Гласањето во дијаспората со многу енигми

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Како ќе се доставува избирачкиот материјал, како ќе се формираат избирачките органи во амбасадите каде што нема доволно луѓе, кога ќе се испраќаат луѓе од Македонија во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за спроведување на изборите... Ова се последните отворени прашања на работната група за измени на Изборниот законик во однос на гласањето на дијаспората

glasanjekutija%5B1%5D.jpg
transparent.gif
- Постојат резерви како ќе се направи евиденцијата на избирачите, а и дали ќе има време оние што ќе се пријават да гласаат во странство, да се избришат од избирачкиот список во Македонија - вели Јован Јосифовски од Државната изборна комисија (ДИК), кој е член и на работната група.

Тој наведува дека има големи дилеми и за тоа како ќе се реши заштитата на избирачкото право затоа што, според законот, не е дозволено доставување на приговорите да се прави по пошта.

- Засега нема решение. Можеби во овој момент најпаметно е да се размислува за одложување на изборите во дијаспората - истакнува Јосифовски.
 
Ќе треба време но можно е, има доста начини како може да се обезбедат што повеќе гласови во дијаспората, треба да се гледа кај другите држави како функционира значи не треба многу да експериментираме. Сепак ќе зависит исто од Македонците во дијаспората дали ќе се пријават кај нивните амбасади или не. Не може државата да бара Македонци низ светот.

Иначе не треба да се прецени гласајнето на дијаспората. Само 3 од 123 места ќе зависат од тоа, ова за почеток е симболичен гест, а за во иднина ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
 
3 од 123 е стварно симболично и далеку ни да соодветствува со бројот на исленици. Основен проблем е бројот на Амбасади и нивната одалеченост. Не верувам дека ќе гласаат многу луѓе земајки во предвид дека во просек треба да патуваат над 500 км за да гласаат. По реална можност е гласањето по пошта или електорнското или интернет гласање нешто што се спороведува во САД.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom