Етничката припадност на Цар Самоил и карактерот на неговото царство

Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
При се тоа, Македониjа е укажана во географска смисла, не во смисла на држава, а за Славониjа jасно пишува дека со овоj поим се нарекува териториjата населена со словенски племена, кои не се под контролот на Византиjа.

Тие цитати не дават никаква нова информациjа, само потврудуват основната теориjа - словените немале држава, а само териориjа, на коja живеле словенски племена. Истата таа териториjа се менувала, ту била во Византиjа, ти во Бугариjа, ту во друга држава. Со годините се смесиле со населението на другите држави, бидеjки биле неспособни да си создадат сопствена држава.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Коj e ovoj titan na mislata Shafaric ? :toe:

:pos2:

Eден тип.. по чие име го крстија универзитетот во Кошице, Словачка.

http://www.upjs.sk/

Slovak philologist, poet, one of the first scientific Slavists; literary historian, historian and ethnographer.

При се тоа, Македониjа е укажана во географска смисла, не во смисла на држава, а за Славониjа jасно пишува дека со овоj поим се нарекува териториjата населена со словенски племена, кои не се под контролот на Византиjа.

Тие цитати не дават никаква нова информациjа, само потврудуват основната теориjа - словените немале држава, а само териориjа, на коja живеле словенски племена. Истата таа териториjа се менувала, ту била во Византиjа, ти во Бугариjа, ту во друга држава. Со годините се смесиле со населението на другите држави, бидеjки биле неспособни да си создадат сопствена држава.
Сега би требало да си идиот и пак да тераш по свое.

Склавинија е административно име за делумно независна територија во рамките на Византија.

Имало повеќе Склавинии бидејќи постоеле повеќе такви кнежества.

Неколку од нив беа во Македонија.

Словените живееле на територијата на ЦЕЛИОТ Балкански полуостров, а во одредени делови имале свои кнежества во различни временски периоди.

Џабе се трудите да разводните дискусија и да релативизирате некои работи кои се такви какви што се.

Малце општо инфо
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
1. Зошто за крунисувањето му бил потребен втор патријарх, т.е. Зошто е потребен и Римскиот патријарх, имајќи го Трничкиот.
- Доколку Самуил бил крунисан за Бугарски цар, тогаш едноставно за тоа му било потребен само трничкиот патријарх. За нова круна се потребни 2 патријарси (ист случај со Стефан Првовенчани). Има 2 клучни моменти кои не се земаат во предвид, а тоа е после пуштањето на слобода на бугарскиот цар Роман, Самуил официјално се покорува и работи за него, но фактички ја има моќта во свои раце. После првата противофанзива на Васил, Роман го губи животот. Самуил не ја зема Бугарската титула, иако лесно може да ја земе. Се повлекува во својата Земја(земјата на березитите), ја оформува Преспанската патријаршија (или ја сели Трничката во Преспа), добива подршка уште од еден патријарх (Римскиот). И се крунисува за Македонски цар.

2. Зошто црквата на Самуил не е поврзана со Охридската архиепископија ?
- Архиепископии на балканот има 2, тоа се охридската и атинската. Тие 2 архиепоскопии имаат поделено своите надлежности врз патријаршиите. Атинската има владение врз блискоисточните патријаршии (Сириската, Александриската...) додека охридската ги има во владение европските патријаршии. Има погрешно толкување дека архиепископија е пониско од патријаршија, но тоа не е точно. Дури има и директни докази дека Пеќката патријаршија(не знам за другите) била под јурисдикција на Охридската Архиепископија. Лоша е претпоставката дека Охридската Архиепископија е Св.Климентова црква. Охридската архиепископија која иначе официјално во црковни извори (сеуште) се вика Јустинијана Прима е оформена во средината на 6 век, или 300 години пред св.Климент. За време на Македонската династија, е возобновена (имајќи ги во предвид разурнувањата на иконокластите за време на религиозната граѓанска војна во Византија пред Македонската династија да дојде на власт). Значи една нова Патријаршија, без разлика колку е блиску до Охридската архиепископија не се коси со владението на истата. Над новата патријаршија пак ќе била Охридската Архиепископија.

--- надополнето ---

3. Зошто Васил 2 е наречен вулгароктон.
- Васил 2 голем дел од своето владение како со-владар и како император го поминал во воени експедиции во блискиот и средниот исток. Успехот на Самуил се должи на највеќе на военото отсуство на тогашната империја од Балканот. Европската историјата на Васил 2 му ја има дадено заслугата дека неговите акти го забавиле проширувањето на Турците за 400 години. Значи спротивно на некои извори, дека воените кампањи на Васил биле насочени против Персијци и Арапи, тоа не може да е точно, бидејќи со Персија и Арабија во тоа време владееле Атабејови (Турци). Значи Васил поголемиот дел од својот живот водел војни со Турци на блискиот и средниот исток. Имајќи во предвид дека вулгар = турчин(татар, хун) одтаму му е и називот вулгароктон. Да се подсетиме дека ослепувањето на војници не е исто како и колење (вулгароктон означува човек што коле вулгари, а не ослепувач). Гаврил Радомир само неколку дена пред битката на Беласица, од заседа го уништува целосно солунскиот батаљон, кој одел во помош на главнината на на војската на Васил. Тука збориме за иљадници убиени војници, ослепувањето било одмазда. Значи иако направил уште поголем грев од Васил, никој историчар не му дал таков страшен назив. Значи Васил својот надимак го има добиено на блискиот и средниот исток, борејќи се против Турците.
 
Не постои бугарска црква во периодот на Самоил:

“През 972 г. император јоан Цимисхи уништожава политическата и ц'рковна независимост на Източното б'лгарско царство.’’

(Ц'рковен Вестник, Издание на Б'лгарската Православна Ц'рква, Година 103, број 9 и 10, Софија, 1-30 мај 2003, наслов “Б'лгарските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА).

Трновската Патријаршија НЕ постоела во времето на Самоил. Таа е оформена дури во 13 век!

2. Зошто црквата на Самуил не е поврзана со Охридската архиепископија ?
- Архиепископии на балканот има 2, тоа се охридската и атинската. Тие 2 архиепоскопии имаат поделено своите надлежности врз патријаршиите. Атинската има владение врз блискоисточните патријаршии (Сириската, Александриската...) додека охридската ги има во владение европските патријаршии. Има погрешно толкување дека архиепископија е пониско од патријаршија, но тоа не е точно. Дури има и директни докази дека Пеќката патријаршија(не знам за другите) била под јурисдикција на Охридската Архиепископија. Лоша е претпоставката дека Охридската Архиепископија е Св.Климентова црква. Охридската архиепископија која иначе официјално во црковни извори (сеуште) се вика Јустинијана Прима е оформена во средината на 6 век, или 300 години пред св.Климент. За време на Македонската династија, е возобновена (имајќи ги во предвид разурнувањата на иконокластите за време на религиозната граѓанска војна во Византија пред Македонската династија да дојде на власт). Значи една нова Патријаршија, без разлика колку е блиску до Охридската архиепископија не се коси со владението на истата. Над новата патријаршија пак ќе била Охридската Архиепископија.

Прв Патријарх на Охрид е ГГ. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град.
(Standard News, Софиjа, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата“).

Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ на Бугарија.

Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна ц'рква с т'лкованијата им, Софија, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”Историја на П'рвото б'лгарско Царство”. II. От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018) стр.119-120)

Тогаш, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.); за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.

Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа. Според , Св. Климент станал автономен управител на целата територија на Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина (Ibid. pp. 157 et seq.). Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).

Таков кмет (комитопул) бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).

3. Зошто Васил 2 е наречен вулгароктон.
- Васил 2 голем дел од своето владение како со-владар и како император го поминал во воени експедиции во блискиот и средниот исток. Успехот на Самуил се должи на највеќе на военото отсуство на тогашната империја од Балканот. Европската историјата на Васил 2 му ја има дадено заслугата дека неговите акти го забавиле проширувањето на Турците за 400 години. Значи спротивно на некои извори, дека воените кампањи на Васил биле насочени против Персијци и Арапи, тоа не може да е точно, бидејќи со Персија и Арабија во тоа време владееле Атабејови (Турци). Значи Васил поголемиот дел од својот живот водел војни со Турци на блискиот и средниот исток. Имајќи во предвид дека вулгар = турчин(татар, хун) одтаму му е и називот вулгароктон. Да се подсетиме дека ослепувањето на војници не е исто како и колење (вулгароктон означува човек што коле вулгари, а не ослепувач). Гаврил Радомир само неколку дена пред битката на Беласица, од заседа го уништува целосно солунскиот батаљон, кој одел во помош на главнината на на војската на Васил. Тука збориме за иљадници убиени војници, ослепувањето било одмазда. Значи иако направил уште поголем грев од Васил, никој историчар не му дал таков страшен назив. Значи Васил својот надимак го има добиено на блискиот и средниот исток, борејќи се против Турците.

Додавката “Бугароубиец“ му е дадена неколку века подоцна (14 век) во Хрониката на Ефрем (Ephraim Aenii Historia Chronica, Athens, 1990, стр. 109) 4 века после битката кај Беласица, односно откако веќе била создадена ТЕМАТА (административната единица)БУЛГАРИЈА во 1018 г на територијата на денешна Македонија, заедно со оној дел во Грција, југоисточна Србија и северозападна Бугарија.

In chapter five, Stephenson explores how the contemporary authors referred to Basil. An extensive survey of the Byzantine sources reveal that instead of Voulgaroktonos, Basil was generally referred to as porphyrogennetos or "born in the purple" to show he was the reigning emperor.Otherwise he was referred to as "the younger" or "the second". Thus Basil was known to the chroniclers and others as Basil II. This trend continued in the literature well beyond the life of Basil. Stephenson also reveals that this was well known even to biographers in the seventeenth century.
It is not until chapter six thatthe mystery is revealed in why Basil transforms from porphyrogennetos into the Voulgaroktonos. As one might suspectit has more to do with political changes, particularly in the ways that Bulgars were viewed in the twelfth century, rather than any particular historical activities. However, Basil image would decline again in later centuries, particularly with the rise of the Turks and a decline in the threat from the Bulgars.

The Legend of Basil the Bulgar-Slayer
http://www.deremilitari.org/REVIEWS/...nson_basil.htm

Морав да се повторувам од други теми бидејќи некого го мрзи да провери.

И уште еден рипит:

Од 972 не постои никаква Бугарија ниту царство со нејзиното место, територијата е поделена на теми, а Роман со титулата се наоѓа во Цариград.

Претходно заедно со брат му Борис се борат против Самоил во 970 г. После што Роман му го предава Скопје на Василиј 2.

Крунисањето на Самоил е подоцна само поради тоа што Византија не сака да го круниса, па го добива крунисањето дури подоцна од Ватикан.

Круната на Роман се наоѓа во Цариград кај Василиј и затоа јасно е дека нема да му ја даде круната на неговиот најголем непријател Самоил .

А престолот Самоил не го избра да биде во Бугарија, Преслав или некое друго место во Бугарија, туку во Македонија во Охрид, а во неговата држава жители беа и Власи и Срби, па дури Хрвати.

Постојат докази и извори дека западното римско царство Самоиловата држава ја нарекува СКЛАВИНИА, а не Бугарија, како што тоа го прави подоцна источен Рим т.е. Византија.

Кнез на Берзитската Склавинија, една од најголемите, бил таткото на Самоил, кнезот Никола.

(Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136;
Bernhardi, Lothar, S. 600 f. zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39 или Zonaras, ibid., IV, p. 75)

Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис со крстено име Михаил, секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички архиепископ.

Инаку целото папско правило гласи:

”...Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc...”

”Правила на св. православна ц'рква с т'лкованијата им, Софија, 1912, т. I, стр. 98... Васил Н. Златарски: ”Историја на П'рвото б'лгарско Царство” II...
От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018) стр.119-120)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тогаш, бугарскиот цар Борис со крстено име Михаил, ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област.

(Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.)

За управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.

Хронолошки:

Во 969 г., императорот Никифор Ј. Фока бил убиен, па на чело на Византија доаѓа Јован Цимискиј.

Во 970 г. бил ликвидиран комитопулот Никола, а власта со автономната земја ја презеле неговите четири синови.

Во 971 Јован Цимискиј ги протерал Русите од Балканот, и го ликвидирал слабото бугарско царство. Бугарија ја претворил во обична тема - провинција. Борис II и неговиот брат Роман повторно биле заробени и одведени во Цариград. Заедно со нив била пратена и бугарската царска круна. Истата година и Србија била потчинета од Византија, и уредена како провинција.

