Тоа и јас се прашувам оти нема логика и голем парадокс највисоки субвенции за тутуно а пушење нема никаде....Не пиеме нафта оти и она е скапа.
Има логика ако размислиш малку подобро. Логиката е во вкупните средства кои се собирале до сега и кои ќе се собираат во државната каса, а кои се поврзани со тутунските производи и навиките на пушачите:
1. Ретко кој пушач ќе се откаже од цигарите поради забраната. Нема да пуши по кафани, ама ќе пуши дома. Во вкупен број на испушени цигари/кутии/штеки, нема да се почувствува никаква разлика. Значи нема да има пад на средствата собрани од наплатата на акцизите.
2. Поради ригорозните забрани, ќе фрштат казни за пушачи и за угостители. Прилично весела математика на годишно ниво од средства собрани по основ на наплата на глоби.
3. Тутунопроизводителите не смеат да се разочараат од воведувањето на забраната и производството на тутун не смее да опадне. Затоа што ако опадне производството на тутунот, тоа ќе значат милионски загуби по државната каса од наплатата на акцизи. Затоа, логично е да се стимулираат и понатаму производителите на тутун, во спротивно би се создала огромна дупка во државната каса.
Секој со интелигенција не помала од просекот би можел да ги сложи коцките и да најде логика во забраната, дека сега касата ќе се полни повеќе.
Кога сме веке тука и бараме логика во нелогични забрани, еве уште една хипотеза која се однесува на забраната за продажба на алкохол по 19 часот. Океј, да ги оставиме лиценците кои прилично наполнија буџет. Дали сте размислиле за следново:
1. Секој кој сака да пие алкохол по 19 часот, пак ќе пие, само наместо да си купи пивце од продавничка по цена од 30 денари, ќе треба да си купи по цена од 100 денари во кафич. Значи, продажбата (по број на единици) алкохолни пијалоци нема да опадне. Одиме понатаму со хипотезата да ја најдеме логиката.
2. Колку е ДДВ на пиво по цена од 30 денари купено во продавничка, и колку е ДДВ на пиво по цена од 100 денари купено во угостителски објект?
3. Наградно прашање: Колку единици алкохол на годишно ниво, наместо по цена од маркетче, ќе се продадат по цена од угостителски објект? И што значи тоа на годишно ниво за буџетот? И кој го плаќа.