Кај досегашните роботи не може да се зборува за некаква вештачка интелегенција т.е. можат да извршуваат определени функции затоа што се така програмирании и можат да се споредат со машина за перење садови. Ова е став на научникот кој што работи на проектот "син мозок".
Но синиот мозок е нешто друго. Се работи за машина која ќе ја поседува моќта на учење, во зависност од информациите што ќе ги добива од надворешниот свет. Ќе биде способен самостојно да размислува, резонира, памети и дури да чувствува емоции како добро и зло, љубов и омраза, тага и среќа.
„Франкештајн“ создава вештачки мозок
Вештачкиот мозок ќе биде направен од силициум, злато и од бакар и ќе може да ги извршува сите функции, како и најкомплексниот човеков орган
Научникот Хенри Маркрам претстави проект во чии рамки до 2018 година треба да создаде вештачки мозок, кој ќе може да ги извршува сите функции како и најкомплексниот човеков орган.
Проектот „Син мозок“ ќе чини десетици милиони евра, пари кои засега ќе се обезбедат од фондовите на Европската Унија и од буџетот на Швајцарија.
- Ќе успееме до 2018 година. Потребни ни се многу пари, но јас сум оптимист. Во светот има само уште неколкумина научници со ресурси со какви располагам јас. Мозокот е најкомплексниот орган, но верувам дека во блиска иднина брзината на процесирање на информации во суперкомпјутерите ќе може да се споредуваат со онаа на мозокот - изјави Маркам во интервју за британскиот весник „Дејли мејл“.
Ексцентричниот научник најави дека мозокот ќе биде направен од силициум, злато и од бакар и наведе оти ќе биде идентичен на вистинскиот орган во човековото тело.
- Машината ќе ја поседува моќта на учење. Ќе се развива самиот, во зависност од информациите што ќе ги добива од надворешниот свет. Ќе биде способен самостојно да размислува, резонира, памети и дури да чувствува емоции како добро и зло, љубов и омраза, тага и среќа. Ова е нова димензија за машините. Нешто што ниеден експеримент за развој на вештачката интелегенција досега не успеал да го достигне - тврди Маркам.
Научникот, чија лабораторија е лоцирана во Лугано, Швајцарија, одбива споредби со роботите кои често се претставуваат на саемите.
- Тоа се архаични уреди. Роботите може да се движат и да зборуваат затоа што така се програмирани. Ниеден не може да размислува сам и не е поинтелигентен од машина за перење садови - изјави Маркам.
Тој додава дека вештачкиот мозок ќе помогне во унапредувањето на медицината, а добиените сознанија ќе бидат искористени за поефикасен третман на болестите што го напаѓаат централниот нервен систем.
Најавата за почнување на проектот ги подели академските кругови. Според дел од неговите колеги, проектот е епохален експеримент во историјата на човештвото. Но, многумина се скептици за можниот успех на ексцентричниот научник.
„Дејли мејл“ пренесува дека, според критичарите, експериментот наликува на „Франкештајн“, хорор ремек-делото на Мери Шели, во кое амбициозен научник оживува мртво тело и му дава свест и емоции.
Опонентите на Маркрам, освен што ја истакнуваат сличноста меѓу фикцијата и реалноста, истакнуваат и на етичките проблеми кои би можеле да се случат ако проектот „Син мозок“ успее. Така, во академската заедница, сега се поставуваат многубројни филозофски, етички и морални дилеми како: „Што ако проектот навистина успее“ и „Што е тоа што го дефинира човекот“.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=6334A0CA085C724CA6B6E5694336080B