Парламентарна дипломатија во Собранието на Р.М.

Каква е соработката на Собранието на Република Македонија со другите земји?

  • Се проширува

    Гласови: 3 42,9%
  • Стагнира

    Гласови: 3 42,9%
  • Само со едни исти земји

    Гласови: 1 14,3%

  • Вкупно гласачи
    7
Член од
3 февруари 2007
Мислења
293
Поени од реакции
30
Еве вака ме интересира што мислите каква е соработката на Собранието со другите земји. Дали таа се проширува. Колку пратениците се стручни? Дали Собранието има планови и стратегии за подобрување на меѓународните односи. Од учествата на нашите претставници во меѓународните односи има ли дипломатски ефект?
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Во меѓународното политичко комуницирање и во меѓународната соработка,во поново време,парламентарната дипломатија станува се поприсутна и позначајна.
Еве како функционира Собранието на Р.М. во тој поглед:

Во пошироките меѓународни парламентарни активности нашето Собрание е вклучено преку Интерпарламентарната унија(ИПУ),самитите на претседатели на парламенти што се одржуваат во рамките и во организација на ОН секои две години во Њујорк а од пред четири години и преку конференциите на спикери на земјите-членки и на земјите-кандидатки за ЕУ кои се одржуваат еднаш годишно.
Ако се знае дека сите меѓународни организации(со мали исклучоци) имаат свој парламентарен дел во кој активно учествуваат парламентарни делегации од националните собранија на земјите-членки на соодветните организации,институции или конференции ќе се добие појасна претстава за функционирањето и за значењето на парламентарната дипломатија.

Во Собранието на Република Македонија има таканаречени пратенички групи за билатерална парламентарна соработка со 42 земји во светот,а целта е да се унапредува парламентарната билатерална соработка преку контакти и посети меѓу парламентарци-членови на такви групи што постојат во речиси сите парламенти во светот.
Собранието избира и парламентарни делегации(вкупно 9) во меѓународните организации што имаат редовни сесии на парламентарните собранија на кои се промовираат и се спроведуваат надворешнополитичките насоки на Република Македонија и се разбира се штитат националниот идентитет и интересите на земјата.
Таквите насоки во Собранието меѓу другото се разгледуваат на редовни седници на Комисијата за надворешна политика како и на Комисијата за европски прашања кои со собраниската Комисија за одбрана и безбедност двапати годишно учествуваат на Европски конференции на споменатите парламентарни комисии.
Тоа сето заедно дава можност дејствувањето на нашето Собрание да има навистина европска политичка димензија.

При усвојувањето и ратификацијата на многубројни спогодби,резолуции и документи што се однесуваат токму на уредувањето на односите со одделни земји или организации,во Собранието може да се поведе широка расправа.Тоа било практика до сега и покажува дека парламентарните дебати го надополнуваат и го заокружуваат спроведувањето на нашата надворешна политика.Практично,отворените и темелни собраниски дискусии се начин на преиспитување на одлуките донесени во доменот и на надворешната политика од извршната власт,а и самото Собрание е неодминлив фактор при донесувањето надворешнополитички одлуки.
Очигледно дека ваквата функција на Собранието е високоразвиена демократска форма што им овозможува јавноста,поточно граѓаните на Република Македонија,да придонесат посредно во оваа значајна сфера на политичкото дејствување.
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
Немаат време да соработуваат имаат многу ``работа``:pos2:
 
H

^HITMAN^

Гостин
Еве вака ме интересира што мислите каква е соработката на Собранието со другите земји. Дали таа се проширува. Колку пратениците се стручни? Дали Собранието има планови и стратегии за подобрување на меѓународните односи. Од учествата на нашите претставници во меѓународните односи има ли дипломатски ефект?
Има ефект, како нема. Ефектот се гледа по стомакот и образите на членовите на пратеничките групи за парламентарна соработка, од испиени на почетокот најчесто до елегантно пополнети после едреден период од доаѓање на функција. Дегени во вистинска смисла на зборот. Имаше случка пред некое време кога некој од нив се опијанил на некој коктел и во влечеле низ салата.
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
глава не можат да дигнат од многу работа, а мислиш дека е лесно скоро секој ден да се расправаат меѓусебно?
Се расправаат за нив а не за народот така да не ми е ни гајле колку им е тешко што се расправаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom