pearl
..~..~..~..~..~..~..
- Член од
- 20 август 2005
- Мислења
- 2.651
- Поени од реакции
- 1.962
@ Gansen
Изгледа некаде сум направила утка во пишувањето. Најмалку од се` што сакам е да го проектирам мојот концепт на целото човештво. Таман работа, особено не сакам да го направам тоа за денешниот човек. Само си изложувам став за она како јас сметам дека е вистинскиот начин на развој, за да на сите ни биде поубаво. Ние како единки не можеме да го смениме макрокосмосот (барем јас не сметам дека имам сила за тоа), но секако можеме да го промениме нашиот индивидуален микрокосмос. На нeго, јас сакам и можам да делувам.
Инаку, не живеам во лаги и илузии, односно како што кажа wishful thinking. Би била најголема будала да го направам тоа. И нешто изгледа имам наопаку напишано ако сум оставила впечаток како да сакам да го прикажам човекот како високо морален и одговорен, оној човек од реалноста, од секојдневието, комшијата, колегата, тој што го среќаваме на улица. Во никој случај. Но секако, ниту пак мислам декс сите се животни и се раководат од животински побуди (има и такви и вакви).
Понатаму, никаде не го порекнувам биолошкото во човекот. Само велам дека покрај тоа, благословени сме и со нешто поголемо, имено да размислуваме. Затоа и сметам дека не смееме да си дозволиме, кога станува збор за нагоните (кои ни се всадени), да заборавиме на разумот. И тука мислам на обично секојдневие. Апсолутно прифаќам дека во екстремни ситуации и black out моменти забораваме на се` и се раководиме од анималното. Ама тоа се ретки случаи, ние не го живееме животот секојдневно во екстрем.
Понатаму, тоа што велиш дека дури и во случај на ризична бременост, мајката сепак одлучува да роди. А зарем нема ли случаи каде некои се одлучуваат да абортираат, ако знаат дека е ризично? Или пак, зарем нема ли случаи да абортираат, ако знаат дека нешто не е во ред со плодот? Како тоа ако е нагонот за продолжување на видот толку силен, некои ги тера да ризикуваат, а некои да абортираат? Мислам дека не е толку до нагонот, колку до степенот на зрелост, што пак не` враќа на почетокот. Зависи од нашата перцепција, а не од inner sense. Или како што напиша The Magus погоре, секој од нас си е своја душа и карактер.
И малку ме буни она што го имаш напишано "А мајката сепак, одлучува да роди". Како мислиш дека одлучува, нели станува збор за нагон? Не можам јас своеволно да одлучам дали ќе дишам или не. Можеби пропуштам или не те читам како што треба.
Инаку, не знам дали си male or female, ама ако веќе зборуваме за нагоните и нивната јачина и се спуштиме на најбазичното анимално кај нас, имаше еден убав пост од една форумџика на друга тема, околу нагонот за преживување и тоа на породилниот стол. Интересно беше да се прочита забелешката чија борба за живот водиме во тие моменти.
П.С. Избегавме од темата и тоа побајаги.