Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Државата да собери пари, а пушачите да се натераат да непушат...:helou:
Државата да собере пари е попатен ефект (не дека не им доаѓа добро и тоа) а пушачите да се натераат да не пушат не може преку ноќ...

Главната поента на законот, според мене, е да се заштити здравјето на граѓаните.

Веќе во старт непушачите (мнозинството) се заштитени, што е секако голем успех. Останатите ефекти ќе се постигнат со тек на време...
 
Не сум пушач, ама не го подржувам законов. Пушењето е еден вид навика. Законов е исто како владата да забрани да се грицкаат нокти на јавно место.
 
Станува очигледно дека се повеќе сме апсурдна држава,и не толку смешна.Даваме субвенции за производство на тутун за цигари,ама ги забрануваме цигарите.Слично како на производителите на хероин државите да им исплаќаат субвенции.:tapp:

Да!
Работата е пуши, купвај цигари, ама чекај бе, не смејш да пушиш, не е легално.

Стигнавме Грујо да ни одредва кај ќе пушиме.
Мрш бе.
 
.........епа се додека не се дотера на УМ овој народ ниеден закон не ќе може да не среди:toe:
имаше ли закон за кафулиња место за пушачи и место за непушачи???ДАЛИ НЕКОЈ ГО ПОЧИТУВАШЕ???НЕ(освен 10% од локалите)................
не сум ни за ни против законот.....ЕДНОСТАВНО САКАМ да има место каде што ќе има место за пушачи и непушачи,одвоено посебно(не маса пушачи позади маса не пушачи) или нека си има некоја подобра вентилација.....и НАВИСТИНА не ја гледам КОЈА е поентата на излагање на секои 15 мин да пушам надвор-ИДИОТИЗАМ ТЕЖОК...
 
Главната поента на законот е да фрчат казни и Владата да си го полни буџетот. :toe:
:nenene:Главната поента е да ги спроведат законите кои се потребни за влагање во Европската Унија.:smir:
А колку ќе се почитуваат се знае.:uvo:
 
:nenene:Главната поента е да ги спроведат законите кои се потребни за влагање во Европската Унија.:smir:
А колку ќе се почитуваат се знае.:uvo:

Ова е точно, сите зборуваат дека Владата е крива за донесувањето на законот но таа е приморана да го спроведе.
 
законот е жими к*роФ! ќе падни сигурно,ко во хрватска шо се случи.
иначе случка од вчера: поминувам покрај кафиЌи, „дискотеки“ и гледам маса народ излезена надвор на студот и сите со цигарите в рака...ептен е глупо.
зато поубо дома ќе си седам...:smir:
 
:nenene:Главната поента е да ги спроведат законите кои се потребни за влагање во Европската Унија.:smir:
А колку ќе се почитуваат се знае.:uvo:
а дали законов е ПРИОРИТЕТЕН за влегување во ЕУ????????(и ве молам без вакви испади):smir:
 
:nenene:Главната поента е да ги спроведат законите кои се потребни за влагање во Европската Унија.:smir:
А колку ќе се почитуваат се знае.:uvo:
А знае ли ЕУ дека просечна плата во Македонија е 200 евра,а казна за пушење цигари на јавно место е 300 евра?
Ајде ова плаќајте,ајде нови лични карти,ајде ова,ајде она.. денар по денар т.е. илјадарка по илјадарка ојдоја парите во нечиј џеб.
Од буџетот ни б нема да видиме,али ај.
Надежта последна умира,ама сепак умира.
Продаени души.
 
Многу сериозно те прашуам кој дел не ме разбра?
Ти самиот одбираш каде ќе одиш и што ќе правиш! Како што тебе не треба некој да ти се меша и ти не треба да му се мешаш на некој друг. Ме сфати? :smir:

де бе ептен јак маж си бил од женско се плашиш :pos2::pos2: :pos2::pos2::pos2:


Абе ти изгледа имаш сериозен проблем со концептот на стварност...

Да, јас самиот одбирам каде ќе одам ама со тоа што се пуши таму каде што сакам да одам некој МИ СЕ МЕША ВО ИЗБОРОТ!

Дали ова ти беше доволно едноставно да разбереш? :lud:


П.С. Нема форумов возрастна граница?
 
А знае ли ЕУ дека просечна плата во Македонија е 200 евра,а казна за пушење цигари на јавно место е 300 евра?
Ајде ова плаќајте,ајде нови лични карти,ајде ова,ајде она.. денар по денар т.е. илјадарка по илјадарка ојдоја парите во нечиј џеб.
Од буџетот ни б нема да видиме,али ај.
Надежта последна умира,ама сепак умира.
Продаени души.
Но како човек го поминува месецот со плата 200евра,а пуши ко Турчин,т.е.дава повеќе пари за цигари одколку за леб.Во ред ли е тоа?
Точно е тоа што го кажа за личните карти.Ни поставуваат услови што мораме да ги прифатиме.Инаку од одамна ќе бевме исфрлени од играта.
Не притискаат од секаде.
 
:nenene:Главната поента е да ги спроведат законите кои се потребни за влагање во Европската Унија.:smir:
А колку ќе се почитуваат се знае.:uvo:

Ова е точно, сите зборуваат дека Владата е крива за донесувањето на законот но таа е приморана да го спроведе.
Зошто не ја намали невработеноста, нека го подобри животниот стандард и тоа е приоритет за влегување во Европска Унија.
А не му текнало ај нека фрчат казни бидејќи нема од каде да се полни буџетот ќе го дериме народот.
 
А знае ли ЕУ дека просечна плата во Македонија е 200 евра,а казна за пушење цигари на јавно место е 300 евра?
Ајде ова плаќајте,ајде нови лични карти,ајде ова,ајде она.. денар по денар т.е. илјадарка по илјадарка ојдоја парите во нечиј џеб.
Од буџетот ни б нема да видиме,али ај.
Надежта последна умира,ама сепак умира.
Продаени души.

Ако беа помали казните, да речеме 100Е, со задоволство би ги плаќал?

Дали можеби ти паднало на памет дека поентата на казните не е да бидат достапни за плаќање, туку да те спречат да правиш прекршок...? :)
 
а дали законов е ПРИОРИТЕТЕН за влегување во ЕУ????????(и ве молам без вакви испади):smir:

Што е тоа важно....јас знам уште името е...имаме биометриски пасоши...бла бла...и НАТО стандарди исполнивме-уствари може и да се каже дека ние поставивме нови стандарди во НАТО..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom