Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Парите се тука и тие се, ако опаднат кафаните и тутунскиот сектор, тогаш ќе се префрлат кон останати домаќински работи, кој ќе си купи шпоре, кој ќе реновира дома, кој ќе оди на одмор низ Европа, не берете гајле парите нема да останат непотрошени.
 
Потполно го подржувам овој закон, а најсмешно ми е тоа што пушачите се сметаат за дискриминирани:pos2::pos2::pos2:
 
Богами вчера после 12 ич не се осеќав дискриминирано :icon_lol:,ама затоа од денес :тажно:...башка сега се предвидуваат казни за пушење по паркови,улици и други јавни места од отворен тип!? Е на кого ќе му смета таму димот од цигарите мене не ми е јасно :toe:.
Ако веќе секаде се забранува пушењето барем нека престане и производството и продажбата на тутунот белким полесно ќе ни биде.
Правото на избор налага ниту ние да не им ги нарушуваме правата на непушачите,ниту тие нас-што значи и ние треба да имаме некакви права и да постои некаков сооднос.

Може да се основаат клубови на пушачи?
 
Не. на улица можеш да пушиш. 6 метри од објект (ова со метрите не знам дали е заебанција или вистина :) ) Ако ти се стои на сред тротоар, на пауза од работа, со пепељара во една и кафе во другата рака :))) многу грдо изгледа....

инаку ме интересира, изгореле некого ноќеска???
 
Потполно го подржувам овој закон, а најсмешно ми е тоа што пушачите се сметаат за дискриминирани:pos2::pos2::pos2:

Мене па посмешно ми е то шо наместо да фатат да средат други работи кои многу повеќе загадуваат, тие се фаќаат за цигарите.

И најсмешно то шо непушачите се кезат на глупости и велат дека го поддржуваат законот, а се трујат со нешто многу поопасно.

Ама јеби га. Смешна држава сме.
 
Кои се тие работи што загадуваат повеќе? Дали знаеш како се осеќам ја кога ќе влезам у некое место и внатре околу 80% од луѓето пушат зарем тоа не е загадување?

Сепак не сум за новиот закон, јас би донел друго решение. Обавезно поставување на добра вентилација во секој кафич/дискотека, со строги инспекции во врска со истата.Така двете страни ќе бидат среќни :smir:
 
Нај глупава работа според мене, од овој глупав закон е тоа што е забрането пушенје и на летните тераси,а и искрено законов мислам дека брзо ке згасне,нема да успее...
 
Абе казнија ли некого, сте разбрале ли?
 
А што правиме со оние што прдат, пуфат, ждригаат и смрдат на пот низ кафичите и кафаните?

Тие не ја загадуват околината?
 
Кои се тие работи што загадуваат повеќе? Дали знаеш како се осеќам ја кога ќе влезам у некое место и внатре околу 80% од луѓето пушат зарем тоа не е загадување?

Седиш на отворена тераса во кафич и ти сметаат цигарите а 10 метри од тебе има улица и поминуваат коли. Кул. Цигарите се поштетни бе.

Глеј ја работава. Не смееш на улица до некој објект блиску зашто го загадуваш а коли поминуваат цело време. Брее кој памет е тоа бе?! Какви идиоти.
 
Абе казнија ли некого, сте разбрале ли?

хаехе не не не, кобно по имиџот и рејтингот е да се исереш на Новата година на голема маса народ со тоа што ќе и опнеш казна, знаат и они и затоа никој барем вчера го нема јадено.
Јас бев на саем се пушеше слободно покрај милион џандари, претходно бев во еден кафич затеран и келнерката дојде у 00-05 да ми ја земе пепељарата од маса оти казна ќе и опнеле :\.

пс.
Хипохондријата е болест, паранојата што ја раѓа-такоџе!
 
А што правиме со оние што прдат, пуфат, ждригаат и смрдат на пот низ кафичите и кафаните?

Тие не ја загадуват околината?
Сите бегаат од тие што смрдат на пот и ждригаат по кафичиве, а тие што не пушат не можат да избегаат од чадот и смрадот од цигарите. Има логика
 
Сите бегаат од тие што смрдат на пот и ждригаат по кафичиве, а тие што не пушат не можат да избегаат од чадот и смрадот од цигарите. Има логика

Епа бегајте и од пушачите! Може да избегате!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom