Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Повеќе вековна традиција (пушењето и се што оди заедно и околу тој ритуал) не се укинува со закон, кој мисли дека може, дебело се лаже!

Јасно треба да ни биде дека поради некој си идиотски закон никој ама баш никој нема да се откаже од навиките.

Има некои работи кој се појаки од сите земни закони. Секој обид да се спречат тие работи неславно поминал.:toe:

На времето некој сакаше да има трезна Америка......се доби само потреба од поголем број погребници:pos2:
 
Законот е во ред. Зошто? Епа пушачите никако никако и никако да сватат дека тој закон е за нивно добро, за нивно здравје. Јас несакам да седнам во кафуле и некој од таму да ми чури како оџак. И ако сакаме да влеземе во ЕУ не треба да има пушачи. И за каква дискриминација ми зборувате? Добро тогаш ајде да нема никакви закони еве на пример црвено и зелено. "Е како не вие мене ќе ми забранувате да возам на црвено вие ли ќе ми се мешате јас што сакам ќе си правам мој живот-моја работа." Така? Дали се согласувате и со ова?
Полека но сигурно пушењето убива! Пред се луѓе за вашето здравје! Помислете и на вашите деца. Иако се пасивни пушачи сепак се пушачи! Дали е тоа добро за нив и нивното здравје? Дали пушењето е добро за вас и вашето здравје? НЕ!
Па освестете се пушачи!
Море де наежи ме со посто толку сум растрепрен шо владата се гриже за мојто здравје шо цел ден сум под импресии и не знам како да им заблагодарам за овај убав гест...Ај они нека си средат законите а за мојто здравје јас ке си се грижам важи ли така...Инаку не сум ни за ни против законо мислам дека со мала модификација на законо ке се среде овоа и ке бидеме и двете страни прилично задоволни.И да точно дека ние пишачите го нарушуваме здравјето на непушачите ама мора и за нас да се обезбедат некакви услови и да си пушиме на страна а вие да си ушивате у благодетите на чистио кислород.И стварно ли верувате дека ке улеземе у европа у наредните 30 години па упорно го поврзувате законо со еу. У европските земји има ногу мал број на пушачи тоа да за разлика од кај нас ама таму и за таа мала бројка има адаптирано простори за пушење.А кај нас овоа е хаос тоа ти е исто како да купуваш ферари а живееш у село кај шо нема асвалт.
 
Море де наежи ме со посто толку сум растрепрен шо владата се гриже за мојто здравје шо цел ден сум под импресии и не знам како да им заблагодарам за овај убав гест..

Еве како се грижат за нашето здравје...

http://forum.kajgana.com/forumdisplay.php?f=94

На кого попрво да му помогнеме, секој ден има по два три нови случаи...
 
Море де наежи ме со посто толку сум растрепрен шо владата се гриже за мојто здравје шо цел ден сум под импресии и не знам како да им заблагодарам за овај убав гест...Ај они нека си средат законите а за мојто здравје јас ке си се грижам важи ли така...Инаку не сум ни за ни против законо мислам дека со мала модификација на законо ке се среде овоа и ке бидеме и двете страни прилично задоволни.И да точно дека ние пишачите го нарушуваме здравјето на непушачите ама мора и за нас да се обезбедат некакви услови и да си пушиме на страна а вие да си ушивате у благодетите на чистио кислород.И стварно ли верувате дека ке улеземе у европа у наредните 30 години па упорно го поврзувате законо со еу. У европските земји има ногу мал број на пушачи тоа да за разлика од кај нас ама таму и за таа мала бројка има адаптирано простори за пушење.А кај нас овоа е хаос тоа ти е исто како да купуваш ферари а живееш у село кај шо нема асвалт.

Просто останав со подзината уста кога го причитав ова:nesvest:Еве да го оставиме на страна законот. Како можеш да го напишеш ова?! Ние пушачите, ние пушачите... а кога вие пушачите ќе престанете да го уништувате вашето здравје и здравјето на другите? И како можеш да предложиш владата да направи посебни места каде вие ќе можете да пушите? Ако го направи тоа многу луѓе ќе бидам незадоволни. Прашуваш зошто? Еве ќе ти одговорам. Па така во Македонија да има многу жртви? Овој пат не зборувам за непушачите туку за вас пушачите. Така ќе пушите постојано, постојано и постојано а ја гледаше таа рекламата, неможам да се сетам точно на годините ама еве да речеме во 1995 почнува да поткашлува, во 2010 умира. Зарем тоа да се случи со народот? (што пуши). И не треба законот да ве откаже од пушењето! Туку ВИЕ самите!
Ај малку размисли околу ова:wink:
 
Абе момак шо те тебе боле чопо за мојто здравје инаку можам да го кажам тоа затоа што во сите европски држави има адаптирано простории за пушачи или локали кај што се или цел пушачки или не пушачки значи ти си одговорен за твојто здравје и твоја е одлуката дали ке пушиш а кога вее нашата влада има најголеми субвенции за тутуно тогај нека направат и за нас пушачите нешто и гледај малку настарана околу тебе не биди како обуздан коњ(стварно се извинувам за поимо ама за да ти доловам како изгледа)
 
Прво, женско сум:wink:
И навистина не ми е јасно зошто сте толку против се што е ново и убаво во државава т.е нов закон? А сите закони до сега донесени од оваа власт се за наше добро!
А вие (с*********) упорно се противите на се. Епа навистина неможам да сватам?
 
Почнаа да казнуваат?

И колку е казната за сопственикот на локалот ако влезе инспекција и фати некој што пуши, а колку е за пушачот?

Околу законов... Секое чудо за три дена, скептик сум дека ќе тера вака, ама од кај знам, во државава за ништо не можеш да бидеш сигурен. Сепак мислам дека во кафич треба да има барем определен дел за пушачи ако веќе забрануваат, да не биде забрането во целиот објект, за во ресторани и места кај што има храна е океј ама кафе или алкохол без цигара за хардкор пушачи? Тешко.
 
ШТО Е СО АЛКОХОЛОТ ??? О заборавив.. он не е штетен.. баш е корисен за луѓето... :nenene:

Има разлика, цигарите се штетни не само за тој што пуши, туку и за тие околу него.
 
Прво, женско сум:wink:
И навистина не ми е јасно зошто сте толку против се што е ново и убаво во државава т.е нов закон? А сите закони до сега донесени од оваа власт се за наше добро!
А вие (с*********) упорно се противите на се. Епа навистина неможам да сватам?
Мислиш дека владава ги носи или и текнале овие закони?
Овие се европски закони кои мора да ги спроведе ако сакаме во ЕУ:toe:
 
Почнаа да казнуваат?

И колку е казната за сопственикот на локалот ако влезе инспекција и фати некој што пуши, а колку е за пушачот?

Околу законов... Секое чудо за три дена, скептик сум дека ќе тера вака, ама од кај знам, во државава за ништо не можеш да бидеш сигурен. Сепак мислам дека во кафич треба да има барем определен дел за пушачи ако веќе забрануваат, да не биде забрането во целиот објект, за во ресторани и места кај што има храна е океј ама кафе или алкохол без цигара за хардкор пушачи? Тешко.

И повторно, повторно и повторно:uvo:
Валкер грл ај ако сакаш прочитај ги моите постови на темава ме мрзи сега да се повторувам. Но ќе кажам со една реченица-полека но сигурно пушењето убива!
 
Прво, женско сум:wink:
И навистина не ми е јасно зошто сте толку против се што е ново и убаво во државава т.е нов закон? А сите закони до сега донесени од оваа власт се за наше добро!
А вие (с*********) упорно се противите на се. Епа навистина неможам да сватам?

Aј излези од штабот сега, да те фати зимски дожд.

Незнам дали да земам крпа или чаршаф за солзите што ми надојдоа од убавините на оваа влада. Ако побараат од нив да бидеме трансексуална држава, верувам дека тоа буквално така ќе го направат без да помислат дека постојат два пола и дека некој може сака да си го зачува по избор.

Значи да се намали пушачката нација, т.е да бидеме дел од Европското големо село, треба да го модификува овој закон, не ко слепци само го донесоа. Даваат годишно највеќе субвенции за тутунарите, невработеноста не е за коментирање од што е ужасна, ама јупиииииии нема да се пуши по угостителските објекти.

Ако се грижат за моето здравје, нека го средат здравството за да можам да се лекувам, не нервно да ме осакатуваат во секој поглед.
 
Прво, женско сум:wink:
И навистина не ми е јасно зошто сте толку против се што е ново и убаво во државава т.е нов закон? А сите закони до сега донесени од оваа власт се за наше добро!
А вие (с*********) упорно се противите на се. Епа навистина неможам да сватам?
А оти ме сфакаш погрешно цело време јас не сум против законо само викам дека кога веке се донесува законо треба да имаме и ние некој услови (минимални зборам за пушачите) јас знам дека ви смета пушењето и се е тоа ок стварно капирам ама нели мислете дека треба и за нас нешто...и ме нервира кога го споредуват законо со европа затоа шо како шо кажа претходно у европа има мала предност и за пушачите со тие пишачки простории или пушачки локали...
 
Трагедијата и тоа што иритира е лицемерието во позадината.

Наједноставно би било тутунот како зло за здравјето на човекот да се забрани за одгледување и продажба и крај на приказната. Нема тутун, нема пушачи, сите здрави и весели.

А не, се стимулира производство со премии. Зошто? Некој здрав во мозокот да одговори на ова?

Нека се забрани продажба на цигари и готово. Нека се откажат од милионите евра годишно кои се собираат од акцизи од продажба на цигари и ете здрава нација.

Ама еј, никој не се откажува од милионите од акцизи на цигари кои се слеваат во каса. Со воведување на оваа забрана само се зголемуваат можностите за дополнително слевање на средства во буџет преку воведување забрани кои ќе доведат до наплата на казни.
 
И повторно, повторно и повторно:uvo:
Валкер грл ај ако сакаш прочитај ги моите постови на темава ме мрзи сега да се повторувам. Но ќе кажам со една реченица-полека но сигурно пушењето убива!

Прво, не ми е практика да постирам пред да ги прочитам постовите пред мене. А мене прашањата ми беа околу казните. Ако сум ги прочитала твоите мислења не мора да се согласувам со нив. :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom