктатори и заради кои комунизмот денес се гледа така лошо. Најголема иронија е тоа што Маркс велел дека државата треба да изумре, а во таканаречените комунистички (а во суштина само квазисоцијалистички ) држави - имало најцентрализирана власт, државата имала најголема улога. Само потврда на тоа колку било извртено учењето на Маркс.

Тоа веќе е семантика. Секаде во тие земји постоеше само една партија КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА, така? И припадниците на КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА беа на власт. И кога ќе се каже комунизам, се мисли на системот кој постоел во тие држави. Барем јас така разбирам.
А тој другиот, "идеалниот" комунизам не го знаеме, бидејќи не постоел, нели?
 
M

marsovka

Гостин
Значи flow with it. Колку и да има гадотии околу нас, само треба да ги регистрираме и да одиме понатаму? Парата го врти светот најверојатно од кога Адам се обидел да шитне нешто на неговите деца, така што ситуацијата не е нова. Дефетизмот некако не ми изгледа како пристојно решение. Ако не за друго, тогаш поради лична (ментална) хигиена.
Инаку, лошите демографски цифри не се одлика само на Балканот. На западот е уште полошо.
:
Тачно flow with it , коа од 100 души само 1 му текнува да се побуни јавно и за на крај да заврши отпуштен од работа, ебен од горила, тепан, исмеван за што затоа што се побунил. А бе ај приказни за херојставата на рандом наивен тип кој гордо и славно завршил на кол пред еден век кажувај им ги на своите деца. Нормално ако сакаш така да завршат иако чисто се сомневам дека со тоа им ја пуниш главата пошто денес приказните со кои им се пуни главата : „види го комшијата зеде партиска книшка и гледај каква куќа напраи“ и секој нареден коментар знам дека после ова ќе биде а бе јас вака-така , немој не ме радуј.
Има една мала разлика меѓу балкан и запад
- за запад се тепаат за работна дозвола и виза а како што гледам овде не
- на запад не се форсира патриотизам а.к.а национализам и се далеку попријателски расположени спрема странците дури имаат програми нивна едукација

Сеа мојот одговор беше спрема тоа дека србија никад нема да се предаде јеа рајт :tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom