Наде Талевска

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Девојкава се појави пред некое време на естрадата и според мене е многу добар вокал и многу ми се допаѓаат песните : Осамени и После дождот, мада После дождот малце ме потсеќа на Halo од Beyonce. :) Мислам дека сепак е меѓу подобрите вокали во Македонија.

Што мислите вие? Сте слушнале за девојкава?

Секако, добар глас, талентирано девојче, но се прави нешто што не е. Зошто македонскиве музички уметници ја изгубија својата посебност, трагајќи по туѓото.
 
Одличен вокал, неверојатен глас. Осамени и е одлична балада, браво
 
Прв пат слушам за девојкава, ама не е лоша. :)

Само овие 2 песни ѝ се?
 
Џабе и е гласот коа не сфатија македонскиве певаќици дека се додека изгледаат како црепови тотално недркабилни за машката популација, ќе завршат у Фејсбук групи со yo momma so fat вицеви прилагодени на нив.

едит: ако чпм мислеше дека плукам, јас не плукам. само моја особина е секогаш реалноста да ја изложувам на inyourface начин, каква и да е истата. ветувам дека во иднина ќе поработам да ја искоренам таа особина. дури и ќе ја ставам во 2010 resolutions.
 
Епа кога почнаа секакви да се појавуваат на талентираните им преостанува да се повлечат.Затоа што и да се истакнат себеси колку и да се талентирани пак некој ќе плука по нив.:toe:
 
Ау, црепови. А па дека Мадона е соленка, многу да не е талентирана???
Бог да чува.
Наде е прекрасна оперска пејачка, пред се, и многу ќе ми биде мило наскоро да добие улога во некоја опера, а да не се замара со ,,естрадава,, . Таму , во опера, не се гледа цреп ли си или брендирана сучка.
 
Леле. Пошто вака суптилно ме цитираше, без да го прочиташ едитот: јас не реков дека не може да успее заради нејзиниот изглед. Јас реков дека не може да успее во атмосферата која владее на македонската т.н. естрада. Шо е тужно, ама вистинито. И јас би била изузетно среќна ако младава и перспективна Наде се тргне од таквата атмосфера и успее во опера. Во случај да бидам погрешно разбрана, шо многу често се дешава.
 
Џабе и е гласот коа не сфатија македонскиве певаќици дека се додека изгледаат како црепови тотално недркабилни за машката популација, ќе завршат у Фејсбук групи со yo momma so fat вицеви прилагодени на нив.

едит: ако чпм мислеше дека плукам, јас не плукам. само моја особина е секогаш реалноста да ја изложувам на inyourface начин, каква и да е истата. ветувам дека во иднина ќе поработам да ја искоренам таа особина. дури и ќе ја ставам во 2010 resolutions.
Па не изгледа толку лошо девојчето, doable е.

Песната од макфест и е супер, другиве ги неам слушано, али и тоа ќе дојде на ред.
 
Ок, не сум те сфатил, како и да е , не било упатено до тебе туку општо за сите кои мислат онака како што опишав јас.
 
Ок, не сум те сфатил, како и да е , не било упатено до тебе туку општо за сите кои мислат онака како што опишав јас.

Мило ми е што не сум една од нив. Не ми е мило што морам да идам оф топик за да се дообјаснам.
 
Иако многу кратко време е на естрадава, со право можам да ја сместам во топ 5 македонски пејачки. Гласот за критериумите на естрадава е над просекот, пее убави и певливи песни. Сепак би било подобро аранжерите со кои соработува да се обидат да бидат пооргинални. Матриците од последните 2 песни премногу наликуваат на If I were a boy и Halo од Бијонсе.
Инаку на престојниот Скопски Фестивал, Наде ќе пее песна од Григор Копров. Колку и да не ми беше омилен композитор поради големиот број старомодни песни кои ги пушташе во етерот последниве години, со „После дождот„ ме изненади. Се надевам дека и оваа ќе биде исто толку добра песна, и да не оди на Евровизија се надевам дека ќе биде хит по кој ќе си ја насочи кариерата во добар правец.
 
Не знам, ама нешто не ми прае ќејф. =/ Можда ради песнете
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom