Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Сега штипе потта од мишките на понежниот и посилниот пол, не знам дали го прочита постот на Riki_AMG/// :)
 
Мене ми пречи ситуацијата кога сул излегол во кафуле некаде и буквално треба да се борам за живот со нечиј чад, додека таа особа си ужива и не ме ни приметува како мавтам со раце да го расчистам воздухот. Е само заради ваквото расипување на расположение и фактот дека на пушачите баш и не ги боли дали некој се гуши заради нив ГО ПОДДРЖУВАМ 110% ЗАКОНОТ. Само казни да им лепат
 
а шо праиме кога истите пушачи искачаат надвор за да испушат една на -15 -20... дали е тоа фер и океј? шо мислиш за ова?
 
А што му фали ако има локали каде ќе биде дозволено пушењето и за добивање на дозволата локалот да и плаќа на државата . Сите ќе си бидат на чар, ем за државата пари ем пушачите нема да мрзнат надвор. Ваквата идеа не е нова само изгледа во Македонија нема доволно критична маса да ја покрене....
 
бидејќи сум пушач -страшно ми се допадна статијава и повелете прочитајте ја-
Пушењето се покажа како ПОЛЕЗНО за здравјето:smir: Необмислената кампања против пушењето е замислена да ги плаши луѓето и да ги откажат цигарите. Но всушност предизвикува обратен ефект.
http://mansworldd.blogspot.com/2010/12/blog-post_09.html
 
Cool, необмислената кампања против пушењето воедно и законот се замислени за да некој си го наполни џебот. Никој не го интересира здравјето на граѓанинот во оваа држава. Ако го интересираше некој, здравството ќе ни беше на повисоко ниво, а не да се рушат покриви од болници, да се раѓаат недоносени деца или уште полошо да се родат мртви. Така да, не ми држи вода тоа дека е воведен законот со цел да не заштити.
 
а шо праиме кога истите пушачи искачаат надвор за да испушат една на -15 -20... дали е тоа фер и океј? шо мислиш за ова?

Како непушач правото на чист воздух си го сметам за поважно од нечие право да пафка цигари. Не уживам кога ги гледам како мрзнат, ама кога ке ми текне на алтернативата, баш и не ме идат солзи, да бидам искрен.
 
Ма ич не се замарам за законов, од Тетово сум, тука не важи законот!

И во чаршија неважи- бев -видов- и уживав :vozbud: треба човек да се подзамисли кај ќе искача, поготово сега зимно време- таму е МЕРАЦИ, пиј јади пуши(ех као у она добра стара времена)
а тек накај Чаир или Топанско- ух - милина пуши брате колку ти душа сака и каде сакаш- у канцеларии, кафичи, па дури и у бутици, само од оваа страна на Вардар нешто мрчат муда , демек спроведуваат закон и се придржуваат кон него :toe: а у Солууууун - хах - у нај елитните бутици чурат ко турци - туку ај - нек си мислат дека сме бар по законите(забраните ) у ЕУ
 
Јас искрено сум за овај закон да постои но со мала корекција.
Искрено јас сум непушач,и не ми смета законот но 80% од младите пушат и добро би било барем во еден град, како што е Прилеп со толкава големина, да има барем околу 4-5 кафани и 1-2 кафичи на кои ќе му биде дозволено да пушат. Или пак на газдите да им биде доделено по нивна воља да укажат дали во нивната кафана сакаат да се пуши или не,сепак мислм дека тоа е нивно право,затоа што тие се сопственици на тој локал и место.

Ова е мое мислење.

Поздрав
 
Јас бев полупушач т.е. пушев само во друштво но, кога се воведе законов комплетно престанав и сум среќен и задоволен многу од законот лично. Посебно тоа што важи секаде. Според мене пушење на секое затворено јавно место треба да биде забрането. На отворено или во домови може.
Може краткорочно е лошо малку за бизнисот на некои кафани ама тоа е многу малку во однос што се добива со намаленот изложување на пушењето. Канцерогенеза трае 10 години за 10 години ќе се видат правите ефекти на законов. Мора агресивно да се делува кон пушењето зошто е премногу опасна навика за сите во државата.
Никотинот како дрога е многу поопасна од Канабисот и амфетамините така и треба да биде третирана така со агресивни закони и мерки. Никотинот е слабо психогена дрога но, со многу јаки токсични нусефекти.
 
Сега не ми е јасно. Цигарите се поопасни од канабис и амфетамини а се легални, а канабисот и амфетамините се нелегални?

:lud:
 
Сега не ми е јасно. Цигарите се поопасни од канабис и амфетамини а се легални, а канабисот и амфетамините се нелегални?

Прашање е на историја тоа. Причината поради кој канабисот и амфетамите се илегални е дека се повеќе психогени. А не дека се потоксични. Канабисот не создава никакви долготрајни физички последити за разлика од никотинот, предозирање со канабис е НЕВОЗМОЖНО, предизвикува помала физичка и психича зависнотс но, проблемот е зошто е повеќе психоген и има некој долготрајни психички ефекти. Слична приказна е и со ЛСД и Амфетаминот. Во превод Никотин е многу слаба ама ѓубре дрога, а канабисот е многу чиста ама затоа и појака дрога. И едното и другото треба да е забрането ама историски не се знаело за лошите ефекти на никотинот и е дозволена полесно а за јаките психогени ефекти на ТХЦ и Амфетаните веднаш се гледа не ти треба некоја студија.
Така да сакаш џанк повеќе отров од дрога имаш цигара. Може и лепак и алкохол да земаш исто срање е. ТОа е многу прљави дроги со многу ѓубре во нив а слабо дејство. Дури им викав земајте појаки ствари не го земајте тоа ѓубре ако ви е до ефектот и сте толкави зависници.

Според мене и едното и другото треба да биде забрането со закон. Имам у фамилија двајца што цркнаа од никотин и најгадни маки и е многу гадна никотинот работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom