F.E.I.T. - Fundamental Emergency Intelligence Team

МадерФакер

Титл по моја желба
Член од
25 ноември 2009
Мислења
678
Поени од реакции
44
CreateReadImage.ashx


F.E.I.T.... Fundamental Emergency Intelligence Team...
Целта на овој мал проект е да се направи игра која ќе биде поврзана со Факултетот за електротехника и информациски технологии. Сметавме дека огромните можности кои ги нуди Unreal Engine најдобро ќе бидат искористени доколку направиме игра која ќе изобилува со многу акција, моќни звучни ефекти, напредна физика што досега не е видена во ниту една друга компјутерска игра, предизвикувачка вештачка интелигенција и незаборавни филмски секвенци.
Видео играта претставува приказна за еден член на специјалниот одред F.E.I.T., кој е испратен во Факултетот за електротехника и информациски технологии, за да го истражи случајот на исчезнување на еден од роботите од Институтот за автоматика. На почетокот тој влегува во зградата на факултетот и се шета низ Главниот хол, притоа чувствувајќи дека нешто го гледа...нешто чудно..нешто мистериозно. Доаѓа до орманот што се наоѓа пред Амфитеатарот, го отвора (го притискате копчето „E“ од тастатурата) и наоѓа оружје во него. Одеднаш роботот детектира дека тој претставува можна закана за него и го напаѓа. Започнува епска битка која завршува со победа на главниот протагонист. По поразот роботот се телепортира во центарот на атриумот во видно изменета форма. Главниот лик доаѓа пред него и одеднаш се појавуват скелети кои му се закануваат со лоша судбина доколку не им се приклучи. Меѓутоа, тој одбива и играта завршува со што се остава можност за продолжение.

Линк за превземање:
Дел 1: http://www.mediafire.com/?0wnwdmgm5ml
Дел 2: http://www.mediafire.com/?w23ezhngmnz

Уживајте!

превземено од: http://makedonijalive.qsh.eu/NewsRead.aspx?newsId=148
 
Ај да видиме шо чудо е :)
 
Ја пробав. Ова е игра која е сеуште во тест фаза. Доколку решите да ја пробате, тоа кон што треба да посветите внимание е реалната и (сеуште) експерименталната физика на ѕидовите, стаклата, клупите, знамињата на ФЕИТ и МФ (што се сместени до таблоата), корпите за ѓубре, сандачињата за пошта. Имено, речиси се во нивото е кршливо, што досега не е видено во ниту една друга компјутерска игра. Најс:vozbud:
 
Ај да видиме шо чудо е :)

Играта сеуште е во бета-верзија, но бета-нивото е ептен добро направено. Графика, звук, ефекти - се е на завидно ниво. И што е најбитно, играва е направена во Македонија. :)
 
Играта сеуште е во бета-верзија, но бета-нивото е ептен добро направено. Графика, звук, ефекти - се е на завидно ниво. И што е најбитно, играва е направена во Македонија. :)

Да да, тоа е најважно. Респект за дечките што се зафатиле со Game Developing.
 
Да да, тоа е најважно. Респект за дечките што се зафатиле со Game Developing.
Тоа е и проблемот кај нас во Македонија. Сите се фураат да направат некаква игра, ама никој не се зафаќа за работа. Се надевам дека ова ќе биде поттик и за другите. Да покажеме дека и нас, Македонците, не бива за ова. А во денешниот свет, гејмингот е најдобра реклама за една малку позната нација:wink:
 
Јакооооооооо :) Да го кршиш електро! My dreams are coming trueeeee :)))) хахахаха
Браво за момците што ја правеле ако не читаат :)
 
Јакооооооооо :) Да го кршиш електро! My dreams are coming trueeeee :)))) хахахаха
Браво за момците што ја правеле ако не читаат :)
Во право си Кент. Само, треба уште да направат место пушка да има хебла:vozbud:. Да биде поавтентично:wink:
 
значи во “играва“ ниту има пушка ниту нешто за кршење, само се шеташ и скокаш... или пак јас нешто пропуштам цело време?


едит - се снајдов :)
 
Уништење.. е вака се почнува :) хрватот со Serious Sam напрај лом а СС е прилично наглупа игра :) али ок е ова ќе видиме целата
 
Не ми се веруваше дека електрашиве направиле вакво нешто :vozbud:. Ја пробав играта. Супер е. Има голем потенцијал. Иако сум фан на Source енџинот, сепак и Unreal 3 врши работа. Би сакал да се прошири играва на тој начин што ќе би се шетало низ целиот факултет. Т.е. низ спратови, во училници... Па дури и кај професорите во кабинет (па да видат после како ќе им го "преуредам кабинетот" :pos2:). Браво за креаторите. Се надевам ќе продолжат да ја шират играва, да не биде само едно делче. Па после и ние македонците да се фалиме дека имаме направено видео игра. :smir:
 
Добри коментари читам..
Сега вадам, за 1 час ке ставам мое мислење...

Секоја чест.. Редно беше нешто асално македонско...

Ауу. Јако е ова..
Значи, како што рековте... Се е кршливо!
Credits не се многу читливи..
Имав tearing понекогаш, но сепак.. Многу добро направено...

Секоја чест за дечкиве, одвај чекам да се заврши ова..

И.. Музиката.. Ме наежи...........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom