Што сакаат жените од партнерот?

Колку и да се натегаме ја и Суси за оваа проблематика, тука безрезервно се сложувам. Се` додека девојката има што да открива во дечкото, се` додека тој во себе носи енигма која девојката не може да ја открие, се` додека ја копка зошто е тој таков (каков и да е) таа ќе биде заинтересирана.

Ако човек успее да го искомбинира тој “детал“ со точките наведени во првиот пост од Македонка, имате бинго комбинација за гушкање пропратено со насмевки.

Помеѓу две девојки, од кои едната е интересна, таинствена, не многу експонирачка и една дрдорка, непотребно искрена и отворена (непотребно значи замара со работи кои не те занимаат пошто ништо не ти значат во тој стадиум на познавање) тебе како машко (не како Виктор :)) која ќе те привлече? :wink:
 
Ааа, ама не фер го поставуваш прашањето. Шо би рекле во Холивуд, “Objection, she`s leading the witness!!!“ :)

Можам да ти одговорам на прашањето и ќе дојдеме на твојата поента, ама... што ако прашањето го поставиш вака:

“Помеѓу две девојки, едната е таинствена, не многу експонирачка а другата претерано искрена и отворена, која од тие две тебе како машко ќе те привлече?“
Вака поставено имам две опции во зависност од тоа која девојка повеќе прилега на мкојот карактер. Но која и да ја одберам (јас како машко, не како Виктор) најверојатно ќе има поголеми гради од другата. :icon_lol:

Мажите се водат по други филозофии. Мажите се визуелно задоволени, површно, жените се темелни, емотивно задоволени. :helou:
 
Мажите се водат по други филозофии. Мажите се визуелно задоволени, површно, жените се темелни, емотивно задоволени. :helou:

Точно задоволија жената емотивно и таа е на коленици пред тебе!!!
Но има и еден друг проблем кога таа ќе ти каже дека те сака и кога таа ќе ти каже дека има некои планови без да ги слушнеш плановите бегаш од неа ко мува без глава. Тоа ја полудува жената. Не зборувам за тинејџ девојчиња зборувам за девојки со оформен карактер. Многу е фрустрирачки кога ќе кажеш што чувствуваш и во секундата го гледаш или чувствуваш стравот кај партнерот.

Само уште би додала дека за некои мажи жените се бројка, а за жените мажите никогаш не се бројка. За некои можеби тука е грешката, а за некои можеби и не. Како што има искрени жени кои не се плашат на партнерот да му ги кажат своите чувства и со него да споделат СЕ, така има и мажи со искрени чувства и намери. Жените од партнерот бараат искреност, разбирање и од овие две сама произлегува љубовта. Но колку е способен, колку партенрот може да и ги пружи овие работи веќе е друга тема.

Јас барем не сум сложена, кажувам што ми смета очекувам да ми кажат што им смета и да се најдеме некаде на патот, не е важно тој пола јас пола. Во љубовта па и воопшто во животот нема јас ова го направив ти треба она да го направиш. Само диши длабоко!!!!!
Значи јас како припадничка на жената популација велам: Сакај ме да те сакам!!!!

п.с. за некои дечки темава испадна заеби за да не те заебат :pos:
 
Точно задоволија жената емотивно и таа е на коленици пред тебе!!!

Плус сексуално,за да биде комплетно.Во спротивно комшијата ќе се изнарадува:)))
 
Ааа, ама не фер го поставуваш прашањето. Шо би рекле во Холивуд, “Objection, she`s leading the witness!!!“ :)

Можам да ти одговорам на прашањето и ќе дојдеме на твојата поента, ама... што ако прашањето го поставиш вака:

“Помеѓу две девојки, едната е таинствена, не многу експонирачка а другата претерано искрена и отворена, која од тие две тебе како машко ќе те привлече?“
Вака поставено имам две опции во зависност од тоа која девојка повеќе прилега на мкојот карактер. Но која и да ја одберам (јас како машко, не како Виктор) најверојатно ќе има поголеми гради од другата. :icon_lol:

Мажите се водат по други филозофии. Мажите се визуелно задоволени, површно, жените се темелни, емотивно задоволени. :helou:

Ако, природна реакција, ама до кога? Ќе бидат градите пресудно нешто и по две, три, пет години? :) Кога ќе седнете на маса со пријатели во недостиг на муабет ќе им покажува по една града наизменично како би била интересна? :icon_lol: М?
 
Ако не почне првин со левата џабе!
 
Не, не, левата е за почеток, како лев поглед на светот, за да се заврши на десно, оти десницата царува!

За разлика од Виктор, јас во жената барам интелект, острина и бистрина на умот, длабочина и ум, заедно со убавина (а нема неубава жена, освен во очите на непродуховениот и непросветлениот), бидејќи убавината за мене е во склопот на квалитети, умствени и физички.

Но, левата боска е за почеток од објективни причини!
 
Ако, природна реакција, ама до кога? Ќе бидат градите пресудно нешто и по две, три, пет години? :) Кога ќе седнете на маса со пријатели во недостиг на муабет ќе им покажува по една града наизменично како би била интересна? :icon_lol: М?

Хеј, разбирам што сакаш да кажеш, но што можам јас против генералното сфаќање на мажите за жените. Гарфилд на пример еве, не е еден од мажите кои ги разбираат жените така. Тој би се рекло е машки ангел, секоја девојка би го посакала, но ете, не се сите прекрасни како него. :toe:
 
Ако сакате вашата девојка да биде среќна покрај вас, не е лошо да ги прочитате овие 10 совети и да ги запомните.

1.Пружете и разбирање, а не решение
Ако можете да промените само една работа, направете го следново:кога таа разговара со вас за нејзините проблеми, само сослушајте ја, немојте да и давате совет.Таа само сака да и посветите внимание додека e нервозна и после тоа ќе се чувствува подобро.

2.Мазете се повеќе
Не е добро ако единствено само пред секс се мазите.Таа очекува постојано да ја држите за рака, да ја прегрнете или бакнете зошто во спротивно би се чувствувала занемарено.

3.Бидете романтични
Ако кон својата девојка или жена се однесувате како спрема еден од вашите пријатели, таа нема да биде премногу среќна.Таа бара мал љубовен гест кој ќе ја потсети колку е среќна со вас.

4.Водете љубов
Жената треба да почувствува емоционално поврзување како би можела да води љубов со вас.Ако е тоа само секс поради опстанок на врската, таа ќе ја почувствува емоционалната криза и нема да биде среќна.

5.Бидете уредни
Жените мразат кога мора да чистат по мажот.Пристојно е да ја оставите валканата облека и чорапи во корпа за валкана облека.

6.Бидете добри во предиграта
Ако мислите дека 5 минути предигра се доволни, тогаш сметајте дека таа е незадоволна.Променете го тоа!

7.Бидете емоционално отворени
Човек кој ретко или никогаш не ги споделува своите чувства побудува фрустрации кај својата партнерка.Не само што е здраво за вас отворено да ги искажете емоциите туку и со мал дел од своите емоции ќе и овозможите на вашата партнерка да се чувствува среќна.

8.Бидете комуникативни
Ако не можете да развиете добра комуникација околу работа, деца, кариера, дом, животот ќе во стане досаден.Не е добро ни да бидете преголема алапача, но добро е ако знаете да разговарате за филмови, книги, спомени од детството, сонови и слично.

9.Најдете нешто што сакате
Мажот треба барем кон една работа во животот да почувствува страст или животот ќе му стане досаден.Тоа може да биде кариера, хоби, волонтирање.Заедничкиот живот е многу подобар ако го искористите својот потенцијал и го работите она што сакате.

10.Рамноправни партнери
Жените бараат емоционална поддршка, па им е потребно да сте заедно и околу домашните работи и обврски.

Кога жените ќе го добијат тоа што сакаат од партнерот, мажите всушност победуваат затоа што среќна жена значи и среќна врска, среќен дом а и подобар сексуален живот.
Епа мажи, среќно :smir:
Кога ќе најдите жена, на која сите овие работи и се удоволени, и e среќна во врската да ми се јавите. Од 09.00 до 23.00 часот. Телефонот ми е оставен во редакција.:smir:
 
Ај за мазење ќе се мазам не е проблем, само романтикава слабо ми оди :icon_lol:...
Како беше она легендарното ќе прочита некој ама ај: те гледам мака ти е да седиш подлегни малку на креветов :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
kolku tocno kazano zenata saka isto sto i mazot plus neznost. tocno. i zenata saka vistinski mas vo sekoja smisla.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom