Другите за Исламот

  • Креатор на темата Креатор на темата reemteY
  • Време на започнување Време на започнување
Види батка иако сме офф, науката барем се обидува да најде решение за нештата, додека верата ги прифаќа за веќе готови.
Има разлика и тука доаѓа вродениот скептицизам.
Што од каде е?
Прашува малечко детенце и ти се обидуваш да му објасниш.
А диносаорусите се пред 6000 години?
Не бе сине пред 65 милиони исчезнале.
 
на која мислиш првата или втората световна војна? или пак убиствата на сталин ,чаушеску,живков,енвер и ред други атеисти?
Само затоа што атеист убивал не мора да значи дека убивал во име и интерест на атеизмот.
Некои комунистички водачи вршеле масовни убиства, но тоа било на политички неистомисленици, убивале и праќале на голи оток без разлика не верска вероисповест, праќале и христијани и муслимани и атеисти, за ова (за жал) имам пример и во моето семејство.
Од друга страна пак, крстоносните војни, колонизациите во средниот век и инквизициите биле стриктно за мачење и убивање на верските неистомисленици, нож под грло па или ќе прифатиш христијанство или има да те нема. (од истово има примери во сите монотеистички религии, без исклучок, и немој уште некој да кажал дека турците на овие простори мирољубиво го ширеле исламот)
 
Мирољубиво,ами како поинаку ?

Имало исчекори ама во глобала Исламот е ширен мирољубиво.

Доказ: -Историјата. Читни малце , не биди како што милувате да кажете лоботом. :vozbud:
 
Прво погрешно ти е напишано ова на арапски,ако веќе глумиш арап пишувај со арапско писмо.Ти мене ме праша каде сум ти поставила прашање и не потенцираше дека тоа прашање мора да биде од оваа тема so the joke is on you.

Одговор немам добиено од тебе на тоа прашање затоа што не си ми дал ти одговор,освен ако не го сметаш другар ти Хасан (ако не си ти тоа)кој кога ке му се постави вистинско прашање знае само да постира линкови и да повторува пароли.
Не е виновен тој што чита-виновен е тој што пишува ако не е јасен и концизен во своите одговори.
grow up and get a life:helou:
 
Прво погрешно ти е напишано ова на арапски,ако веќе глумиш арап пишувај со арапско писмо.Ти мене ме праша каде сум ти поставила прашање и не потенцираше дека тоа прашање мора да биде од оваа тема so the joke is on you.

Одговор немам добиено од тебе на тоа прашање затоа што не си ми дал ти одговор,освен ако не го сметаш другар ти Хасан (ако не си ти тоа)кој кога ке му се постави вистинско прашање знае само да постира линкови и да повторува пароли.
Не е виновен тој што чита-виновен е тој што пишува ако не е јасен и концизен во своите одговори.
grow up and get a life:helou:

Не е погрешно! Транскрипцијата е на латиница, бидејќи немам арапски фонт.

Одговор на таа тема имаш и тоа илустрирано. :)

BTW, Tesbehuu bi hajr/in. :helou:

 
Human za ova li zboruvas!!!
%28u39u%29bibla%20ne%20armet%20amerikane.jpg

Не...
Туку за ова.
war-_arabs_crusaders1.jpg
 
Њет:helou:
не те бива младичу.
Додека не ставиш арапски фонт и не пишуваш со него ич не те ни читам.Не ни знаеш да спелуваш ко што треба и на латиница-кој те учи арапски нека ти ги врати парите:helou:

Одговор немаш дадено,имаш дадено пароли,а ние не сме деца од 5 години за илустровано да ни објаснуваш,таа пропаганда користи си ја на евтинион исламски форум кој го држик,кој човек ако земе да го чита не само што нема да прејде на ислам туку и ако е муслиман ќе апостатира од исламот.


Пошто гледам дека клипчиња ми пушташ од што немаш веќе што да ми кажеш,еве ти едно и од мене:wink:

 
Одговор немаш дадено,имаш дадено пароли,а ние не сме деца од 5 години за илустровано да ни објаснуваш,таа пропаганда користи си ја на евтинион исламски форум кој го држик,кој човек ако земе да го чита не само што нема да прејде на ислам туку и ако е муслиман ќе апостатира од исламот.

Видиш, за некои е потребно да се симне нивото и под таа возраст,и не само со цртежи, туку и со куклички да им објасниш нешто. Само нејсе, секако дека ти не спаѓаш во оваа група. :)

Инаку за форумот ИЦ, не го држам јас, други го држат, и можам да речам Елхамдулиллах, фала му на Бога за тоа. Форумот е светло во оваа виртуелна темнина која им го осветлува патот на многумина. И мила моја, колку да знаеш, благодарение на него веќе има дузина ревертити (повратници ) во Ислам. Знам дека вистината те боли, ама тоа ти е.:toe:

П.С. Ти благодарам за клипот. :smir:
 
Пратеникот Мухаммед – човекот што кој и да го запознаел го почитувал


Пратеникот Мухаммед, а.с., човекот кој го следи над милијарда и триста милиони луѓе и за повеќето претставува пратеник на човештвото, (барем според исламското верување), за жал преставува помалку ценета фигура во споредба со високите стандарди кои само тој постигнал да ги исполни.
Не толку ретко, неговиот лик бил тема за многу писатели а за почесто од многу други невини луѓе кои мислеле дека тоа што им се нуди е апсолутна вистина и затоа не го зеле ова предвид од друга гледна точка, иако сега западњаците овој напредок го забележуваат дури и во најобични работи.
Човекот, како што се вели, останува непријател на она што не го знае, а ова изгледа се случува со вреднувањето кое го имаат повеќето луѓе, а истотака и многу Албанци во врска со ликот на пратеникот Мухаммед.
Со надеж дека ќе донесе нешто ново за вниманието на албанскиот читател, кому не му е дадена реална можност да прочита за овој човек, или му е понудено нешто наизглед нереално, ќе донесам само неколку оценки од некои немуслимани неарапи, но кои многу се разликуваат од другите во една точка: тие имаат прочитано за пратеникот Мухаммед, со умот на срцето.
Иако не преминиле во ислам, тие имале храброст да ја кажат вистината, затоа што тоа е аманет, и знаеле да ја ценат личноста на Мухаммед, најмалку како човек кој ретко се среќава!

Мухаммед - човек вон секаков сомнеж

Преземено од книгата „Мухамед - пораката и пророштвото“ на христијанскиот египетски автор Назми Лукас

Мухамед не бил како сите други. Кај него биле собрани сите чудеса на претходните пратеници и волјата на јунаците, затоа најмалку што сме должни е да го запознаме, да го оцениме, а потоа и да го почитуваме.
Иако претходните народи имаат навика да ги сметаат за свети дури и дедовците, нивните јунаци и кралеви, а камоли пратениците, за него не наоѓаме никакви траги од обожување и слично на тоа. Често пати неговиот Куран, што тој го донесе, силно нагласува дека тој бил само човек: „Kaжи: ,Јас сум човек како вас, мене ми се објавува...‘“ Ел Кехф, 110
Тој бил само еден обичен човек, кој стана портпарол на небото, над него била само Божјата величественост, а под него луѓето. Сепак, тој никогаш не се чусвувал горделиво. Тој дури од секогаш се плашел од горделивоста и постојано се борел со себеси против неа, пред да го барал тоа од своите следбеници!
Доколку тој сакал да се воздигне себеси, тоа немаше да биде непознато и тешко за неговите следбеници, затоа што имаше со што да го воздигнуваат, особено кога го спредуваа со многумина други коишто не можеа ни малку да му се доближат. Но, тој самиот им забрануваше такво нешто велејќи: „Не воздигнувајте ме како што христијаните го водигнуваа синот на Мерјем (Марија). Јас сум само еден од Божјите робови, затоа кажете: Божји роб и Негов пратеник.“
И какви дилеми фрлаат злобниците на него?
Еден човек, чиешто верување беше толку многу искушувано во местото на главниот центар на идолопоколонството и за кого не се мислеше дека ќе победи, тој застана пред сите негови лични интереси, простувач и толерантен, без да покаже никаква гордост и моќ на власт... Немаше личен профит, на неговите блиски не им даде да наследат никаква материјална корист од него, па дури и на себеси си го забрани тоа што им го дозволуваше на другите - милостината. Ги помина сите очекувања, постигна да ги израмни робовите и етиописките слуги со прваците на неговото племе без никаква разлика.
Кој е тој човек што после сите овие факти зема храброст да застане на нозе и да го обвини овој славен човек?! Доколку навистина Мухаммед не ја кажувал вистината, тогаш би немало ниту еден човек на овој свет што би кажал барем еден вистинит збор.
Дали има позаслужен човек од него, за да го одбрани од неоснованите обвиненија, во едно време кога тој вратил милиони и милиони луѓе од обожувањето на идоли во обожување само на еден Бог, од поразот и деградацијата во верување и возвишеност, а тој самиот не добил ништо за себеси или семејството, во едно време каде луѓето се убивале за тоа.
Мухаммед ја освоил славата, а славата не го осовои него, ги користеше сите можности, но можностите него никогаш не го користеле. Над сè тој беше човек со чувства кој ги стави во функција на својата висока мисија за кој самиот Бог го избрал.



Мухаммед - великанот на историјата

Земедно од книгата „Херои на историјата“ од авторот Еил Дурант.


Јасно е дека никој не го научил Мухаммед да чита и пишува, и ова го знае веќе целиот свет. Но овој факт не го спречил ни малку за да ги познава работите на луѓето подобро од некој друг што имал високо образование.
Пратеникот Мухаммед бил еден од искусните команданти, но покрај ова беше и политички експерт кој знаеше како да ја продолжи војната до мир.
Ако нечија генијалност се мери со неговото влијание врз другите, тогаш потврдно ќе кажевме дека Мухаммед беше најголемиот човек во историјата. Тој зел должност да ја подигне духовната и моралната состојба на еден народ, каде сувото време и температурата на пустината ја завршиле својата работа, и овој народ го воделе во една темна состојба. Но, тој имал повеќе успех од било кој друг реформатор во историјата и ретко можеш да најдеш друг човек, освен него, кој го правел тоа што го правел тој.
И ова не се случило едноставно, зашто тој човек бил врзан со верата, но всушност немало друга сила освен верата што можела да ги промени арапите.
Кога почнал повикот, арапските земји едноставно биле некои мртви пустини, арапските племиња биле некои пагани разделени едни од други, а кога починал тие биле обидинети. Тој стигнал да ја надмине силата на фанатизмот градејќи една јасна религија, лесна и многу силна, еден систем на вредности што за основа ги имал херојството и гордоста.
Нема подобар реформатор од него, ги задолжил богатите да им даваат толку многу помош на сиромашните.
Неговите изреки кажуват дека тој многу повикувал кон науката и таа му се допаѓала, и од овој аспект се разликува од многуте верски реформатори.


Овој човек бил прекрасен во сите аспекти

Земено од книгата „Мухаммед и Куранот“ од Швајцарскиот ориенталист Едвард Монтет (1856-1927)

Секој темелен научник со добра намера ќе биде воодушевен од верската природа на овој човек, чиешто срце се карактеризира со голема искреност. Тој навистина беше реформатор со непомично верување, реформатор што се појавил како таков на зрела возраст проповедајќи голем повик, со што стана еден од најголемите верски личности на светот.
Ако се земе за основа само неговиот напор во однос на паганизмот, идолопоклонството и лошите закони на тоа време, тој немаше да беше помал од израиловите пратеници што уживат посебно место во нивната историја.
За жал, многумина не го знаат Мухаммед и затоа не го ценат како што треба, во едно време кога тој е од ретките реформатори за кого се знаат сите детали од неговиот животот.
Мухаммед имаше благороден морал, беше многу љубезен со другите, благ во комуникацијата, балансиран со другите, искрен во говорот. Неговите правни одлуки, искрени зборови и исполнети ветувања за тоа што говорел и правел биле неговите многубројни карактеристики.
Реформите во моралот што тој ги направил во општество, ни даваат за задача правно да го сметаме како: „Најмилосрдниот во човештвото“.


Дали е можно Мухаммед да бил само еден обичен претендент?
Томас Карлил (1785-1881) „Јунаците“


„Каде сте виделе еден лажен човек да воспостави една зачудувачка религија...? Тој не може да изгради една куќа со цигли... Бидејќи, ако тој не ги познава својствата на почвата, на варот и на цементот кои треба да ги користи, тој никогаш нема да изгради куќа, освен некоја слаба куќа која се очекува од ден на ден да падне.
Но како е можно овој човек (Мухаммед) да изградил една вера што продолжила да биде стабилна веќе 14 векови, следена од стотици милиони луѓе!?
Тој не бил лажливец, туку тие се, неверниците, што ги красат нивните лаги за да лажат народи и нации.“
Јас го сакам Мухаммед, а.с., за неговите чисти и едноставни мисли, далеку од насилство и неприродност. Ова момче од пустината не зборувал за тоа што не го знаел, не бил горделив, а ниту покорен некому освен пред својот Господар кога клањал со скината облека, така како што Тој го сакал и го создал.
............
Да видиме едно убаво цвеќе среде некоја градина не е некое чудо, но да го видиме тоа свежо цвеќе во средината на една пустина, ова навистина е едно чудо. Мухаммед, а.с., не бил само едно цвеќе, тој едноставно самиот во себе бил една градина со цвеќиња, овошја под сенката и мирис каде секогаш ќе има место за оние кои се уморни од трудот и пустините на овој свет.
Читајте и ќе видите дека тој ги живеел скоро сите улоги кој може да ги прави еден човек. Сирак како дете, работник и трговац во неговата младост, потоа командант со стратегија, редок дипломат, еден поверлив политичар, великодушен другар, пример во бракот, успешен родител и еден од ретките дедовци. Кој од луѓето имал можност да ги има сите улоги и во сите улоги и да има еден невиден успех?
Гледајте го неговиот живот, ќе најдете дека тој ги има доживеано сите „вкусови“ кои животот му ги пружа на човекот. Ја доживеал осаменоста на еден сирак, но и дружбата и љубовта на многу верници што го сакаат како нивните очи, социјалниот притисок од неговите блиски, но и полната поддршка од сите племиња на Арапскиот полуостров, радоста и губењето на децата, богатството и сиромаштијата, победи и неуспеси. Тој им продавал роба на малите трговци, како што им праќал писма најмоќните цареви и владатели во светот, повикувајќи ги да го примат исламот. Тој засекогаш остана констатен, независен, како да е дојден да живее за другите, а не за себе. Доволно е јасно да мислиш дека истиот човек ја водеше битката на Бедер, а подоцна и владеел со еден сегмент на целиот универзум, ќе клекнеше на колена на подот на својата куќа, за внучињата да можат да му се качат на грбот и да си игра со нив. Само еден пратеник може да постигне ваква совршеност на величественост , моќ и великодушност, но фактот дека тој човек го постигнал ова, нагласува колку голем може да биде човекот само кога би знаел кој е.
Кај него се наоѓа примерот на сиракот, трдуољубивиот работник, чесниот трговец, родителот и добриот брак, политичар и дипломат, наоѓа пример секој што сака да биде добар:
„А вие во Аллаховиот пратеник имате прекрасен пример за оној што се надева на Аллаховата милост и на наградата на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах.“
Куран, 33: 21


Подготви:
Ферид Пику

Преведувал : Ј.Л./Ј.Р.
 
'''ako islamot znaci potcinetost sprema gospod, nie ziveemee i umirame vo islam'''
( johan volvgang fon gete,)

исламот го потикнал научниот дух на највеличествен начин, на начин што светот не го видел никогаш, од математиката па се до медицината. од астрономијата па се до физиката, исламската култура зрачела со нејзиниот блесок векови по ред


роже гаради.
 
добро сеа кога големи луѓе к-лажале нешто за Исламот ај и јас како повикан :) да кажам нешто


ateist за Исламот

Дефиниција за Ислам :
Праисториски милитантен култ на плодноста .
Неговите членови се големи љубители на оружјето и насилството а како основ за својте верувања го имаат Куранот за кој сметаат дека е прирачник за безбеден секс гиникологија и акушерство .






500 загинати во верски судири во Нигерија

Најмалку 500 луѓе од три христијански села во близина на градот Јос, централна Нигерија се убиени во нападите извршени од припадници на мнозинско муслиманско племе.Околу 500 луѓе се убиени во гнасното злосторство што го извршија припадници на племето Фулани“, соопштија властите на сојузната држава Плато. Властите додадоа дека се уапсени 95 лица за вмешаност во убиствата.Жртвите, меѓу кои има многу жени и деца, биле убиени со мачети, а голем број куќи биле запалени.Локални извори тврдат дека нападите се одговор на претходен судир меѓу двете племиња.Вршителот на должноста претседател на Нигерија Гудлук Џонатан прогласи „највисок степен на тревога“ во државата Плато и соседните сојузни држави со цел да се спречи ескалација на конфликтот меѓу христијаните и муслиманите.Верските и етничките судири се чести во околината на градот

http://daily.mk/html/svet_15062_698_0

http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=5780


..
.
.
Муслиманската заедница во Русија има многу повисок наталитет од православните Руси. Населението во Русија се намалува за 700.000 луѓе годишно, главно поради кусиот просечен животен век, а исто така и поради нискиот наталитет на христијанското население. Според анализи на ЦИА, една руска жена во просек раѓа по 1,28 дете, што е далеку под неопходната бројка за да се одржи бројот на населението од 143 милиони. Од друга страна, муслиманките во Русија раѓаат многу повеќе деца. Во некои муслимански заедници во Русија жените во просек имаат и по десет деца. Доселениците од Централна Азија што доаѓаат на работа во земјата исто така имаат многу деца. Од 1989 година муслиманското население во Русија се зголемило за 40 проценти, на сегашните околу 25 милиони. До 2015 година муслиманите може да бидат мнозинство од регрутите во руската армија, а да станат една петтина од вкупното население во земјата до 2020 година. Ако продолжи сегашното темпо, до 2050 година муслиманите ќе бидат повеќебројни од етничките Руси во земјата, предвидува Пол Гобле, експерт за исламот во Русија и научен соработник на универзитетот “Тарту” во Естонија.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=983&ArticleID=64846.
.
.
.
.

дефиницијата е точна

:je: :je: :je: :je: :je: :je: ДОКАЖАНО :je: :je: :je: :je: :je: :je:
 
исламот го потикнал научниот дух на највеличествен начин, на начин што светот не го видел никогаш, од математиката па се до медицината. од астрономијата па се до физиката, исламската култура зрачела со нејзиниот блесок векови по ред


роже гаради.

Го знаеш вицот , "имиња колега имиња" , сакам да кажам , да наброш имиња на научници од исламските земји , нивни пронајдоци , и да објасниш зошто исламските земји не се водечки земји во технлогијата и науката ...
 
еве неколку имиња
основац на историјата како науЧна дисциплина бил муслиман ИБН ХАЛДУН,
ебуел фергани , е првиот човек кој ги пресметал хоризонталните кругови на сонцето,
абас ибн фирас,
инн сина и ебу бекр рази, основаци на медицината,

арапите беа тие кои ја окрија нулата која е основа на математиката,
алгебрата е едно цисто арапска наука како штое еи науката за сметањето, откриеана од муслиманите,
медицината исто така се базираше врз делата на ибн сина(авицена) и ибн рази ако си слушнал, кои и ден денес се студираат на сорбона ,математицките броеви системот на десетки плус, миус, собирање, одземање , множење,делење се долажат на муслиманитеоткривац на алгебрата е ал џабир, денес истата книга во амглија и германија се печати по неговото име ал- гебра . математицките достигнување имаат неибришливи траги од арапско исламскиот придонес, поимот ал гебра , зеро, цифра, тарифа и.т.н се од арпаско потекло, залугата за откривање на тригонометријата и припага на муслиманските математичари на крај треба да се спомне дека овие се само некои од бројните примери кои зборуваат за заслугата на муслиманите, во развојот у напредокот на човечката цивилизација.

жан херш

делото на аристотел откако било скоро изгубено во европа каде сто била позната само физиката, било донесено од арапските доктори кои што заминале во северна африка и во шпанија така тоа извршило големо влијание.



буголди,

англински научник, пишува
исламските иниверзитети, посебно во багдат и во шпанија, доброволно ги прифатиле христијанските и еврејските студнети, додека нивното образувание, било покриено од државаната каса, муслиманите ги почитувале и затоа стотина европски младинци ја искористиле оваа помош, образувајки се во големите образовни исламски центри.
 
Back
На врв Bottom