1. Ајде гледам дека си му ја гледала книшката кај што пишува колку пати има давано крв па ајде кажи ни(не знаеш, факт). И јас сум давал крв кога сум имал можност и кога ќе имам можност во секоја наредна прилика... тоа мене не ми смета... зашто ти не даваш крв?... ок, на некој му е страв али на некој му се нејќе...
2. Ја пропушти поентата во мојот пост, значи пак ќе ја повторам со малце образложени за да можеш да сфатиш: Другарката го видела 2 пати и не знае дека давал он повеќе пати и врз тие 2 пати она заклучила дека бил најхуман човек(има луѓе што давале 60 пати ама никој не ги знае, нема ни да му станеш во автобус ако го видиш како стои...)
3. Знаеме колку хумани дела има направено, свесни сме и премногу благодарни.
1. Есма Реџепова од него научила за хуманитарни концерти? Немој, немој, смешни сте... Тоше сакаше и МОЖЕШЕ да направи добар хуманитарен концерт.. Луѓето одеа на тој концерт од 2 причини: Да го слушнат Тоше, и картата е 200 денари па ајде идеме сите(да се каже сме биле).... Ретко кој од тие што биле помислиле дека е хуманитерен концерт... и ако сите викаат дека бил хуманитарец, зашто и они не се?
И за крај, немој да го сфатиш постов како навреда, туку само како отварање очи... По постот ти се гледа дека си заслепена и не гледаш на работите со чист разум... Браво за Тоше, фала му многу, да се потрудиме и другите да бидеме како него...