Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Ех како вчера не го сликнав малиот на семафор на битпазар. Бараше цигара, не доби, седна на ивичник и го задува лепакот. Вирдо држава сме ти ние, испадна дека марихуаната, лепакот и другите зла не се лоши, тутунската цигара е најлоша.
Е зло-точно, е опасно за здравјето, но...
Овој линк од википедија е добар, овде се гледа и нешто друго.
http://en.wikipedia.org/wiki/File:Trachea,_bronchus,_lung_cancers_world_map_-_Death_-_WHO2004.svg
И покрај забраните во ЕУ земјите, некако според легендата западноевропските земји имаат повеќе смртни случаи од ова заболување него балканот. Африка Индија имаат најмалку, дали ради што не пушат таму луѓето или нешто индустријата, загадувањето, зрачењето...
На оваа слика
http://en.wikipedia.org/wiki/File:Lung_cancer_US_distribution.gif
индустриски најразвиениот дел од Северна Америка е буквално пребукиран со смртни случаи.
Да не идеме многу во поединости (пошто си има подфорум за здравје), има многу други извори каде вели дека

TEN LEADING CAUSES OF DEATH, ALL WHO MEMBER STATES, 2000
(1) Ischemic Heart Disease 12.4%
(2) Cerebrovascular Disease 9.2%
(3) Lower Respiratory Infections 6.9%
(4) HIV/AIDS 5.3%
(5) Chronic Obstructive Pulmonary Disease 4.5%
(6) Perinatal conditions 4.4%
(7) Diarrhoeal Diseases 3.8%
(8) Tuberculosis 3.0%
(9) Road Traffic Injuries 2.3%
(10) Trachea, Bronchus, Lung Cancers 2.2%

За дополнителни информации кај нас што е во подем (и во светски рамки) еве овде
Малигноми на дигестивниот систем се во пораст
Доволно е со офтопици за здравје и болести.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Значи неговото кафе тебе не ти предизвикува болест која е докажана дека пасивното пушење ја предизвикува. Разбираш? или слабо?
Па баш и не е докажано.
Не се докажани ни болестите што ги велат за активните пушачи, не пак за пасивните.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Радонот е втор причинител на ракот на белите дробови и е одговорен за 3% до14% од случаите на белодробниот карцином. Ова е објавено од страна на Светската здравствена организација (СЗО), во студијата за влијанието на радонот на човековото здравје.

Радонот е, исто така, најчест причинител за рак на бели дробови кај непушачите. Изложеноста на радон значително ја зголемува опасноста од рак на бели дробови кај бившите пушачи.

Поголеми количини на радон се присутни во рудниците, подрумите и одделите за препработка на водата. Количината на радонот во стамбените згради може да се намали со релативно мали вложувања, односно со затворање на пукнатините во темелите на здрадите, на подовите и на зидовите, како и со подобра вентилација.

Цела статија тука

п.с.Барам непушачите да одговорат дали знаат колку лица во Македонија годишно заболуваат од рак на бели дробови и дали постои можност истиот да се излечи?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
види другар јас никаде во постот не реков дека несмеат да одат на такви места. само кажав дека луѓе кои имаат такви прблеми прво самите на себе не би си дозволиле да искачаат на такви места (освен ако не идат против своја воља) затоа што им е загрозено здравјето. пушачи во македонија ги има 10 пати повеќе него ли заболени од ХПВ. и сега да гледаме реално сите ке пушиме надвор за тие шо се болни од ХПВ да можат да дојдат во кафана или кафич и да се напијат нешто.
законов е донесен и ете не се пуши на јавни места. јас не го донесов законов па да кажам дали ке падне или нема да падне на уставен, дали ке се менува или не, или па колку и каде ке се почитува.
Зошто човек кој има астма не би си дозволил да седне во кафич? Или некој кој има хпв, или излекуван рак? А, сепак, замисли, не сака некој да му дува чад во лице и со тоа да се изложи на ризик, а од друга страна сака да излезе и да се напие кафе надвор од дома. Здравјето веќе не им е загрозено на излекуваните од рак, ама не сакаат ни да си го загрозат, па затоа не сакаат ни чад да дишат.
И, по втор пат, да, има и други причинители на рак, факт е дека живееме во ужасно загадена средина, и не можам да ви ја разберам логиката дека заради тоа што ни е загадена земјата, треба да се труеме и со цигари. Цигарите не се само капка во море, ако тоа сакате да го кажете. И, не, вие не сте недопирливи од штетните ефекти на цигарите, вие сте само обични смртници кои се очигледно премногу млади за да сфатат што се' може да се случи. Фактите не ви одат во прилог, затоа не се силете толку, тоа што можеби бројно има многу пушачи не значи дека сте во право или посилни.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
decki imajte nekoja granica ,ne e u red vakvata komunikacijai upotreba na vakvi zborovi.prvo rak na beli drobovi e bolest od koja umiraat najveke luge vo svetot,vtoro vo najgolem del toa se pusaci.imajte vo prednid deka taa bolest se znae kako zavrsuva a se dobiva mnogu bavno i neprimetno a ne za mesec/dva/tri.
луѓе умираат од свински грип, умираат од дрога, умираат од сообраќајки...

дај да се забрани возењето автомобили затоа што многу луѓе умираат од тоа...
и кои зборови не беа во ред???? патем и кафето и алкохолот се штетни па болни луѓе пијат и кафе и алкохол...
тоа што го реков за овие 15 дена дека е намален бројот на заболени од рак на белите дробови беше зезанција од еврозум мислам на тошо малерот и не скокај одма да изводиш душегрижник за сите нас дај ти се молам
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Едина слабост (благо не сакам, жени не бркам, алкохол скоро ич не пијам...) ми се цигарите :)
...ебаго кој ме натера зад трафостаница да пробувам цигари на парче.

тоа што можеби бројно има многу пушачи не значи дека сте во право или посилни.
Јас сум напротив многу слаб...кога не можам да се откачам од нив значи немам воља/желба/сила...а сето тоа е слабост-бар за мене :smir:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
цело време вртите тапа муабет дека и алкохолот, брзата храна, дури и кафето итн итн се штетни па зошто и тие не бидат забранети со закон. Па стварно незнам како мене некој ќе ми влијае врз здравјето ако пие алкохол, јаде хамбургер или пие кафе... што не е ист случај и со цигарите. Главната причина зошто е овој закон е затоа што го прекршува човековото право на избор, моето право да не вдишувам чад од цигара. Е сега некој ќе се јави со фабриките и автомобилите но и за нив има закони против штетните гасови што ги испуштаат. Плус вас никој не ви забранува да пушите, туку само ви е забрането да им штетите на другите со пушењето
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Во мојот претходен пост побарав непушачите да одговорат дали знаат колку лица во Македонија годишно заболуваат од рак на бели дробови и дали постои можност истиот да се излечи?

Ќе ме удостои некој непушач со одговор?:uvo:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Пешевски: Владата не отстапува од законот за пушење

Пешевски: Владата не отстапува од законот за пушење


Во моментов Владата не размислува за промени во законот за пушење и ќе продолжи да се залага за негово достојно спроведување.
Ова во четвртокот го рече вицепремиерот Владимир Пешевски, запрашан дали Владата има намера да го промени рестриктивниот дел од законот што стапи на сила на 1 јануари.
Станува збор за закон што се спроведува во многу држави, а долгорочните ефекти врз економијата секогаш се позитивни. Краткорочно гледано, очекувано е законот негативно да се одрази врз некои гранки како што е угостителството, но досега многу пати е докажано дека крајните ефекти се позитивни.
Законот кој стапи на сила со почетокот на Новата Година предизвика лавина од реакции во македонската јавност.
И по две недели од неговото стапување во сила пушачите никако да се навикнат своето кафе да го пијат без цигара. Соочени со огромни казни, што за физичките лица се движат и до 300 евра тие се принудени да излегуваат надвор од локалите за да уживаат во своето задоволство.
Угостителите од друга страна се жалат на двојно намален промет и предупредуваат дека загубите што ги трпат може да доведат и до згаснување на нивните бизниси.
Комората на угостители за 22 овој месец најавува протест на кој ќе го изразат своето незадоволство од забраната за пушење, а поголем дел од кафулињата во петок, 22 јануари, ќе бидат затворени.



Извор: А1
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Во моментов Владата не размислува за промени во законот за пушење и ќе продолжи да се залага за негово достојно спроведување.
Ништо необично. Сите наопаку, Македонија терсене.

Па стварно незнам како мене некој ќе ми влијае врз здравјето ако пие алкохол, јаде хамбургер или пие кафе
Не знам од кафе, но од исхраната тукушто постирав дека постојано се зголемува бројот на малигнитети на системот за варење, а главни причинители се посочени токму исхраната, покрај радијацијата и стресот.
Нуспродукти на алкохолот има на нервно и на хепатологија. Сите тие се заебана работа, нема подобро или полошо.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Во мојот претходен пост побарав непушачите да одговорат ..............

Ќе ме удостои некој непушач со одговор?:uvo:
Може да ги прашаш и колку време неделно проведуваат во кафана, кафич.....

ако се таму по цел ден и таму спијат законов има и од мене подршка:pos2:...а вака толкава галама кренаа за саат два (којзнаа дали се и толку) што инцидентно ќе влезат во локал, па одма ќе ги добиеле сите познати и непознати болести.

Тие што никогаш не пушеле и не креваат толку галама, поразумни се, најгадни се бившите пушачи ...кога ќе осетат мирис на цигара ..ги влече носталгија:vozbud:.....другите изговори им се само тра ла ла....:toe:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Абре луѓе од нешто мора да се умре, шо мешате други болести со пушењето. Сите знаат и се свесни за последиците, и сами и си се одговорни за своето здравје.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Тие што никогаш не пушеле и не креваат толку галама, поразумни се, најгадни се бившите пушачи ...кога ќе осетат мирис на цигара ..ги влече носталгија:vozbud:.....другите изговори им се само тра ла ла....:toe:
жива вистина :)
па уште и муабетот: Ехх јас пушев 25 години, ама веќе неее..
А бе бркај работа, ги слушав на ТВ пред некој ден, па тоа предавања, па вака па така, па се грижеле за нашето здравје.... уствари им се пали им се плаче. Чувствуваат дека се зезнале што ги откажале :)))) ворст кајнд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom