B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
Јас те разбирам, ти сметаш дека е во ред да се компромитира нечие здравје поради твојот комфорт. Значи ти оправдуваш колатерална штета да биде здравјето на угостителскиот работник, зато шо за тебе е преголем дискомфорт да излезеш на 5 минути за да ја испушиш цигарата.
Е сега ти можи својата егоцентрична и крајно себична вистина да ја сметаш за ултимативна, ама прашање на одлука е сепак. Објективноста крај краева е склоп од договорен број субјективности.
Според мене то шо секој пушач од чиста култура требаше да го прај, сега е приморан. На само без да компромитира ничиј комфорт и здравје да си ужива во цигарата.
Само човечност треба за да го разбериш ова, џабе ќе се надвикваме.
Јас сепак во секој момент кога ќе ми биде законски дозволено егоцентрично и крајно себично ќе пушам секаде затоа што според:
Член 9 (Закон за безбедност и здравје при работа)
Работодавачот ги спроведува мерките за безбедност и здравје при работа врз основа на следниве основни начела:
- избегнување на ризици,
- проценување на ризиците кои не може да се избегнат,
- справување со ризиците на самиот почеток,
- прилагодување на работата кон поединецот, особено во однос на карактеристиките на работното место и работната средина,
- изборот на личната заштитна опрема,
- изборот на хемиски супстанци или препарати,
- изборот на работни и производни методи,
- спроведување на мерките потребни за одржување и зајакнување на здравјето,
- прилагодување кон технолошкиот напредок,
- замена на опасното со безопасно или помалку опасно,
- развивање на целосна безбедносна стратегија која опфаќа, технологија, организација на работа, работни услови, меѓучовечки односи и фактори кои влијаат врз работната средина,
- давање приоритет на колективните безбедносни мерки наспроти поединечните мерки и
- обезбедување на соодветни упатства и инструкции и известувања на вработените.
Што значи дека доколку димот од мојата цигара предизвикува сериозно оштетување по здравјето на вработениот мене одамна немаше да ми биде дозволено да пушам и ќе ми беше кажано многу претходно пред ти да ми кажеш.
И кога веќе зборуваме за безбедноста на вработени на работно место мислам дека може да се насочиме кон многу други поопасни ризици кои можат да го нарушат здравјето на работниците за разлика од мојот невоспитан дим од цигарата.