Дивиденда

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
.

Компанијата(акционерското друштво) ја води оној кој има над 51% од акциите или пак ако нема таков, ситните акционери ги, како да речам, доверуваат акциите на некое време, или пак по пат на договор или незнам како.
И ова е ок.Ама сите компании не се во сопственост на еден кој има 51% од акциите.Може да се повеке акционери со помал број на акции....
 
ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41

Епа тоа го пишав постои доверување на акциите. Односно ситните акционери (или пак некој кој има акции онолку колку што би му биле доволни за да стасаат до бројката 51%) ги доверуваат акциите на одредено време како на пример 6 месеци, и тој го има мнозинскиот дел од акциите.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Вака,

фирмата продава/услужува исл за време на работењето во еден месец. На крајот од месецот собира пари од тие продажби и сл. И дел од тие пари се делат на вработените како плата. на пр. Од продажба во месецо добива 1000 денари, од нив 500 се делат на вработените како плата а др. 500 остануваат на сметката, и така секој месец, до крајот на фискалната година. 12x500 = 6000, Тие 6000 денари, си ги делат акционерите (газдите) и онолку колку што ќе добие секој, се вика Дивиденда. на пр јас сум акционер и добивам 1000 од нив, пошто сме 6 акционери, и јас имам дивиденда од 1000 денари.
Е сеа, можиме да се договориме акционерите, да ги вложиме тие пари во надградување, подобрување на фирмата ( да ги реинвестирме) па така, никој да не добива дивидедна, или сите да добијаме по помалку.
Компанијата(акционерското друштво) ја води оној кој има над 51% од акциите или пак ако нема таков, ситните акционери ги, како да речам, доверуваат акциите на некое време, или пак по пат на договор или незнам како.
И ова е ок.Ама сите компании не се во сопственост на еден кој има 51% од акциите.Може да се повеке акционери со помал број на акции....
Епа тоа го пишав постои доверување на акциите. Односно ситните акционери (или пак некој кој има акции онолку колку што би му биле доволни за да стасаат до бројката 51%) ги доверуваат акциите на одредено време како на пример 6 месеци, и тој го има мнозинскиот дел од акциите.
занимливо.....занимливо :) деца почнаа да се играат капитализам ...ај одма у школо и книга у рука.... :) и немој тоа комуњарчињата преправени у СДСМ и ВМРО капиталисти да ве лажат, да ги биваше ќе напраеја нешто...немаше да си останат обични прости, дрчни крадци на националниот имот....и пари...
 
H

^HITMAN^

Гостин
Мене од Макстил не ми стигна ништо оваа година иако поседувам 400 акции. Ме интересира дали на форумов има некој друг кој купил акции во Макстил и дали добил дивиденда?
 
ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
занимливо.....занимливо :) деца почнаа да се играат капитализам ...ај одма у школо и книга у рука.... :) и немој тоа комуњарчињата преправени у СДСМ и ВМРО капиталисти да ве лажат, да ги биваше ќе напраеја нешто...немаше да си останат обични прости, дрчни крадци на националниот имот....и пари...
Авторот не го разбрав. Сакаш да навредиш или нешто не е како што треба во постовите. Ако нешто не е како што треба поправи, а не да се правиш некој возрасен кој се разбира и знае.:smir:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Макстил не дава дивиденда колку што знам јас со години.
Од железарскиве фирми јас имам земено само од ,,техничка контрола,,
И иако имам одреден број на акции и од други компании не ми стига никакво известуванје,дали ке има на пример дивиденда, или парите ке се вложат за развојот на фирмата и слично.Сепак нели сум акционер и имам право да знам што се случува со мојте пари.
 
Благодарам за информацијата. Затоа ме интересираше и мене. Не добивам никакво известување никогаш за инвестирање на парите таму или ваму или за исплаќање на дивиденда.
 
Член од
21 април 2009
Мислења
106
Поени од реакции
1
Се изначитав разни глупости, очигледно не ги познаваме работиве. Дивиденда е повлекување на крајот од годината на профитот од компанијата. Пример ако компанијата оствари профит од 100000евра и реши да ги распредели за поделба на дивиденда плаќа 10% данок на добивка и остатокот од парите го дели на акционерите по принцип на секој сопственик на акција добива идеален дел од парите. Сега според новиот закон ако парите останат нераспределени на крај од годината тогаш не се плаќа данок. Како и да е сите акционери треба да се согласат за вакво нешто. Исто така менаџерскиот тим може да предложи парите наместо за дивиденда да се растределат за инвестирање во некој проект итн. но мора акционерите да се согласат. Инаку еден вид на дивиденда постои и кај приватните компании ДООЕЛ со еден сопственик. Бидејки сопственикот е пријавен дека зима некоја плата пример 50 000 денари + трошоци, но реално заработува за повеќе и наместо да ги земе и тие пари како плата и да плати големи давачки за здравствено опсигурување, пензиско... тој на крајот од годината парите кој ги заработил таа година го повлекува и плаќа 10% данок на добивка наместо да плати околу 60 % колку изнесуваат трошоците за плата кон државата.
 
Значи колку што сватив, оваа година ке ни биде последна што зимаме дивиденда.Компаниите нема да сакаат да ги платат тие 10% данок на добивка на државата.Но нели со овој закон губи и државата?И уште една работа... еве јас имам да речеме 300 акции во една компанија,што во проценти би било дека сум акционер 0,2%.Зашто не добивам никакво известуванје и зашто не се прашуваат за мисленје и ваквите акционери,нели сепак си акционер.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Авторот не го разбрав. Сакаш да навредиш или нешто не е како што треба во постовите. Ако нешто не е како што треба поправи, а не да се правиш некој возрасен кој се разбира и знае.:smir:
ни на крај памет.......баш ми е драго :) што повеќе знаење во оваа сфера , тоа помала манипулација со народ.....
...знаеш ли бе каде ќе ни беше крајот , ако таканаречената ОПШТЕСТВЕНА СОПСТВЕНОСТ се трансформираше со делење на ваучери и ставање на сите компании на берза???
Секој со ваучерот ќе си купеше акции од онаа компанија за која мислеше дека е најдобра или ќе ги продадеше, пак на берза на оние кои сакаа да добијат контрола над некоја компанија.....се тоа ќе ја дефинираше правата вредност на компаниите и немаше да се случи НЕВИДЕНИОТ ГРАБЕЖ и заради незнаење УНИШТУВАЊЕ и на хардверот и на бизнис релациите...:) и барем немаше да се створи овој невиден набој негативна енергија кој не растура..по сите шавови....
...но никогаш не е доцна :) иако веќе сме прилично и ебани и тепани и уште не ебат и не тепаат, најмногу нашите новопечени аКАПИТАЛИСТИ , кои од капитализмот дал знаат К, дал А... онака родени качаци и друмски разбојници....
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас имам само едно блиц прашање:Како можете да играте на берза,да вложувате пари,а да не знаете што е дивиденда,акција,право на одлучување,видови акции,пакет акции,извештаи за работа на фирми,котизација...Со кое срце бе луѓе ги вложувате парите?
 
Член од
21 април 2009
Мислења
106
Поени од реакции
1
Значи колку што сватив, оваа година ке ни биде последна што зимаме дивиденда.Компаниите нема да сакаат да ги платат тие 10% данок на добивка на државата.Но нели со овој закон губи и државата?И уште една работа... еве јас имам да речеме 300 акции во една компанија,што во проценти би било дека сум акционер 0,2%.Зашто не добивам никакво известуванје и зашто не се прашуваат за мисленје и ваквите акционери,нели сепак си акционер.
Никој тебе нема да ти се јави и да те извести што се случува, за тоа постојат финансиски извештаи кои се јавно достапни до секој без разлика дали си акционер или не, дописи итн. итн има начини да дознаеш што те интересира. А тоа со неплаќањето на данокот не си го разбрал, како и да е државата на еден или на друг начин ке си наплати данок. Во случајот за кој јас пишував, јас кажав ако профитот не биде распределен и стои на сметка на компанијата а во сметководство на крајот од годината е прокнижен односно пријавен како не распределена добивка тогаш не плаќаш данок на добивка од 10%. Но ако наредната година то го распределиш како дивиденда ке си платиш данок. Поентата на законот е во теков на финансиската криза добивката да се чува во компаниите и кога економијата ке излезе од криза, кога ке има економски раст менаџерот без притисок да одлучи што ке праи со парите дали ке ги подели како дивиденда или пак можеби ке ги вложи во нови капацитети и ке отвори нови работни места.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Јас имам само едно блиц прашање:Како можете да играте на берза,да вложувате пари,а да не знаете што е дивиденда,акција,право на одлучување,видови акции,пакет акции,извештаи за работа на фирми,котизација...Со кое срце бе луѓе ги вложувате парите?
Ние многу добро знаеме што е дивиденда, дека постојат обични и приоритетни акции, дека котизацијата мора да оди со периодични трошоци итн итн итн... НО, берзанските работници и компаниите кај нас не си ја вршат работата, т.е. си играат мајтап со помалите акционери.Јас слично многу добро ги инвестирав моите пари без да бидам некој преголемексперт од областа на економијата. Купив 1000 акции од Макстил по цена од 102 денари, па продадов 600 од нив по цена од 390 денари со што остварив добивка од 150,000 денари. Треба да имаш срце да ризикуваш, но и да ги испиташ сите потребни параметри во општествената, политичката и економската ситуација во државава и во светот за да биде ризикот помал. А ризик секогаш постои.
 
зар имаше толку глуп купувач???? :) никогаш не ми било јасно...од кај оние извикани заработки со милиони евра на Македонска берза....??? :) чиви пари тука се музат???
 
Кај Макстил Минчо Јорданов купува, Минчо Јорданов продава... не се знае кој јаде кој пие а најмалце кој стои позади тој што ти ги купил акциите и зашто ги купил и што ќе прави со нив. За какви милиони збориш? Јас заработив 2,500 евра. А за музење се музи од оние странски инвеститоти кои се излажаа да инвестираат кај нас. Кај нас вредноста на акциите и берзанското работење не се раководат според моменталната ситуација во реалниот сектор и во економијата, туку се чека шпекулација од Брисел за евро интеграциите на државава затоа што сеуште сме во фаза кога политичката стабилност и суверенитетот на државава се кревки. Накратко, кај нас се е наопаку.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom