Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
И во Чаир, Бутел, Бит пазар, Тетово, Гостивар важи законов?:uvo:
Токму така, законот НЕ се почитува секаде, ама не требало да набројувaш САМО места каде живее претежно албанско население.

Па кафичи, локали, објекти каде македонец е сопственик СЕ ПОЧИТУВААТ ЗАКОНИТЕ, а ако локалот го држи припадник на малцинството тогаш ЗАКОНИТЕ НЕ ВАЖАТ.Сеа појасно е?
Вчера во Виница во еден локал каде сопственик е македонец јас си пушев(цигари), минатата недела во Берово се случи истото...и да не редам...Газдата се знае со инспекторите, газдата е тој на кој никој во градот ништо не му може и натаму приказната ја знете:toe:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
а што би се случило кога никој не би го почитувал законот??? кога ке дојде некој да те казнува да не му даваш легитимација а уште помалку да му плаќаш казна, што ке направи тогаш државава?? ке притвори 1 милион луѓе??...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
а што би се случило кога никој не би го почитувал законот??? кога ке дојде некој да те казнува да не му даваш легитимација а уште помалку да му плаќаш казна, што ке направи тогаш државава?? ке притвори 1 милион луѓе??...
Легитимација од тебе како граѓанин само полицаец смее да бара.
Така да ако не си правно лице инспекторот ако не е заедно со полицаец може да го....:pusk:
 
Член од
31 јануари 2010
Мислења
13
Поени од реакции
0
Ми се деси пред некој ден првпат во живот,значи бев во ресторан на прослава кај другар,после отидов во друг ресторан со пријатели,од таму во еден бар по некое пиво да испиеме и на крај завршивме во миднајт,но тоа што е невероватно е што кога се вратив дома сеуште мирисав на мојот пако рабан што го имав ставено пред излегување.Подобро и неможеше да биде.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
17
Поени од реакции
1
... дали пишувањето на форуми е право на избор?
Ајде не ја должи до немајкаде... кажи што ти е поентата.
Прв поставив прашање, фер е да се одговори, па реплика, контрареплика и потоа ново прашање.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.774
Поени од реакции
34.033
Но како што капирам темава е дали за некого важи законот или не, туку темава е дали законот е дискриминирачки.
И доаѓаме до, дали пушењето е право на избор?
... дали пишувањето на форуми е право на избор?
Ајде не ја должи до немајкаде... кажи што ти е поентата.
Прв поставив прашање, фер е да се одговори, па реплика, контрареплика и потоа ново прашање.
Звучи сложено... :wink:
Да скратам, сакаш да кажеш дека ако пушењето е право на избор, во тој случај те дискриминираат заради тоа што ти забрануваат да пушиш на затворен простор?

Информирај се кои точно права ти се загарантирани со уставот како човечки права.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
17
Поени од реакции
1
Звучи сложено... :wink:
Да скратам, сакаш да кажеш дека ако пушењето е право на избор, во тој случај те дискриминираат заради тоа што ти забрануваат да пушиш на затворен простор?

Информирај се кои точно права ти се загарантирани со уставот како човечки права.
Без нервоза, пак не ми одговори на прашањето, дали пушењето е право на избор?
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Што правиш ако некој од вработените се отаже од пушење, ќе го отпуштиш? Или ако ти затребаат нови работници... ќе вработуваш само пушачи?
Во колку фирми не доаѓаат воопшто странки? Или ќе соработувате само со странки -пушачи?
Хигиеничарките, сервисерите на опремата, инвентар сите ќе бидат пушачи? Сметководителите...
Инспекциските служби... ќе организираат министерствата специјални пушачки екипи за ваквите, пушачки фирми?
Ако нема доволно пушачи меѓу хигиеничарките, сервисерите, сметководителите, инспекторите... ќе се организираат додатни вработувања за да задоволат потребите?
Што прави некоја фирма кога и паѓа промет?
-Отпушта вработени.
Ако мене ми падне прометот ќе отпуштам непушач без око да ми трепне, исто како што по фирмиве се праќаат луѓето во пензија на 59 години иако законски треба да работат до 62 (мислам дека беше) значи јас нејќам непушачи, останатите нејќат старци и тоа е.
-Да. Ќе вработувам само пушачи. Исто како и огласине „бараме девојка до 30 години по можност без деца (оти ако има ќе и се разболуваат па нели дома ќе треба да седи) може и маж да нема... за да дрви на работа до 7 без поголема плата
-за инспекциите ме заболе, право да ти кажам, можат и со најава да дојдат, па во меѓувреме да си ги отстранам непривалностите и +ќе излуфтирам успат рак да не фатат случајно.
-опремата јас си ја носам на сревис,
-сметководителите си се посебна канцеларија итн

Негоооо... памти ли некој што значи приватна сопственост во државава наша или толку беше?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.774
Поени од реакции
34.033
...ќе отпуштам непушач без око да ми трепне...значи јас нејќам непушачи, останатите нејќат старци и тоа е.
-Да. Ќе вработувам само пушачи.

Негоооо... памти ли некој што значи приватна сопственост во државава наша или толку беше?
Среќа што законодавците (колку и да се далеку од совршени) не мислат како тебе.
Можеби заради тоа што се свесни дека нивните (практични) постапки ќе сносат правна одговорност, за разлика од твоите (теоретски) размислувања.
Барем ова се (правно) лесно предвидливи работи. Било кој што е отпуштен на ваква основа има секаква правна (освен морална) основа да те даде на суд (и да те добие, тебе или барем носителот на таковиот „закон„).

- Испекции со најавува? :)
Која е поентата тогаш да доаѓаат воопшто... - Еј Г-ѓо/це Елохим, ние ќе дојдеме утре да утврдиме дали го почитувате законот за ..., ве молиме „излуфтирајте„ малку.

- Огласите што ги спомнуваш се во најмала рака рака некоректни и неморални (како и твоиве идеи). Не знам кој закон и како (не) го третира тоа, ама тоа е само показател колку кај нас функционира правната држава...

- Не ти држи вода ни за другите работи, почнувајќи од носење опрема во сервис за најбанални работи. Пробај да носиш фотокопир од 150 кила на сервис за заглавена хартија во недостапните делови од машината, менување тонер или што и да е. Или да гломазни работни станици на сервис, за оперативен систем заразен со лесно отстранлив вирус/црв, или ... (безброј примери).
Едноставно нема да функционира.

- Приватна сопственост е имотот, не вработените.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
За контрола од цигари во затворен простор кај нас дојдоа со некој мерач, сигнализирал доколку се пушело цигари до 4 часа претходно во просторијата. Каков е тој мерач не знам, ваљда техника напредувала.

Инаку зошто да не, може во огласи да се стави и тоа, по желба на газда на фирмата. Не е противзаконски.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
П.С Мое право е дали ке пушам или не!!! Одам во дискотека кафич или шо и да е да се издувам да зеам да пијам да јадам и цигара да запалам!!!
П.С. Твое право е да пушиш таму каде што нема да го ускратиш моето право да не ти го вдишувам чадот. Демократија, as simple as that :back:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
П.С. Твое право е да пушиш таму каде што нема да го ускратиш моето право да не ти го вдишувам чадот. Демократија, as simple as that :back:
значи ти ми го одземаш прапвото да запалам цигара кога си у близина до мене на пример.. нели ?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.774
Поени од реакции
34.033
Ванлок.. брат тебе да те стават на власт мислам дека пола македонија ке изгине...
човече како си настроен према пушачиве до степен да ги успоубиеш!!!
Претпоставувам, впечатокот ти e заради тоа што се гледаш од другата страна на критиката.
Од моја страна се работи за политика на нулта толеранција. Од години лично искуство знам дека еден ваков закон беше апсолутно неопходен... Со некои луѓе едноставно не можеш да се разбереш, заради нив и се носат закони.

Се што се бара е да не се смета на други. Културно да се излегува надвор, или можеби во некое просторче специјално за тоа предвидено и опремено...

Инаку зошто да не, може во огласи да се стави и тоа, по желба на газда на фирмата. Не е противзаконски.
Огласи каде се бараат за работа само девојки, и тоа без деца и со обврска дека нема да имаат деца во догледно време... се во најмала рака дискриминирачки а предпоставувам и незаконски.

Или во истиот контекст (како што беше спомнато) да се вработуваат/отпуштаат исклучиво пушачи/непушачи.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Претпоставувам, впечатокот ти e заради тоа што се гледаш од другата страна на критиката.
Од моја страна се работи за политика на нулта толеранција. Од години лично искуство знам дека еден ваков закон беше апсолутно неопходен... Со некои луѓе едноставно не можеш да се разбереш, заради нив и се носат закони.
Во иста реченица зборуваш за права и закони и нулта толеранција.

Интересно...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.774
Поени од реакции
34.033
Во иста реченица зборуваш за права и закони и нулта толеранција.
Да, кога се работи за нарушување на нечие здравје заради лично задоволство, порок... нулта толеранција.

Впрочем, се работи за забрана на дотичниот порок само во затворени јавни простори каде што нарушува и туѓо здравје. Порокот (па и задоволството) сам по себе не е забранет на никој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom