Темплари (Темпларството во Македонија)

Член од
4 јануари 2010
Мислења
22
Поени од реакции
0
ima li tuka nekoj templar?
imam prasanje do nego?

повели прашај... :)

Ќе може да ми кажете која е?

страната е во изработка

Што има врска О.Т.О. со македонските темплари?Дали се тие една иста организација или?
немаат никаква врска со македонските темплари

Сосема спротивно, Темпларите од почетокот до крајот биле со црквата. На самиот крај таа се откажува од нив.

А кој е вистинскиот наследник на тие темплари (уништожени 1307 год.), тоа е долга полемика.
Веројатно никој, ама најблиску се Масоните, според мене.
Имаш објаснување на 5 страна, да не се повторувам...
Да, се верува дека масоните настанале од темпларите...
Ова за најблиску најдалеку само со поткрепа на факти или нови информации за да држи вода
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Од каква корист би биле македонските темплари за нашата земја,или општо дали општеството има корист од нив или само темпларите помеѓу себе имаат корист од нивното постоење и делување?:smir:
 
Член од
4 јануари 2010
Мислења
22
Поени од реакции
0
Од каква корист би биле македонските темплари за нашата земја,или општо дали општеството има корист од нив или само темпларите помеѓу себе имаат корист од нивното постоење и делување?:smir:
Па може да се каже дека има корист за нашето општество. Со самото дружење на меѓународно ниво со остнатите темпларски редови се врши големо лобирање за нашата држава во поглед на најразновидни прашања, меѓу нив е и името. На меѓународно ниво има членови кои се дипломати, потомци на кралски семејства, политичари и др влијателни луѓе кои можат да помогнат во афирмирањето на нашата држава на мегународно ниво. Значи користа не е видлива и мерлива на краток рок но сепак сметам многу би значела во иднина да се работи на наша афирмација како дополнителна помош на она што веќе го работи нашата дипломатија.
Во рамките на нашата држава делувањето е преку хуманитрани акции на најзагрозените и оние кои најмногу им треба помош.
Поздрав
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Темплари-Кој се и што се?

Еве што вели википедија за нив:
Редот на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, попознат како Редот на витезите Темплари, основан е околу 1119 година во Светиот град Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во Средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале сѐ до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува Светиот грал.На чело на Темпларите се наоѓал Големиот мајстор. Прв Голем мајстор бил основачот Хуго де Паен, а последен Жак де Молеј, кој во 1314 година бил спален на клада. Витезите Темплари биле поделени на неколку сталежи (братства):
Витези, припадници на високата класа, вооружени како тешка коњаница.
лесна коњица, припадници на пониска класа на витези
феудални старешини кои управувале со имотот и земјата на витезите
Свештеници, задолжени за духовниот живот на витезите.
Иако хиерархиски биле организирани како свештенички ред и строго ги почитувале правилата на Цистерцијанскиот ред, витезите Темплари биле едни од најдобро извежбаните воени сили во тој период. Секој витез имал најмалку 10 помошници во својата придружба. Нивната слава била надалеку позната, а нивната облека лесно препознатлива по големиот црвен крст кој го носеле на својата облека и на штитовите. Сите витези кои сакале да станат дел од Редот на Темплари, морале да поминат низ одредени церемонии за да се оцени нивната храброст и верност кон редот. Најважното правило кое безусловно морал секој витез Темплар да го почитува било мотото – нема предавање.За основоположник на овој ред се смета витезот Хуго де Паен, кој во периодот кога во Ерусалим, 20 години откако завршила Првата крстоносна војна, собрал група од 9 витези кои биле задолжени да се грижат за безбедноста на многубројните аџии. Од цела Европа, христијаните постојано патувале во Светиот град, но на својот пат често пати биле напаѓани од групи разбојници, одметнати крстоносци и од Сарацените. Така Хуго де Паен со својата група витези, добил задача лично од првиот Крал на Ерусалим, Балдвин Болоњски, да се грижи за безбедноста на патиштата и животот на аџиите. Хуго и неговите браќа воопшто не се вклопувале во вообичената представа која денес ја имаме за витезите. Името го добиле по местото кое им било доделелно за своја тврдина, место каде некогаш се наоѓал Соломоновиот храм, иако наскорo целиот свет ќе ги запомни под скратеното име Темплари (од англскиот збор „temple“ - храм). На почетокот немале никакви финансии, носеле облека која им била подарена, па дури и по двајца јавале еден коњ што ќе остане забележано на многу гравури, печати и цртежи од тој период. Сепак, во следните десет години, Темпларите ќе станат голема економска, политичка и воена сила. Иако војувале најчесто на Светата земја, нивното богатство и силната економска моќ биле сконцентрирани во Европа.За да се стекне таква моќ и сила, во период кога црквата имала огромно влијание врз политиката во сите европски држави, несомнено била неопходна помош од првиот човек на црквата - Папата. Тој во период од 1139 година до 1145 година издал три були со кои на Темпларите им е дадена речиси апслоутна моќ и право за своите постапки да му одговараат единствено на Папата. Наскоро нивната репутација станала толку голема што многу аристократи кои престојувале на Светата земја им подарувале имот и пари, а многумина од нив своето богатство им го давале на чување. Всушност, нивната дејност била многу поголема од она што била нивна првенствена задача – контролирање и одржување на редот и мирот на патиштата. Постепено создале систем на кредитни хартии, со чија помош парите, кои им биле оставени на чување во некоја од нивните добро обезбедени тврдини, можеле да се подигнат во друга, а притоа било доволно само да се покаже нивната кредитна хартија. Многу историчари се сложуваат дека ова биле првите чекови, а Темпларите се сметаат за основоположници на првите европски банки. Францускиот крал Луј VII бил првиот европски владетел кој од финансиска пропаст бил спасен со подигање заем од Темпларите. Постепено дури и Папите станале финансиски зависни од Темпларите, бидејќи крстоносните војни финансиски ги исцрпиле. Каматите за нив станале преголеми, па за многу европски владетели финансиската моќ на Темпларите и презадолженоста биле закана за постоењето на нивната држава. Токму тоа била причината кралот Филип IV убавиот во XIV век да започне прогон на Темпларите, а нивниот последен Голем мајстор Жак де Молеј да го прогласи за еретик и да нареди негово спалување на клада.Кога во 1292 година за Голем мајстор бил избран Жак де Молеј, Европа била потресена од повеќе немили настани. Светата земја била повторно во рацете на муслиманите и на повидок била нова крстоносна војна. Се повеќе преовладувало мислењето дека една од причините е несогласувањето помеѓу трите најпознати Редови: Тевтонскиот, Болничарскиот и Редот на Темпларите, и дека е неопходна нивна реорганизација и соединување во еден единствен Ред. Истовремено, неколку витези биле неправедно обвинети за хомосексуалност и ерес, па темпларите станале предмет на истрага од страна на Папата Климент V. Иако Папата сѐ уште не бил подготвен за конечна прерсметка со Темпларите, така не мислел францускиот крал Филип IV убавиот. Тоа октомвриско утро, петок 13, 1307 година, (оттука верувањето дека петок 13 е несреќен ден) неговите агенти ги уапсиле сите Темплари на територијата на Франција под сомнение за ерес, содомија, кривоклетство и негирање на Исус Христос. Залудно било објаснувањето на Големиот мајстор пред црквата дека во позадината на обвинувањата е финансиската презадолженост на францускиот крал и дека сите обвинувања се најобична лага. Под притисок на закани и мачење, наскоро самиот тој, но и неговите витези ги признале обвиненијата. Ова било доволна причина Папата да даде проглас со кој започнале апсења на Темпларите во цела Европа. За нивна среќа, некои од европските кралеви не ја послушале наредбата на Папата, па во своите држави им пружиле засолниште на пребегнатите Темплари. Така голем дел од нив пребегнал во Шкотска и Португалија каде основале нови Редови и каде пренеле добар дел од богатството. Уапсените Темплари, изложени на невидени мачења, ги признале недокажаните обвиненија и речиси сите биле живи спалени.И покра тоа што Големиот мајстор бил оставен во живот уште неколку години, па дури и преговарал јавно да се откаже од Редот на Темпларите и да се покае за гревовите, сепак неговото одбивање значело и дефинитивна смртна казна. Така, со спалувањето на последниот Голем мајстор на Темпларите, во 1314 година, редот на Темпларите престанал да постои.Кога на 21 јануари 1793, на плоштадот Конкорд во Париз на гилотина беше егзекутриран кралот Луј XVI, а неговата одсечена глава џелатот високо ја подигнал држејќи ја за косата, еден човек скокнал на платформата и ги брцнал прстите во крвта на мртвиот крал извикувајќи: “Жак Де Молеј, сега си осветен”. За името на Жак Де Молеј врзана е уште една легенда која вели дека додека горел на кладата, ги проколнал кралот и Папата дека многу бргу ќе се појават пред Божјиот суд. Така Папата Климент V починал само еден месец, а кралот Филип IV убавиот седум месеци подоцна.
Целото постоење на Темпларите е обвиткано со мистерија, па можеби затоа околу нивната моќ има толку многу митови и легедни. Со право многу историчари се прашуваат: Каква тајна криеле Темпларите што им овозможила толку брз економски и воен развој? Многумина тајната на нивниот успех ја поврзуваат со митот за Светиот грал и ковчегот на заветот. Имено, кога Крстоносците стигнале во Ерусалим, некои од нив ги пронашле тајните списи според кои Исус Христос бил обичен човек, кој во бракот со Марија Магдалена имал потомци што до ден-денес се живи. Така Темпларите кои ја чувале тајната за гробот на Марија Магдалена, биле во позиција да ја уценуваат црквата, па токму оваа тајна била причината за нивната брза политичка и економска моќ. Другата легенда вели дека Темпларите го пронашле вистинскиот Свет Грал и го пренеле во Шкотска при нивното бегство во 1307 година.
Можеби најневеројатната легенда е онаа која Темпларите ги поврзува со пронаоѓањето на една друга голема света реликвија, ковчегот на заветот, во кој Мојсеј ги донел Десетте Божји заповеди. Според оваа легенда, Темпларите биле заслужни за пренесувањето на ковчегот на заветот во Етиопија каде се чува во најстрога тајност и денес. Неретко името на Темпларите се поврзува со уште две моќни организации кои сѐ уште постојат: Слободните ѕидари - масони и Сионскиот приорат. Според некои историчари, Темпларите ја откриле тајната на градењето на масоните, па изградиле многу храмови по нивниот урнек. На ова се надоврзува блискоста во организацијата на Редот на Темпларите и масоните, како што е хиерархиската поставеност на чело со Голем мајстор. Поврзаноста на Темпларите со Сионскиот приорат се должи на веќеспоменатиот мит за потомците на Исус Христос и Марија Магадлена. Сѐ уште има различни толкувања на прашањето дали Сионскиот приорат навистина постоел или сето тоа е само обична измама. Откако биле протерани и речиси уништени, Темпларите според некои теории, тајната за потомците на Исус Христос му ја предале на чување на Сионскиот приорат, кој постои до ден-денес. Ова најдобро може да се согледа во романот на Ден Браун, Кодот на Да Винчи.

Па сега освен ова сакам да знам и нешто повеќе за нив бидејќи како и масоните ми изгледаат интересни.

--- надополнето ---

Немало. Прво биле девет мажи, кои го варделе патот од Хаифа до Јерусалим.
Не беа 7?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па сега освен ова сакам да знам и нешто повеќе за нив бидејќи како и масоните ми изгледаат интересни.

--- надополнето ---


Не беа 7?
Не, девет биле:
Иг де Пајан
Жофре де Сент Омер
Андре де Монбар
Пајан де Мондидје
Ашамбо де Сент Аман
Гондемар
Розал
Годфри
Жофре Бисол

На овие девет подоцна им се придружиле уште двајца: Фулк од Анжу и Хју од Шампања.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
И пак ќе прашам:
Зарем мислите дека Девет мажи успевале да го вардат патот до Ерусалим од напади (на пример од оние на Асасините) врз некакви си аџии кон светиот град?
Или ова можеби има сосема друго значење со Деветмината темплари?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Немал секој темплар по 10 помошници по 30 имал, едниот вода да му носи другиот вино третиот за коњот четвртиот за седлото, петтиот за мечот остар да го остри, шестиот за по пичина го праќал, седмиот :icon_lol:.....

Ајде масонерија тука да објасни тоа што на Дискавери го немате гледано односно испуштено.....

--- надополнето ---

Ќе ви раскажам една приказна како што дедо ми мене ми раскажувашае кога бев дете, нема да ја најдете никаде во пишана историја, а најмалку на Дискавери канал....


После падот на Ерусалим светиот ред на Витезите темплари кој што бил калуѓерски ред само од мажи никако жени доаѓаат во Европа, и дечките како што се со немирен дух имаат лиценца за крштевање, венчавање погреби литургии итн. затоа што се калуѓери, но покрај тоа палеле и вештерки низ Европа. И случајно некој или некои од нив откриваат дека најголемите окултисти и практиканти на црна магија е папството во Ватикан, во чиста паника Ватикан заедно со кралот француски организираат нивни атентат во една вечер скоро сите, затоа што стравот од нив бил ужасен. Не за пари не за моќ туку поради тоа, и затоа среќавате нивно оцрнување дека Темпларите правеле такви окултистички обреди затоа што историјата победникот ја пишува....

--- надополнето ---

П.С. Нивната легендарна и надалеку прочуена сила и храброст доаѓа од нивниот начин на живот, односно асексуалноста која што ја практикувале во секојдневен живот. Едноставно речено со стишувањето на нивните сексуални страсти подолу од минимум (не биле евнуси цела опрема тука била :icon_lol:) тој потенцијал е префрлен на друга страна, но со тоа има други духовни последици....

--- надополнето ---

И пак ќе прашам:
Зарем мислите дека Девет мажи успевале да го вардат патот до Ерусалим од напади (на пример од оние на Асасините) врз некакви си аџии кон светиот град?
Или ова можеби има сосема друго значење со Деветмината темплари?
Тоа шефојте таму што се познати во денешна историја и повеќе ги имало, а бројката биле како денешна специјална единица ни многу ни малку, добро обучени мобилни и фанатични до немајкаде.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
Добро обучени мобилни единици и денес се ефикасни ако другите се малкубројни (освен по филмовите од холивуд)! :)

Но девет луѓе да заштитат караван нападнат од муслимани ... Тоа некако не оди така... Освен во холиивудски филмови и добри американски приказни на дискавери :)

П.С. Може да се најде за асасините и Ишмаилитите по интернет (не само wiki)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Добро обучени мобилни единици и денес се ефикасни ако другите се малкубројни (освен по филмовите од холивуд)! :)

Но девет луѓе да заштитат караван нападнат од муслимани ... Тоа некако не оди така... Освен во холиивудски филмови и добри американски приказни на дискавери :)

П.С. Може да се најде за асасините и Ишмаилитите по интернет (не само wiki)
Никогаш во движење како веона единица не оделе девет, секогаш најмалку триесет четириесет.
А овие девет јас мислев да не беа старешините во редот, тие девет се измислица односно дезинформација.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
Не се дезинформација...! Секогаш постојат Надворешни Водачи и малкузнајните Внатрешни или Тајни Водачи!
Никогаш не се знае името на вистинскиот старешина, ако зборуваме за Ред!
Тоа правило важи од секогаш... не е поврзано само со Темпларите и нивната хиерархија. Таа хиерархија морала да дојде од некаде, да се предаде, да се продолжи.
Сигурно не му текнало на некој, еве сега јас ќе го направм најкомплексниот систем на иницијации и пракси заради тоа и тоа.
Некои работи ги надминуваат човечките способности!

А тоа што профаните се "палат" на шефување и управување и што самите ги мистифицираат работите, е тое е нивна дезинформација, и тука не се можи ништо.
Денес пак, додади ја и мрзливоста и навиката набрзина да се добива 'знаење', и ете ти еден куп од тие твои дезинформации.

Знаеш како оди, Дај им на народот да се хранат со нивната храна, лагата, и гледај до каде ќе одат во нивната лудост! :smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не се дезинформација...! Секогаш постојат Надворешни Водачи и малкузнајните Внатрешни или Тајни Водачи!
Никогаш не се знае името на вистинскиот старешина, ако зборуваме за Ред!
Тоа правило важи од секогаш... не е поврзано само со Темпларите и нивната хиерархија. Таа хиерархија морала да дојде од некаде, да се предаде, да се продолжи.
Сигурно не му текнало на некој, еве сега јас ќе го направм најкомплексниот систем на иницијации и пракси заради тоа и тоа.
Некои работи ги надминуваат човечките способности!

Не биле тајно друштво се знаело кој е старешина, исто како денес што има чинови дури и овде во денешното наше православно калуѓерско братство, имало и тогаш затоа што сите до еден биле калуѓери и сите до еден биле деца сираци растени во манастири и специјално обучувани за задачата што ги чекала подоцна.

За настанокот тешко мнооогу тешко да се најде нешто затоа што е закопано со нив....



П.С. Денешните луѓе кои што тврдат дека се темплари дами и останати тракатанци се измамници врска немаат со темпларството.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
Дали биле или не тајно друштво, нема да дискутирам, ќе заминиме во шпекулации, а и веќе има премногу книги за тоа кој што како правел, како авторите сами да биле дел од тие настани.

Значи според тебе, темпларите, биле сираци и од нив правеле нинџи? Добар холивудски филм, но не било така.

Што тогаш ќе биде со иницијациите, со степените ако било така како што велиш? Што со врските со муслиманите?
Биле тие калуѓери (монаси) но какви?
Зошто имале различни храмови од католиците? Од кога?
Дали биле тајно друштво пред или откако се вратиле од Ерусалим?
Кој ги иницирал прв? Од каде доаѓа сето тоа?
Исток, запад, католици, мистици, православни, бабуни???
Прашања многу на кои на нет имаш секогаш два одговора кои се дијаметрално спротивни, а не може да се каже дали се точни или не.

П.С.
Не знам јас ништо за тоа кој што тврди и како тврди за наследната линија на темпларите...
Тоа не ме интересира...
Времето секогаш е најдобриот обвинител! Ќе видиме кој е кој и зошто е! :smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дали биле или не тајно друштво, нема да дискутирам, ќе заминиме во шпекулации, а и веќе има премногу книги за тоа кој што како правел, како авторите сами да биле дел од тие настани.

Значи според тебе, темпларите, биле сираци и од нив правеле нинџи? Добар холивудски филм, но не било така.

Што тогаш ќе биде со иницијациите, со степените ако било така како што велиш? Што со врските со муслиманите?
Биле тие калуѓери (монаси) но какви?
Зошто имале различни храмови од католиците? Од кога?
Дали биле тајно друштво пред или откако се вратиле од Ерусалим?
Кој ги иницирал прв? Од каде доаѓа сето тоа?
Исток, запад, католици, мистици, православни, бабуни???
Прашања многу на кои на нет имаш секогаш два одговора кои се дијаметрално спротивни, а не може да се каже дали се точни или не.

П.С.
Не знам јас ништо за тоа кој што тврди и како тврди за наследната линија на темпларите...
Тоа не ме интересира...
Времето секогаш е најдобриот обвинител! Ќе видиме кој е кој и зошто е! :smir:

Е како било според тебе ако не било така, сираци растени во сиропатилишта во манастири католички.
Единствената врска на монахот Темплар со муслиман била преку острицата на неговиот меч, овде станува збор оригиннал што биле тие не денешниве да не се дојде до забуна.


Нема наследна линија на Темпларите затоа што биле калуѓери асексуалци во вистинска смисла на зборот, а да се има род треба да се има секс тоа е факт.


Денешните тајни здруженија на Темплари и Темпларки и нивните обичаи немаат никаква врска ама апсолутно никаква со оригинал Темпларите кои во една вечер биле масакрирани. Приказните за бегствата за богатството се само приказни, прво и основно златото не било нивно туку од папата и тие управувале само со него, така да најголемиот дел било во рацете на Ватикан во тој момент кога се случил масакрот.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.260
Јас не кажав кој со кој каква врска има...
Тоа се небитни работи за форумов дали некој има или нема нешто со темпларите и нивната филозофија.

Сигурен си за врската помеѓу Темпларите и Муслиманите (и другите филозофии што се најдоа на тлото на тогашниот Ерусалим) ?
Ако си сигурен, ок ете ќе кажам во право си...

А зошто беше масакарот всушност?
Барањето на папата и Филип V(запрашај се кои се и што се овие идиоти) да се прекине тој таен ред на монаси кои имаат свои иницијации и посветеници, мислам дека е игнорирано од поголем број кралства во тоа време! Ама само така мислам...

Мислиш Шпанија убивала темплари? Мислиш дека златото во Храмовите и знаењето собрано од исток е тоа на Папата?

Во тие векови кога редот одеше од едно кон друго, папите имаа друг непријател на главата!

П.С. Не ми цитирај цел пост, цитат служи да се издвои нешто и да се коментира на истото... само ми полниш ѓубрарката за џабе :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom