Инаку, ајде да бидеме малку поопширни во излагањата. Еве, ќе ги образложам моите забранети мажи. Во суштина, забранетоста кај нив си ја стварам сама од некакви морални или што знам јас какви причини. Имено, ако е женет, најверојатно би бил со мене за секс или за да разбие монотоност. Со други зборови, ако не сум јас, ќе биде која било друга. Понатаму, стварно не би сакала да бидам соучесник во муките на некоја жена чијшто маж ја изневерувал. Е сега, кога ќе се спомне потомство и дека тој човек оставил зад себе своја крв и гени, тогаш дефинитивно, забраната се вградува во мене инерцијално, па не знам колку и да ме пали мажјакот. Отсекогаш ми се свиѓале постари, али едно е да ми се свиѓаат, а друго да имам нешто со нив. После, ова забранава за со роднина е знак на општествен калап на однесување. Едноставно се знае дека тоа не чини, како што не чини на пример да се убие човек.