Земјата продолжила автономно да биде владеана во тетрархија од четирите браќа:

- Давид владеел со јужните делови од земјата. Тој требал да ја чува најризичната гранична линија на патот кои Солун и Тесалија, кој постојано бил на мета на различни непријателски продори. Дворците на Давид биле сместени во Преспа и Касториа;
- Мојсеј својата власт ја ширел од Струмица која била главна база од која се лансирале походи кон брегот на Егејот, и Серез;
- Арон владеел од градот Средец, и имал за задача да ги спречува продорите на главниот пат од Адрианопол до Белград, како и да ја напаѓа Тракија;
- Самуил владеел со северозападниот дел на земјата, од добро утврдениот град Видин;

Тоталната независност на земјата на четирите браќа речиси била на дофат, а тоа се гледа и во моментот кога Јован Цимискиј им дозволил на комитопулите да испратат свои претставници на дворот на германскиот император Отон I во Кведлинбург 23 март 973 г, за да му однесат подароци по повод велигденските празници. На приемот во Кведлинбург тргнал најверојатно Самуил со еден од браќата. Таму го искористиле присуството на другите европски владетели, за издејствување на меѓународно признание на својата држава.

Во 976 г. умрел и Јован Цимискиј. Браќата Давид, Мојсеј, Арон, и Самуил ја искористиле неговата смрт, за повторно да кренат финално востание овојпат против наложената византиска врховна власт. На страната на комитопулите поминало и дел од бугарското население, со што во Македонската Средновековна држава биле приклучеии и бугарски територии.

Во текот на 976 г., во рок од шест месеци биле убиени тројцата Самуилови браќа:

- Давид загинал кај местото “Убави Дабови“, меѓу Костур и Преспа, во борбите со Власи скитници;
- Мојсеј загинал во борбите со Византијците кај Серез;
- Арон бил ликвидиран од Самуил, во околината на Разметаница, зашто со помошта на Византија се стремел за себе да ја приграби целата власт во државата. Било ликвидирано и целото негово семејство. Жив останал само неговиот син Иван Владислав, кој бил спасен и поштеден од Гаврило Радомир, синот на Самуил;

На тој начин од 976 г. македонската држава била претворена во монархија, на чело со македонскиот монарх Самуил.

"Whilst, during Symeon's reign, the Droungovits, Strymonits and in general all Sclavinians were distinguished from the Bulgarians, during Samuel's reign and thereafter the name of Sclavinians vanished altogether, the Macedonian Slavs are designated by the Byzantines under the general name of Bulgarians, and the country conquered by them from Samuel, ie the west and north Macedonia, was from now on called Bulgaria. Thus the Greeks themselves gave the name of Bulgarians to all Slav-speaking populations and named Bulgaria not only the Bulgarian territory but Greek provinces as well. We, then ourselves gave to the Bulgarians the rights to lay claim over regions and populations with which they had nothing in common....."

(S. Kyriakides, "The Northern Ethnological Boundaries of Hellenism", p. 37, Thessaloniki, 1955)

Превод:
"Додека за времето на владеењето на Симеон Драгувитите, Струмјаните и општо сите Склавини беа јасно посебни од Бугарите, за време на владеењето на Самоил и после тоа името Склавини сосема исчезна, Македонските Словени се назначени од Византијците со општото име Бугари, и земјата освоена од нив од Самоил, т.е. западна и северна Македонија беше од тогаш наречена Бугарија. На тој начин самите Грци му го дадоа името Бугари на сето Словено-говорно население и ги крстија Бугарија не само Бугарските територии туку и Грчките провинции. Ние самите значи (мисли на Грците) им го дадовме на Бугарите правото да претендираат кон области и население со кои тие немаат ништо заедничко..."

(С. Киријакидес, "Северните Етнолошки Граници на Хеленизмот", стр. 37, Солун, 1955)
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И зашто Самуил се нарекува сам себе си "раб божи" за долог периот от време? Сите знаеме дека монарсите се титолуват по совсем друг начин....
Чиja круна взима и коj го признава за да се титолува цар...?!
Ти сакаш да ми кажеш дека грците не били свестни,коja држава покорили?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И зашто Самуил се нарекува сам себе си "раб божи"? Сите знаеме дека монарсите се титолуват по совсем друг начин....
Слаба инвентивност бугаре...

Раб божји е синоним на Син Божји.

Власта во средновековието редовно се именувала како Божји Слуги, од Кралеви, Монарси до Кнезови и Свештенството.

Servant of God is a title given to individuals who are members of different religions, but in general usage the phrase "servant of God" is used as a description of a person believed to be pious in his or her faith tradition. In early Christianity, as is still the case in the Eastern Orthodox Church, this term applies to all the faithful whom the Church comprises.

http://en.wikipedia.org/wiki/Servant_of_God
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Фала ти.... ти пропусташ дека има разлика крале,кнезове и така натаму со титлата цар.
И мислев дека википедиja баш за тебе не е извор...
Син и слуга не могат да бидат синоними...
Ако не си чул и до днес во молитвите си,православната црква нарича целиот народ : раби божии.
Уште чекам да чуjaм името на патриаршиjaта и патриархот/патриарсите, Братот.... :)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Патријархот ти е запишан на Ахил - Г.Г. Герман.

Раб Божји или Слуга Божји почесна титула во Византија, со истата верзија се нарекувале властодржците во скоро сите религии ( на нивните соодветни јазици).

Во скопско Пронајден е христијански надгробен камен споменик од 534 г. на Војвода Хилбуд во служба на византискиот цар Јустинијан, напишан на македонословенски јазик со грчки букви каде јасно стои "раб божји" [Иванов, јордан. Северна Македонија. Исторически издирванија. 1906, с.61].

Дријенак - Петровићи
Црква Светог Јована Крститеља
15. март лета господњег 2008.
У темеље, зидове и пиластре цркве уграђени стећци.
На поду цркве леже две велике надгробне плоче са натписима окренутим
ка иконостасу који гласе:
1. СЕ ЛЕЖИ РАБ БОЖЈИ КНЕЗ ГРБАН ЧОТКОВИЋ
2. СИЈА КАМЕН ВОЈВОДЕ ЧВЕТКА БАЊАНИНА
На западном зиду, са десне стране улаза, налази се натпис:
ПОНО...
НА 1860 (ПОНОВЉЕ НА 1860)

Раб божји е синоним на Син Божји од Еврејски.

Во имја отца и сина
и свјатога духа
аз Самоил раб божји
полагаја памјат отцу
и матери и брату
крстеших си имена
усапших Никола раб
божји,Рипсимие
Давид написа се
в лето од створенија мира
У Y. Ф. А. индикта Y
После помазивања освећеним јелејем (уљем), свештеник крштава неодевено дете на тај начин што га трипут погружава у воду говорећи при првом погружењу: "Крштава се раб Божји (раба Божја - име) у име Оца - амин", при другом, "и Сина - амин", и при трећем, "и Светога Духа - амин."

http://www.pravoslavlje.net/index.php?title=Крштење

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКАТА
ОХРИДСКА ПАТРИЈАРШИЈА -
МАЈКА НА ПРАВОСЛАВИЕТО

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2005/sonce595.pdf/31_34_Petar_feljton.pdf
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Трновската Патријаршија НЕ постоела во времето на Самоил. Таа е оформена дури во 13 век!
Значи во 13 век е возобновена не е дека не постоела. Според wikipedia (треба да се провери од други извори), Трновската патријаршија е оформена 864 и е признаена од Цариград во 927 г. Е сега во времето пред Самуил, била уништена Бугарската држава, а Роман и Борис биле во заточеништво во Цариград и биле кастрирани за да не остават наследство и за да се укине Бугарската круна. Трновската Патријаршија неможела да се укине тек така.

Прв Патријарх на Охрид е ГГ. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град.(Standard News, Софиjа, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата“).
Охридската Архиепископија не е гибната, тоа е најверојатно нова патријаршија која се нарекува Преспанска. Е сега според larouse првиот патријарх се викал Филип, а крунисувањето на Самуил е извршено со двајца патријарси (Преспанскиот и Римскиот). Зошто воопшто би била Охридска, а со центар во Преспа. Зошто воопшто би се менувал центарот ако имало преименување. Зборот ми е не е можно архиепископија да се преименува во патријаршија и спротивно од мислењата, архиепископија е повисока инстанца од патријаршија, зошто во владение има патријаршии. (денешната грчка црква е Атинска Архиепископија и има на владение патријаршии). Под Охридската архиепископија се сите „славјански“ патријаршии (затоа владението на охридската архиепископија се нарекувало Македонија, а народот Македонски), се до нејзиното укинување 1762 г.

Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ на Бугарија.
Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна ц'рква с т'лкованијата им, Софија, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”Историја на П'рвото б'лгарско Царство”. II. От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018) стр.119-120)
Папата(Римскиот патријарх) не бил тој што издава правила во православието, поготово не 866 година, што е во времето на првата шизма. Можеби барајќи влијание пробува да делува на Балканот, но далеку од дека во тоа време имал успех. Прв директен акт на папата на Балканот е крунисувањето на Самуил. И овој чекор е една од главните причини за конечната шизма.

Тогаш, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.); за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.

Прво, дали е изричито напишано епископ на словенски јазик ?
и второ, тоа што Св.Климент бил епископ не значи дека Охридската архиепископија не постоела. Како што стои во списите, Архиепископијата е оформена од Јустинијан под името Јустинијана Прима, возобновена со победата над владетелите иконокласти со доаѓањето на Македонската династија.

Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа. Според , Св. Климент станал автономен управител на целата територија на Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина (Ibid. pp. 157 et seq.). Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).

Значи создавањето на Бугарската патријаршија е во време кога Бугарската држава е во својот зенит и покрстувањето на цело „словенско“ население Византија всушност го проширува своето влијание на север во Бугарија каде што нема ни трага од првобитните Бугари. Но прашање е дали Бугарската држава некогаш владеела со Охрид па макар и кратко.

Таков кмет (комитопул) бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).

Немам досега забележано дека Никола бил Бугарски вазал. Имал војна со Бугарите и во сојуз со Јован Цимискиј кој бил совладар и задолжен за Балканот. Повеќе ми изгледа дека березитскиот кнез Никола е Византиски вазал отколку Бугарски. Иван Пандиловски дури тврди дека постојат документи кои ја докажуваат роднинската врска на Никола со владеачката династија на Византија.

Додавката “Бугароубиец“ му е дадена неколку века подоцна (14 век) во Хрониката на Ефрем (Ephraim Aenii Historia Chronica, Athens, 1990, стр. 109) 4 века после битката кај Беласица, односно откако веќе била создадена ТЕМАТА БУЛГАРИЈА во 1018 г на територијата на денешна Македонија (заедно со оној дел во Грција), југоисточна Србија и северозападна Бугарија.

Во секој случај не сум сигурен дека Ефрем напишал експлицитно дека битката на Беласица била причината за тоа. Како што реков Гаврил Радомир целосно го уништил Солунскиот гарнизон од заседа, притоа не оставајќи никој жив (се збори за над 10000 војници), но сепак не е запишан во историјата како колач или сл. Јас сепак мислам дека имајќи во предвид што значело во тоа време вулгар(Турчин), И имајќи во предвид дека славата на Васил не е победата над Самуил, туку славата негова е дека ја освоил Сирија(ја превземал од Турците), стигнал пред портите на Ерусалим (Со кој владееле Турци), се борел против Хазарите и против Турците во Иран.
Имај во предвид дека Ефрем бил поинформиран од нас, дека знаел од директни извори (Византиски документи) што и како се случувало. И не би направил грешка само ако името на темата е изменето.

Морав да се повторувам од други теми бидејќи некого го мрзи да провери.

Не е дека не читам, туку не се сложувам со све.

И уште еден рипит:

Од 972 не постои никаква Бугарија ниту царство со нејзиното место, територијата е поделена на теми, а Роман со титулата се наоѓа во Цариград.

Е тука е најинтересно, во уништувањето на Бугарското царство, Јован Цимискиј го има за свој сојузник кнезот Никола. Во таа војна Роман и Борис (единствените кои можат да седнат на престолот) се заробени, се кастрирани за да неможат да имаат наследници. Пуштени се подоцна од Васил, со надеж дека ќе створат граѓанска војна во Самоиловата држава, но Самуил ги прифаќа, за да не си направи проблеми со ројалистите, имајќи ја фактичката моќ.

Претходно заедно со брат му Борис се борат против Самоил во 970 г. После што Роман му го предава Скопје на Василиј 2.

Крунисањето на Самоил е подоцна само поради тоа што Византија не сака да го круниса, па го добива крунисањето дури подоцна од Ватикан.

Круната на Роман се наоѓа во Цариград кај Василиј и затоа јасно е дека нема да му ја даде круната на неговиот најголем непријател Самоил .

Значи 970 г. Никола е сеуште на власт и се бори заедно со Византија против Бугарската империја.

А престолот Самоил не го избра да биде во Бугарија, Преслав или некое друго место во Бугарија, туку во Македонија во Охрид, а во неговата држава жители беа и Власи и Срби, па дури Хрвати.
Постојат докази и извори дека западното римско царство Самоиловата држава ја нарекува СКЛАВИНИА, а не Бугарија, како што тоа го прави подоцна источен Рим т.е. Византија.

Дали има писмени докази од Византија во кои што Самуиловата империја била наречена Склавинија или Словенија.
Вака, некои историчари тврдат дека Византија во тоа време била нарекувана Македонска империја, како на пример на картата што ја доставив. Можеби е тука негде спорот. Можеби збориме за граѓанска војна која имала за цел превземање на власта и затоа и двете Империи се нарекуваат Македонски, а не се признаваат меѓусебно. Вакви војни не се реткост во Империјата, а богами не се ни реткост во Македонската историја.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Тук се сложувам дека патриаршиja не се укинува,заштото никоj не може да свали патриарха и да го понижи,ако тоj не умре. Во православието и сам патриархот не може да се откаже.
Мора да те изправам,това не е Трновска патриаршиja,а е Преславско-Дрстрска патриаршиja. Трновската е доста подоцна от 1235.

Охридската Архиепископија не е гибната, тоа е најверојатно нова патријаршија која се нарекува Преспанска. Е сега според larouse првиот патријарх се викал Филип, а крунисувањето на Самуил е извршено со двајца патријарси (Преспанскиот и Римскиот). Зошто воопшто би била Охридска, а со центар во Преспа. Зошто воопшто би се менувал центарот ако имало преименување. Зборот ми е не е можно архиепископија да се преименува во патријаршија и спротивно од мислењата, архиепископија е повисока инстанца од патријаршија, зошто во владение има патријаршии. (денешната грчка црква е Атинска Архиепископија и има на владение патријаршии). Под Охридската архиепископија се сите „славјански“ патријаршии (затоа владението на охридската архиепископија се нарекувало Македонија, а народот Македонски), се до нејзиното укинување 1762 г.

Папата(Римскиот патријарх) не бил тој што издава правила во православието, поготово не 866 година, што е во времето на првата шизма. Можеби барајќи влијание пробува да делува на Балканот, но далеку од дека во тоа време имал успех. Прв директен акт на папата на Балканот е крунисувањето на Самуил. И овој чекор е една од главните причини за конечната шизма.
За да има нова патриаршиja,таа се признава от некого и таа има маjка ...
Ние немаме податоци за такво нешто.
Прво, дали е изричито напишано епископ на словенски јазик ?
и второ, тоа што Св.Климент бил епископ не значи дека Охридската архиепископија не постоела. Како што стои во списите, Архиепископијата е оформена од Јустинијан под името Јустинијана Прима, возобновена со победата над владетелите иконокласти со доаѓањето на Македонската династија.

Значи создавањето на Бугарската патријаршија е во време кога Бугарската држава е во својот зенит и покрстувањето на цело „словенско“ население Византија всушност го проширува своето влијание на север во Бугарија каде што нема ни трага од првобитните Бугари. Но прашање е дали Бугарската држава некогаш владеела со Охрид па макар и кратко.
Со сигурност Охрид е во Бугариja през времето на кнез Борис I. Един от доказите за това ти е и надписот от Балши,пронаjден во Албаниja. По времето на Симеон I исто продолжува ..
Е тука е најинтересно, во уништувањето на Бугарското царство, Јован Цимискиј го има за свој сојузник кнезот Никола. Во таа војна Роман и Борис (единствените кои можат да седнат на престолот) се заробени, се кастрирани за да неможат да имаат наследници. Пуштени се подоцна од Васил, со надеж дека ќе створат граѓанска војна во Самоиловата држава, но Самуил ги прифаќа, за да не си направи проблеми со ројалистите, имајќи ја фактичката моќ.
По-интересен е момента дека патриархот на Преславско-Дрстрската патриаршиja заминава во државата на Самуил.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Што не тргна да ја ослободува Бугарија како негова матична земја, туку тргна на југ да освојува во Грција?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
По-интересен е момента дека патриархот на Преславско-Дрстрската патриаршиja заминава во државата на Самуил.

Кој беше тој Патријарх?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom