...ќе отпуштам непушач без око да ми трепне...значи јас нејќам непушачи, останатите нејќат старци и тоа е.
-Да. Ќе вработувам само пушачи.
Негоооо... памти ли некој што значи приватна сопственост во државава наша или толку беше?
Среќа што законодавците (колку и да се далеку од совршени) не мислат како тебе.
Можеби заради тоа што се свесни дека нивните (практични) постапки ќе сносат правна одговорност, за разлика од твоите (теоретски) размислувања.
Барем ова се (правно) лесно предвидливи работи. Било кој што е отпуштен на ваква основа има секаква правна (освен морална) основа да те даде на суд (и да те добие, тебе или барем носителот на таковиот „закон„).
- Испекции со најавува?
Која е поентата тогаш да доаѓаат воопшто... -
Еј Г-ѓо/це Елохим, ние ќе дојдеме утре да утврдиме дали го почитувате законот за ..., ве молиме „излуфтирајте„ малку.
- Огласите што ги спомнуваш се во најмала рака рака некоректни и неморални (како и твоиве идеи). Не знам кој закон и како (не) го третира тоа, ама тоа е само показател колку кај нас функционира правната држава...
- Не ти држи вода ни за другите работи, почнувајќи од носење опрема во сервис за најбанални работи. Пробај да носиш фотокопир од 150 кила на сервис за заглавена хартија во недостапните делови од машината, менување тонер или што и да е. Или да гломазни работни станици на сервис, за оперативен систем заразен со лесно отстранлив вирус/црв, или ... (безброј примери).
Едноставно нема да функционира.
- Приватна сопственост е имотот, не вработените.