H
^HITMAN^
Гостин
Доста сум запознаен со случувањата во СФРЈ и СРЈ во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Ја отварам темава затоа што ме интересира што за Милошевич мислат кајганџиите, а посебно припадниците на српската националност на форумов. Беше возвишуван до ниво на Бог кога тој прв ја седе под закрила српската кауза со давањето на поддршка на србите на Косово во периодот 1987-1989 и враќањето на Косово под српска капа во истиот период, во времето на војната со Хрватска и војната во Босна и Херцеговина. Но факт е и дека под водство на Слободан Милошевич, Србија западна во голема беда и сиромаштија, изолирана од соседите и од светот, со трговски ембарга и најнизок БГП по глава на жител во периодот од 1993-2000. Под негова директива беше организирана акцијата за "ослободување на Косово" vo 1999 година по што следеше разурнување на Србија од страна на НАТО сојузниците.
Но, запомната е изјавата на Слободан Милошевич кој преговараше за индината на Босна и Херцеговина во Дејтонскиот мировен договор како ополномошен застапник на србите од Босна, заедно со Фрањо Туџман и Алија Изедбегович, кога тој лично му изјави на Изедбегович дека тие биле вистински јунаци, а Србите биле кукавици кои ги бомбардирале од ридовите на Сараево и немале храброст да се соочат со нив во рамноправна борба иако биле подобро наоружани.
Да, преминеме на поентата. Слободан Милошевич, херој или предавник?