Акните - повеќе од тинејџерски проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имав достсаа проблеми но полека ги снемува и лицето ми е речиси исчистено... пробувава со мн лосиони и креми на крај от ми помогна медицинскиот сапун ассо дерм мн е ефикасен после тоа ставав клиндамицин пробајте ја оваа комбинација мене мн ми помогна .. треба само редовност ! :)
 
Тинејџерите кои имаат проблем со акните се тешат дека проблемот ќе помине со проаѓање на периодот на пубертерот и разбеснетите хормони. Проблемот е со што се тешат оние кај кои за првпат во животот се појавуваат акни!?

SHC_Acne.jpg


Акните се кожно заболување - медицински проблем кој може да трае повеќе години. Тие претставуваат и голем естетско-психоген проблем кај луѓето. Патолошкиот процес за создавање на акните се создава во лојните жлезди или поточно во фоликулот (вреќичката) на влакното во кој се собира излачениот лој од лојната жлезда. Акните може да се јават по целата кожа, а особено таму каде што има повеќе лојни жлезди (лице, грб, гради).

1249042_acne-v.jpg


Кај жените по пубертетот може да дојде до појава на хормонални акни поради зголемено ниво на машките (андрогени) хормони во крвта.
Кај жените е корисно паралелно испитување на хормоните во крвта - тестостеронот, прогестеронот, естрадиолот и дехидроепиандростеронот ако се забележува појава на зголемена влакнатост и нередовен менструален циклус.

akne17cj.jpg


Третирањето на акните е долготраен процес. Пред да се користат лекови, многу се важни превентивните мерки за третманот на акни. Тие мерки вклучуваат миење на лицето двапати на ден со топла вода и благ сапут. Лекувањето на сите форми акни треба да биде навремено и упорно.

akne28rw.jpg



Јас мислам дека акните настануваат како резултат на недоволна хигиена на телото ( особено на лицето ), преголемата употреба на шминки уште од раните години и исхраната. Што мислите вие!?


Акна е мал џеп со воспалени маснотии во кожата, произведени од лојните жлезди лоцирани во подлабокиот слој на кожата, а чиишто одводни канали се отвораат во фоликулот на влакното. Кога оваа маснотија ќе остане заробена и ќе се воспали, доведува до појава на мозолчиња познати како акни.

Симптоми:
Вообичаено се јавуваат на лицето и грбот и можат да се претворат во абсцеси или подлабоки кожни рани.


Причини:
Создавањето на хормонот тестостерон, кај мажи како и кај жени (иако повеќе кај мажи), предизвикува растење на лојните жлезди, кои создаваат повеќе лој. Во меѓувреме, кожата околу пората произведува кератин. Кога овие две субстанции ќе се измешаат, лојта и кератинот создаваат чеп кој ја затвора пората предизвикувајќи митесер (црнка). Кога пората ќе се зачепи поради оваа субстанција, бактериите почнуваат да се собираат и да се размножуваат. Ова го воспалува пределот и формира мозолче.

Препорачан третман:
1. Мијте го вашето лице секојдневно со течен сапун со неутрален pH наутро и навечер за да се отстрани маснотијата. (Исушете го лицето со тоалетна хартија, за да не се загади кожата повторно).
2. Нанесете прополис крема со алое вера (жените може да ја нанесат шминката преку прополис кремата).
3. Добра идеја е да се исчисти кожата длабински со маска за чистење (Марине маск)
4. Земете Бета-Каротен со Селен и витамин Е , Витамин-Ц и Витамин-Д
5. Советуваме да употребувате повремено ексфолијативна крема. Измијте го лицето со неутрален течен сапун. Исто така, нанесете маска за лице (види брчки) на база на ретинол и овошни киселини за да се корегира или поправи оштетената или лошо третирана кожа.
6. Земете природен антибиотик како прополис се додека не исчезне инфекцијата.
7. Акните бараат третман кој трае 4 до 6 месеци.

Дополнително се препорачува:
1. Да се елиминира колку што е можно повеќе употребата на шеќер и брашно, како и пржени јадења, путер, чоколадо и полномасно млеко.
2. Зголемете го внесот на житарици, како и јогурт, пробиотици кои ги прочистуваат желудникот и цревата.
3. Избегнувајте употреба на масни креми или козметика
4. Избегнувајте орални контрацептиви како и лекови кои содржат бромиди или јодиди.
Избегнувајте сапуни кои содржат сулфиди, јод, бромиди или маснотии.

Ова дека е испробано затоа ти го пишав, доколку има интерес можам да напишам и повеќе. Проблемот со акни се решава за едно 5,6 месеци, треба упорност но навистина помага. Работата е што е се навистина природно, може да си проверите.
Поздрав
 
sevo ova e super sto go kaza ama na pr kaj maskite so bricenje samo se razranuvaaat i ne se postignuva nikakov efekt u toj slucaj nekoj resenie?
 
уфф оваа тема ми е доста позната...лице и проблеми со лице...јас откако знам за себе знам и за проблем со лицето...но еве сега најдов едно решение кое сеуште го користам...на природна база е... крема со алое и прополис за мрсно лице и фрст спреј со алое кој го нанесувам пред кремата...кремата е поготово доста економична (900 денари) а се користи пола година...се нанесува само на заболените места и многу брзо се впива благодарение на брзото продирачко дејство на алоето кое навлага длабински во кожата....а фрстот (1200 денари) е спреј кој го дезинфицира лицето, во голема амбалажа е, исто помага кај изгореници, исекотини, се прска и во грло за дезинфекција на бактериите (доста актуелно за вирусиве) :wink:

пред се морам да потнецирам дека треба трпеливост во нивното користење...минимум 3 месеци...еве јас сум скоро до 2от месец, па имам подобрувања...


сега плус и внатрешно почнав да земам ПОМЕСТЕН, бидејќи ми се потроши алоето (ама кај и да е ке земам пофторно), инаку тоа е најдобриот антиоксидант кој се состои од калинка, круша, мангостан, малина, капина, сина боровинка и семе од грозје...вкусот е многу убав како сок да пиеш !!!

производите се од американска компанија FOREVER LIVING COMPANY ...која работи 32 години производство на производи од АЛОЕ...најпознатата во светот !!!

поздрав !!!
 
"ДИРЕКТОРКА", а од каде ги набавуваш овие производи?
 
Може да споделите некој корисен совет.
Имам неколку по лицето и сакам да ги отстранам но не знам како.:toe:
 
Ќе си купиш од аптека Ихтиолна маст 50 тина денари е. и ќе се намачкаш кај што имаш. не треба ни да ги стегаш ни ништо, сами ќе се исушат:smir:
 
Фала ти.
Ако има некој уште совети нека сподели.:smir:
 
Користам некој home made препарат, и доста ми помага.. Ретко ми се појавуваат.
А ко ќе се појават само ги мачкам со тоа и за една вечер си се повлекуваат.
 
ретко се појавуваат, во мали количини и немам проблем со нив.
 
Рендана краставица, оцет, вода и мислам уште нешто.. Сето тоа го ставаш у тегла, го оставаш да отстои 30 дена и после тоа го користиш. Мене ми помага, пубертетов го терам без бубулици =)
 
Јади мајонез многу! Мала шала.

Иначе акни се викаат ако веќе литературен македонски користиме.
Совет...
Редовно чистење на лицето, отиди во аптека и побарај некое средство што ќе успее да ги исуши акните, си знаат фармацевтите најдобро кое да ти го препорачаат. Боље совет од ова нема. Ама ако имаш многу акни немој да ги стискаш дека лицето ќе ти стане понатаму рошаво како на Б.Ц.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom