Денешните мажи...

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
Јас поима немам што мислат жените али знам дека ако направам некоја фора ала романтична-комедија-со-Бен-Стилер ке добијам фаца која кажува - Ај лејм си оди си, губи се кретену глуп (ок не до толку али поентата е таа :) ) Додека на форумов жените велат дека тоа им е убаво. Епа ај решете се. Дали сакате романтика или не....

Глумат демек сакаат романтика...уствари како што имав кажано не знаат што сакаат...:toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нема љубов се е интерес. Помирете се со тоа (маж - жена, таква љубов)
Љубовта како чуство ќе биде признаета само кога ќе биде вратена, значи двострана - тешко таква работа (едниот ќе љуби искрено другиот ќе си ги тера своите интереси)
А вие рационалистите да се помиревте со тоа дека љубовта постои и се наоѓа во секоја пора од универзмот? Љубовта не значи само двострана улица. Љубовта е да даваш колку што можеш повеќе, а ако ти биде возвратена уште поубаво.
Човекот по природа е материјалиста, потклекнува пред физичките задоволства многу полесно одколку душевните.
Да, можеби полесно потклекнува пред физичките задоволства, но тоа е привремено, на крајот секој има потреба од љубов, сигурност, взаемност и тоа секој ако сака и ако се потруди доволно може да го најде.
Јас од многу љубов ослепив и сега не гледам никаде љубов (освен во некои интересни работи :) )
Јас пак од љубов, само гледам уште повеќе љубов и ја наоѓам насекаде.

Но, да, има криза во светот, душевна криза и апатија... но знам дека љубовта повторно ќе се врати во животот на луѓето... само треба време.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
@Сите постови на Крејзи ин Лав

Значи сакаш да кажеш дека сите сме криви за оваа криза, така?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
@Сите постови на Крејзи ин Лав

Значи сакаш да кажеш дека сите сме криви за оваа криза, така?
Да, човештвото во целина е виновно за ова што се случува. Самите луѓе кои бегаат од самите себе, кои се кријат во оклоп, кои се предаваат само физички, кои се плашат да пуштат некој во својот живот, се плашат да дадат љубов, а тоа е толку погрешно.
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Не мора да значи дека ќе ни изгледаат како сексуални објекти, сега се гледаме како сексуални објекти, посебно кај мажите, степенот на мажественост го одредуваат бројки, жените се само пички. Можеби после таа некаква револуција сексот нема да ни изгледа како бројка, или нешто забрането, срамно или грешно...
Па ти мислиш дека сега сексот е забранет,срамен или грешен, м ? Сега кој каде најде таму може да има секс (за тоа не ме сфаќај погрешно така само го кажав) на пример шо ти знам,во школски вц-а или во вц-ата низ кафичите итн.
Сексот треба во врската да ја стимулира љубовта во страст.За жал сега не е така.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
Па ти мислиш дека сега сексот е забранет,срамен или грешен, м ? Сега кој каде најде таму може да има секс (за тоа не ме сфаќај погрешно така само го кажав) на пример шо ти знам,во школски вц-а или во вц-ата низ кафичите итн.
Сексот треба во врската да ја стимулира љубовта во страст.За жал сега не е така.
Не мислам дека е грешен ама многумина мислат, додуше сега младиве генерации рушат одредени табуа што постоеле, добро е тоа. Пример пред 10-15 години требаше да ти биде женска некое време за да ти даде, иначе и вадеа муабет дека е курва, и денес како гледам не е баш најсјајно али се менува полека...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
А вие рационалистите да се помиревте со тоа дека љубовта постои и се наоѓа во секоја пора од универзмот? Љубовта не значи само двострана улица. Љубовта е да даваш колку што можеш повеќе, а ако ти биде возвратена уште поубаво.




Да, можеби полесно потклекнува пред физичките задоволства, но тоа е привремено, на крајот секој има потреба од љубов, сигурност, взаемност и тоа секој ако сака и ако се потруди доволно може да го најде.



Јас пак од љубов, само гледам уште повеќе љубов и ја наоѓам насекаде.

Но, да има криза во светот, душевна криза и апатија... но знам дека љубовта повторно ќе се врати во животот на луѓето... само треба време.
Хехе вие емпиристите да се водевте според разумот убаво ќе беше.
Од толку љубов во универумот човекот најмногу (ајде да не кажам само) ја искористува/насочува према материјалното.

Да беше потклекнувањето привремено до сега човековата љубов (имавме време) која требаше да се дели меѓусебе ќе беше на толкаво ниво каде што ќе немаше личност која ја има осетено грдата страна на тоа чуство, ќе немаше пуштено солза од тага, скршени срца, убивања (нели ќе се сакавме меѓу себе) и други љубовни гнаснотии.

Љубовта ќе беше совршена, имаше време да еволуира ама јебеш ја таа постепено се губи т.е. луѓето почнаа да се помируваат или сватија дека такво нешто не постои.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Да, човештвото во целина е виновно за ова што се случува. Самите луѓе кои бегаат од самите себе, кои се кријат во оклоп, кои се предаваат само физички, кои се плашат да пуштат некој во својот живот, се плашат да дадат љубов, а тоа е толку погрешно.
Епа тогаш си офтопик. Тука мужите се на тапет. :)


Инаку си во право. Јас немам проблем со емоции и си кажувам што мислам али често пати низ животот сум се соочил со особи кои имаат проблем во тој дел и ги преплашува. Просто и најосновната човекова работа - емоциите се ставаат како предмет кој не треба да се открива и се става на страна. Можеби имаат страв од неуспех и повреда али никој не знае што ке се случи во иднина или пак ако веќе имале такво искуство - дека ке се случи пак. Едноставно е најдобро да се остави емоциите сами да се движат а не да се дава предвидувања. Зашто едноставно assumption is the mother of all fuckups.

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да беше потклекнувањето привремено до сега човековата љубов (имавме време) која требаше да се дели меѓусебе ќе беше на толкаво ниво каде што ќе немаше личност која ја има осетено грдата страна на тоа чуство, ќе немаше пуштено солза од тага, скршени срца, убивања (нели ќе се сакавме меѓу себе) и други љубовни гнаснотии.

Скршени срца, убивања има, затоа што меѓу доброто, мора да постои и лошо. Едноставно се на светот има баланс. Ако го нема лошото, како ќе знаевме што е добро и чисто?

И сите тие скршени срца, солзи - се привремени... кога ќе се најде љубовта, за што треба трпение, сето тоа исчезнува, тогаш ја сфаќаме вредноста.

Сите го сакаат виножитото, ама за да има виножито, мора да се истрпи и дождот. :wink:
Љубовта ќе беше совршена, имаше време да еволуира ама јебеш ја таа постепено се губи т.е. луѓето почнаа да се помируваат или сватија дека такво нешто не постои.
Љубовта како чувство Е совршена, луѓето ја вулгаризираат и навредуваат, на моменти и забораваат.

Апатијата е само привремен момент, лоша епизода од човештвото, криза во духовноста...

Можеби звучи смешно, ама знам убедена сум во тоа дека на крај.... Љубовта ќе победи.



Епа тогаш си офтопик. Тука мужите се на тапет. :)
А бе у милион теми жените се на тапет... :) :) :)

Јас само се борам против генерализирање. :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Скршени срца, убивања има, затоа што меѓу доброто, мора да постои и лошо. Едноставно се на светот има баланс. Ако го нема лошото, како ќе знаевме што е добро и чисто?

И сите тие скршени срца, солзи - се привремени... кога ќе се најде љубовта, за што треба трпение, сето тоа исчезнува, тогаш ја сфаќаме вредноста.

Сите го сакаат виножитото, ама за да има виножито, мора да се истрпи и дождот. :wink:

Љубовта како чувство Е совршена, луѓето ја вулгаризираат и навредуваат, на моменти и забораваат.

Апатијата е само привремен момент, лоша епизода од човештвото, криза во духовноста...

Можеби звучи смешно, ама знам убедена сум во тоа дека на крај.... Љубовта ќе победи.
Епа го имаше и сеуште го има лошото во љубовта. Ако е совршена како што тврдиш досега (со тек на време) ќе се елиминираше лошото, бидејќи тоа ја кочи назад.

Пак ќе речам, ако беа привремени досега ќе ги немаше (човекот постои одаамна, со вродени чуства меѓу која е и љубовта).
Уште колку ќе биде привремено?

Љубовта е исто што и омразата. Совршен контраст на позитивно и негативно човечко расположение или однесување.

Интересно е што омразата е привремена, ќе умре (умира постепено).
Што мислиш љубовта нема?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Епа го имаше и сеуште го има лошото во љубовта. Ако е совршена како што тврдиш досега (со тек на време) ќе се елиминираше лошото, бидејќи тоа ја кочи назад.
Љубовта не може да го елиминира лошото, лошото одново ќе се раѓа и ќе се обидува да ја уништи љубовта, но никогаш нема да му успее... лошото е тука за да држи баланс, за да им покаже на луѓето што всушност е доброто. Љубовта Е совршена, од друга страна луѓето НЕ се, и затоа не се борат доволно да ја најдат и оддржат. Љубовта не може сама да се бори и да ги тера луѓето со сила да ја прифатат. Луѓето треба да ги отворат срцата и да ја пуштат љубовта да влезе во нивниот живот.

Пак ќе речам, ако беа привремени досега ќе ги немаше (човекот постои одаамна, со вродени чуства меѓу која е и љубовта).
Уште колку ќе биде привремено?
Уште малку... ќе дојде денот кога моќта на љубовта ќе ја надвладее љубовта кон моќта и површноста.
Интересно е што омразата е привремена, ќе умре (умира постепено).
Што мислиш љубовта нема?
Никогаш.

Омразата е само отсуство на љубов и ништо повеќе.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Скршени срца, убивања има, затоа што меѓу доброто, мора да постои и лошо. Едноставно се на светот има баланс. Ако го нема лошото, како ќе знаевме што е добро и чисто?

И сите тие скршени срца, солзи - се привремени... кога ќе се најде љубовта, за што треба трпение, сето тоа исчезнува, тогаш ја сфаќаме вредноста.

Сите го сакаат виножитото, ама за да има виножито, мора да се истрпи и дождот. :wink:

Љубовта како чувство Е совршена, луѓето ја вулгаризираат и навредуваат, на моменти и забораваат.

Апатијата е само привремен момент, лоша епизода од човештвото, криза во духовноста...

Можеби звучи смешно, ама знам убедена сум во тоа дека на крај.... Љубовта ќе победи.
Зарем стварно веруваш во ова?
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
Љубовта таква каква што ја познаваат повеќето не постои, тоа е збор кој опишува хемиска реакција предизвикана од потребата сексуално да се општи со спротивниот пол, некој вид на магнетна привлечност помеѓу + и -. Единствено нешто кое е за почит е искреното пријателство, кое може да биде за цел живот.

Тоа што повеќето го нарекуваат љубов помеѓу двајца е една краткотрајна сексуална(профинета, и затоа ја нарекуваат љубов)привлечност, која со тек на време исчезнува, и затоа ако нема блиско пријателство помеѓу партнерите, бракот или врската ќе се претворат во очај...прилично брзо.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Љубовта Е совршена, од друга страна луѓето НЕ се, и затоа не се борат доволно да ја најдат и оддржат. Љубовта не може сама да се бори и да ги тера луѓето со сила да ја прифатат. Луѓето треба да ги отворат срцата и да ја пуштат љубовта да влезе во нивниот живот.
Љубовта е совршена, а луѓето не ?

Колку што помнам јас љубовта би требало да е чуство создадено од човекот кое е совршено суштество бидејќи има совршени творби (љубовта).

Крејзи не знаев дека си ХЦ христијанин :pos2::smir:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
А да кажеа мажите шо испопишале на темава ЗОШТО КОГА НЕКОЈА ДЕВОЈКА ИМ СЕ ДОПАЃА НЕ И ПРИОЃААТ?:uvo:
Туку 95% од денешниве мажи го бараат келнерот за да оди да ја праша цурата шо ќе се напие од дечкото кој ја шмека.Да кажеа денешниве мажи зошто имаат потреба да испијат 10 пива за да и се пуштат на некоја девојка?Во пивото лежи храброста или пак им е полесно така усмрдени на алкохол, со преплетен јазик да и пријдат на некоја и да ја прашаат дали може да се запознаат или па да и кажат дека им се сфиѓа?Па нормално дека таквите "мажи" ќе бидат одбиени, мислам кој сака буре пиво до него?Прво на девојката на која и се пуштате(после испиените пива) ќе и паднат трепките од количеството алкохол што го имате.
Не ги бранам ни жените, затоа што и тие се криви за ваквиот однос на мажите кон нив.95 % од жените глумат некои си п*чки а далеку се од тоа.Сакаат само пари и кола, а откако цел град ќе дознае што "п**ки" се, нормално дека ќе бидат сами.:toe:
п.с.Темата е и повеќе од јасна, мислам дека нема потреба толку да одите офтопик.

Зарем стварно веруваш во ова?
Темата не е за кој во што верува, туку за денешните мажи.За тоа ако имаш нешто да кажеш.....бујрум:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom