Го прочитав темелно првиот пост. Македонка1985 донекаде е во право. Тоа се всушност правилата на игра кои ги поставува жената. Релативно сум мал во однос на некои членови кои постирале пред мене на темава, но сум имал големо, преголемо искуство со жени и врски, од врска која траеше 5 години, до изневерувања, до мување, па уште една долга врска од 1 година па пак изневерување, бла бла бла... јас сум си крив за се. Да се вратам на темава. Според она од воведниот пост, значи мажот за да се допадне во очите на жената или да се развие љубов треба тој да стане ни повеќе ни помалку - МЕКУШАР ДО СМРТ ! Според мене, мистичноста кај мажот и таинственоста е она што во голема мера ги влажни женските гаки, а тоа не го видов во постот. Друга работа исто така е што и да успее еден маж да го постигне сето тоа, верувам дека барем 50% од жените се палат на моќ и авторитет што е и нормално(не зборам за авторитет врз партнерката туку авторитет во однесувањето и угледот на мажот, ). Начинот на кој мажот размислува, т.е. способност за донесување на големи одлуки, на конкретни чекори и на јасна визија до каде мажот сака да стигне во животот(а не да се клошари) е доста битен аспект за жената, според мене ќе повторам. Од исклучителна важност е романтиката и нежноста но мажот мора да знае понекогаш да биде малку груб(не да ја малтретира жената физички и психички) поготово во сексот и предиграта, да ја прилепи партнерката цврсто до неговото тело, да ја крене на раце, како жената би се потсетила дека е во врска со маж.Не е за занемарување фактот дека сеуште постојат и ке постојат жени кои се палат на мачо типови(не зборам за кршење по биртии и пукање со пушка) туку за мускули, кратка коса, итн...
Да го заокружам постот, сметам дека многу подобро би било да си онаков каков што си пред партнерката затоа што глумењето нешто што не си, во моменти на нервоза или психичка лабилност обавезно излегува на виделина.Одредени детали треба да се запазат заради внимание и оддржување на добра врска/брак, но да се прави се за да се задоволи жената е однапред осудено на пропаст. Така да не би требало ова да биде како некој водич, а е напишано и во смисла на "жената вели така ќе биде па ти земи или остави".
Што е со она што го сакаат мажите од жените? Зарем треба целиот живот да го поминеме во промена на навиките и се друго само за да се задоволат сите потреби на партнерот од кои повеќето секогаш се каприци. Треба да научиме да се прифатиме едни со други онакви какви што сме. Затоа луѓето пред да стапат во брак се во врска, за да се пронајде вистинската/вистинскиот. Луѓето стапуваат во врска онакви какви што се и многу често во текот на врската забораваат зашто се фатиле воопшто и каде се изгубила таа почетна хемија, незнаејки дека ја уништиле со тоа што се обидувале да се сменат едни со други за да му угодат на партнерот.