Комбуха

  • Креатор на темата Креатор на темата шарко
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
односно КомбуЧа, бидејќи Ча на кинески значи чај, е рецепт базиран на зелен чај и печурки, стар повеќе од иљаду години. Кај нас порано многу често се правеше по домовите, па сега кога правам ретроспектива мислам дека таа култура спласна еден период. Сега Комбуча може да се купи во големите продавници и дуќанчиња за здрава храна. Се одлучив да пробам сам да го направам пијалокот и ми треба ваша помош. Дали може некој да објави рецепт за комбуха. Ако има повеќе рецепти со различен пристап, уште поубаво. Пијалокот би го препорачал на секој што сака да има здраво тело и организам па затоа рецептите што допрва ќе ги дознаеме ќе бидат од помош за сите нас.

поздрав
 
Ja ednas probav da napravam i ne go dobiv istiot vkus kako toj so go prodava Vitalia. Procedurata e najobicna pravis caj ja stavas gabata i ostavas da odstoi dve nedeli. Pritoa izgebunvas sekakov kontakt vo tekot na tie dve nedeli za da ne se kontaminira. Finansiski e po isplativlo da go zimas od prodvnica no sepak mi se dopaga mn toj so go prodava Vitalia.
 
Денеска и е петти ден и процесот го правам по пропис, стаклена тегла, собна температура од 20-30 степени, да стои на едно место односно да не ја преместуваме во полусенка и подалеку од кујнски испарувања и хемиски средства. Инаку ја ставив во зелен чај 100 грама шеќер по литар, а чајот е два литри. Треба да стои од 8 до 10 дена ама јас на осмиот ден ќе го прекинам процесот нетрпелив сум да ја пробам, понатаму ќе ја правам со 4 литри чај.
Старата габа потона долу, а горе на врвот веќе почна да се оформува новата колонија на квасци и бактерии па ќе видиме што ќе излези....
 
Нешто најубаво и нај здраво. Има убав вкус и малку прорежува одлична е за црниот дроб единствено нешто што му помага на црниот дроб да се регенерира.
П.С. секогаш оставајте сама да си ја изврши поделбата.Како што пишал Буцио. Прераното оделување ќе ја умртви габата.
 
Не е воопшто вкусна,само знам дека е васитина здрава и лековита
 
Денеска и е петти ден и процесот го правам по пропис, стаклена тегла, собна температура од 20-30 степени, да стои на едно место односно да не ја преместуваме во полусенка и подалеку од кујнски испарувања и хемиски средства. Инаку ја ставив во зелен чај 100 грама шеќер по литар, а чајот е два литри. Треба да стои од 8 до 10 дена ама јас на осмиот ден ќе го прекинам процесот нетрпелив сум да ја пробам, понатаму ќе ја правам со 4 литри чај.
Старата габа потона долу, а горе на врвот веќе почна да се оформува новата колонија на квасци и бактерии па ќе видиме што ќе излези....

А габата ја зема од некој или има од негде да се купи (аптека нешо шознам)? :toe:
 
А габата ја зема од некој или има од негде да се купи (аптека нешо шознам)? :toe:
Нема ниту во аптека ниту во овие за здрава храна, се зема од куќа на куќа, од познаник на познаник....
 
Хммм... Чудна работа ми е... Имаше еден тип еднаш продаваше, купив од него едно шишенце... Ме уверуваше дека е здраво и добро, ама што знам... Некако у последно време многу го зборат и као можно е да е стварно прилично лековито... :raz:
Инаку за вкусот, мене ми има вкус на некоја мешавина од боза и шприцер :)
 
Види сега интернетов е преполн со пофалби ниту една критика, негативни нуспојави не се ни спомнуваат, толку е добра што дури да не ти се верува дека е вистинито....
 
Баш пред малку пробав една чаша и воопшто не е гаден вкусот, со својата киселкавост ме подсетува на вкус од кисело јаболко, наредниов циклус ќе го правам со четири литри зелен чај.
 
Сега ми е јасно зошто самураите си носеле комбуха со себе за дезинфекција после битка, во овие летни жешки денови поосвежувачко и поздраво нешто нема, го прочистува дигестивниот систем од почеток до крај и сите токсини надвор, покрај другите нешта :icon_lol:.
--- надополнето: Jul 16, 2011 3:44 PM ---
 
Е сега би сакала да ме посоветувате вие што се уште користите комбуха.Јас ја правам во домашни услови,но како што гледам правам грешка.Габата ја чувам 4 дена,а како што гледам треба 8-10 дена.
Друго ме интересира,откако ќе ја процедам и ставам во фрижидер дали на секое пиење треба да се цеди,затоа што ми фаќа нешто како бели облачиња кој во моментот на пиење се осеќа непријатно.
 
Презадоволен сум од Комбухата, одлично делува на организмот. Читнете на нет ке видите колку е полезна. Ако сака некој имам комбуха за продавање. Друга препорака за вас ми е Кефирот, тоа е нешто како кисел густ јогурт, но за разлика од јогуртот кој има 4 бактерии, кефирот има 15
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom