Вистината е сурова и не секогаш можеш да наплатиш онолку колку што даваш, нашата реалност е таа со сите ризици. Поголеми благодети не треба да се очекуваат веднаш, затоа и не треба искушение сега на половина пат, пишман јок, колку и да изгледа ова туѓо и не за нас, штом сме се фатиле на орото да го изиграме до крај со сите ризици. Потоа можеме да зборуваме за ќар. Сега засега најдобар ќар е здрави и живи да ни одат нашите војници и здрави и живи да ни се враќаат, ќе се задоволиме со нивниот мал ќар од заработката. Со среќа војници и не изигувајте херои, бидете внимателни и вратете се кај своите по завршување на вашата мисија...