Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Брат... брат.
You can have it all, само без цигарата бидејќи мене ми смета. Јас мислам дека е фер.


Знам дека ти сакаш без цигара,тоа ми е јасно одамна.Само сакам да ти укажам дека ја сакам кафето да си го пијам со цигара.Поради тоа се буниме ние,не дека ние сакаме да ви наштетуеме?Што мислиш ти ние пушиме за да ве гушиме вас,побрзо да умрете.Така доаѓа со овие дискриминирачки постови.Затоа треба да има дел кај што се пуши и дел кај што не се пуши.Ама очигледно неможат и двете страни да бидат задоволени.Јас сум против законот,и едноставно барам да се најде решение кое ќе биде добро и за двете страни,а не да се врши дискриминација врз едната.
 
Темава за 2 дена набилда 40+ страни. Вака кога фрлам поглед, некои од постовите држат вода, ама има многу паметувања со други членови, навреди.. Сите тие мислења за кратко ќе ги избришам и членовите што изнеле навреди према друг член ќе бидат санкционирани.
Ова ко известување, да не се правдам наоколу туку да знаете дека ако ве снема од тема/форум, зошто е дојдено до тоа.
Поздрав.
 
Не мешај баби и жаби.И ја сакам да идам у америка али кур?НЕ збори глупости.Поентата беше дека сакам да си отидам у кафич како и секој чоек на планетава и да си запалам цигара уз кафето и да попраам муабет.Што не е тука јасно ја не сфаќам?Ти не го сакаш истото,освен цигарата?

Сигурен?

Еј види, контра тврдење: „И јас сакам да отидам у кафич како секој нормален човек на планетава и да си испијам кафе и да попраам муабет без притоа да вдишувам туѓ чад и после тоа да кашлам пола саат како пресен бронхитис.“

Може не ти е логично на скратениот ти твој хоризонт на погледи, ама сепак, постојат, и тоа повеќе од 50% од општата светска популација, луѓе, на кои пушењето навистина им пречи и лошо им се одразува.

ЕДИТ: заборавив, бивши пушач сум, и пак многу ми пречат цигарите.
 
Не викам дека не си во право, во право си, и треба да се казнат особено окта и сега гледам сакаат и топилницата во велес да ја отвараат двете најголеми загадувачи во Македонија.

Ама тоа не значи дека овој закон е лош и дека е дискриминирачки или дека не треба да се донесе. Требаа да се донесат и имплементираат сите закони кои се за заштита на моето здравје од надворешни фактори.

Игоре... мноу од тука ме сваќаат погрешно.. океј е нека е законов донесен нека се почитува.. но треба а има ред бе другар.. ред треба да се воспостави..

коа праиш кафе дома како праиш
прво ставаш шекер
па кафе
па ставаш да зоврие тоа
па отпосле му додаваш вода
па го миеш филџанот
и на крај го пиеш кафето???

Неееее. прво стааш шекер кафе вода па врие па пиеш па миеш филџан..

нашава политика у државава е како првиот пример.
ке се казнуваат тие шо ке палат цигара а фабриките ке почекаат.. пиоритет имаат граѓаните.. зашо на некој извршен директор таму у окта братучед му е на функција па ке го замоли да му пушта инспекција или па ке даде некој денар да не му доаѓа инспекција и да му акне казна.. а казна за фабрика несакам да збора колкава би било...

те сметам за еден од попамемтните членови на форумов и се надевам дека стварно сваќаш шо е поентата на постов.. за разлика од некои други шо им одговара само они како шо сакаат да е...
 
Сигурен?

Еј види, контра тврдење: „И јас сакам да отидам у кафич како секој нормален човек на планетава и да си испијам кафе и да попраам муабет без притоа да вдишувам туѓ чад и после тоа да кашлам пола саат како пресен бронхитис.“

Може не ти е логично на скратениот ти твој хоризонт на погледи, ама сепак, постојат, и тоа повеќе од 50% од општата светска популација, луѓе, на кои пушењето навистина им пречи и лошо им се одразува.


Имаш објаснување за сево ова погоре.На тебе ти штети пушењто,ама ја сакам да пушам и неможеш да ми забраниш.Нека се најде решение,а не да се донесуваат диксриминарички закони.
 
Имаш објаснување за сево ова погоре.На тебе ти штети пушењто,ама ја сакам да пушам и неможеш да ми забраниш.Нека се најде решение,а не да се донесуваат диксриминарички закони.

Добро бе, не ја гледаш двополноста на расправијата?
Ајде пак истото: јас сакам да дишам воздух во кафич и ти неможеш да ми забраниш. Нека се најде решение а не да има дискриминирачки слободи.

Поентата е што ти цело време се бориш за нешто што од сите здравствени и општествени елементи во светот е со факти докажано за штетно. Нешто што во иднина ќе се бориш да го откажеш или ќе почне да ти прави здравствени проблеми.

Јас се борам за спротивното. Така да, со ладна глава, кој е во право?
 
Добро бе, не ја гледаш двополноста на расправијата?
Ајде пак истото: јас сакам да дишам воздух во кафич и ти неможеш да ми забраниш. Нека се најде решениа а не да има дискриминирачки слободи.

Поентата е што ти цело време се бориш за нешто што од сите здравствени и општествени елементи во светот е со факти докажано за штетно. Нешто што во иднина ќе се бориш да го откажеш или ќе почне да ти прави здравствени проблеми.

Јас се борам за спротивното. Така да, со ладна глава, кој е во право?


Судир на интереси,вкусови како сакаш наречи го ова.Реков погоре,барам решение за двете страни,а не дискриминирачки закони.Не го терам муабетов у правец ја си пушам тебе кој те ебе?Нека се најде решение и крај.Али и вие имајте осет,вие како што несакате да ви чурат,ние така сакаме да чуриме.Сфатете бе луѓе,не гледајте само на вас да ви биде арно.
 
Добро бе, не ја гледаш двополноста на расправијата?
Ајде пак истото: јас сакам да дишам воздух во кафич и ти неможеш да ми забраниш.
Тоа не зависи од диктатурата на државата, туку од сопствениците на кафиќите кои ќе си постават добра вентилација.И ти би бил задоволен и не би дишел миризба на мишки и цигари, а и пушачите би можеле да уживаат во задоволството наречено цигара :back:
 
abe kaficite ne se apteki, koj si ti da kazuvas da kazuvas koj kogo true ? eve ti mene me trues so tvoeto neznaenje i besmisleni postovi

Ко ќе видам ваков пост, ми се сере.
Ај, ќе идеме на кафе, запали ми ти цигара, ја ќе запалам мртва мачка и ќе ти ја стаам до кафе. Deal?
Ме разбираш сеа за шо станува збор?
Ако неќам некој да ми смрди, НЕЌАМ ДА МИ СМРДИ. ЗАТОА ШТО ЈА НА НЕГО, НЕ МУ СМРДАМ.
Капираш?
Ако ја непалам фиш пред луѓе на кој им смета, и ти моеш да непалиш цигара пред луѓе на кој им смета.
Нема сигурно да умреш ако не запалиш.
 
Еј знајш шо? Пред 4 дена ти забранија да пушиш на јавни места.
И аман доста плачите ко волој за слама, за тој пуст луксуз - цигаре уз кафе.

А зошто го референцираш како луксуз? Од моја гледна точка тоа е класичен порок, слабост и упорно алудирање кон штетна ствар.

Луксуз? Лукзус е двојно ирско во кафич на плоштад, според мене.
 
Па сега и ти имаш слобода да излезеш надвор и да испушиш цигара. Значи која хипокризија господе, да ти смета културно да излезеш на 5 минути да ги поштедиш сите од дополнителен чад.

Како можи ова да звучи толку неправедно?!

И сум излегувала, па нигде не продефилирав со траспарент дека сум напраила отстапка и сум била фер кон непушачи. И ќе излегувам секогаш кога во моја близина има бебе/дете, трудница или човек на кого сериозно по здравјето му штети мојот дим. Ама онаму каде што ми е удобно да пијам кафе и да пушам и каде што не сум врзала никого да седи до мене и знам дека не предизвикувам штета-не правам отстапка.
 
Судир на интереси,вкусови како сакаш наречи го ова.Реков погоре,барам решение за двете страни,а не дискриминирачки закони.Не го терам муабетов у правец ја си пушам тебе кој те ебе?Нека се најде решение и крај.Али и вие имајте осет,вие како што несакате да ви чурат,ние така сакаме да чуриме.Сфатете бе луѓе,не гледајте само на вас да ви биде арно.
Досега друже само на пушачите им беше арно, непушачите никој не ги прашуваше!
Вас 4 дена ви е ко демек неарно и одма жртви сте. Стварно не сте реални и затоа испишани се толку многу мислења а не е ништо постигнато!
 
А зошто го референцираш како луксуз? Од моја гледна точка тоа е класичен порок, слабост и упорно алудирање кон штетна ствар.

Луксуз? Лукзус е двојно ирско во кафич на плоштад, според мене.

Луксуз е.
Се за кое даваш пари, а не е неопходно, луксуз е.
 
Досега друже само на пушачите им беше арно, непушачите никој не ги прашуваше!
Вас 4 дена ви е ко демек неарно и одма жртви сте. Стварно не сте реални и затоа испишани се толку многу мислења а не е ништо постигнато!


Абе брат ова не води до нигде.Сеа знаеш како се врти ова?Некои членови викаа ако не пушиш не иди у кафич?Е сеа вие го возвраќате ударот и викате,седи си и пуши си дома не ми иди у кафич мене да ме гушиш?Сеа вака ко шо рече некој со ладна глава кажи ми дали не сум у право?
 
Судир на интереси,вкусови како сакаш наречи го ова.Реков погоре,барам решение за двете страни,а не дискриминирачки закони.Не го терам муабетов у правец ја си пушам тебе кој те ебе?Нека се најде решение и крај.Али и вие имајте осет,вие како што несакате да ви чурат,ние така сакаме да чуриме.Сфатете бе луѓе,не гледајте само на вас да ви биде арно.

Тоа не зависи од диктатурата на државата, туку од сопствениците на кафиќите кои ќе си постават добра вентилација.И ти би бил задоволен и не би дишел миризба на мишки и цигари, а и пушачите би можеле да уживаат во задоволството наречено цигара :back:

Точно. Зависеше од сопствениците на кафичите. Подолго време постои закон за изолирање на деловите за пушачи и непушачи. Така, сите ќе бевме среќни. Успеа законот? Не. Ефект? Никаков. Епа чим несакате милум, идеме силум.

Постои btw, уште еден начин. Плесни му на оној угостител 3000 евра годична лисенца за „пушачки кафич“ па тој да ги покачи пијалоците за 30% и нека водат пушачите понездрав и поскап живот. Да, звучи како решение, ама факт е од досегашните „бизнис текови“ наши, да сите цени комплетно ке се сменат и на крај пак ќе дојдеме до дереџе.

Уживајте и пливајте, сто пати поубаво ќе ви биде кога ќе ги заебете цигарите. Ама ајде, на кој зборам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom