Дивеење на монополите

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Веб-сајт
www.luft46.com
Во Македонија видливо е дека монополите од енергетиката: струја и парно, почнуваат да стануваат дрчни и да профитираат бескрупулозно....исти се и телекомуникациите , а и банките..течните горива и природниот гас...
...изгледа дека мора да се воведе некоја категорија РЕАЛЕН ПОРАСТ НА ПРОФИТОТ и тој да се ограничува према горе, а потоа со директно зафакање на евентуално прикажаниот вишок во однос на допуштениот...од страна на државата....да се прави какво такво спречување на непречената пљачка на Македонскиот народ...и изнесување надвор на тие пари....
....правењето пари во овие бизниси во Македонија , воопшто не е резултат на добро и рационално работење, туку во услови во кои се наоѓа целата економија и со такво ниво на невработеност, тоа едноставно е МОНОПОЛИЗИРАНА пљачка на преостанатата беда....нема друго објаснение за ТАКА ВИСОКИ ПРОФИТИ...
 
Трпиме,трпиме,трпиме со векови...веќе кодирана ни е таа навика.Се чудам зошто нема социјални немири,протести,нереди...само така се решава оваа мизерија.Дури трпиме ќе не делкаат до гола кожа
 
Само со телефоните колку ја уназадија нашата економија, секоја година по 50-60 милиони евра телекомот делеше(и дели) дивиденда на Унгаро-Германските газди, а народот кој одсекогаш имаше преефтини телефонски услуги одненадеж доби грабеж после продажбата, а што има поважно за еден бизнис од тоа да има ефтина комуникација, или општо за населението итн.
Брука е ова, со Телекомот најголема, која уште не цица, а ние, генерациите на нашите татковци, политичките и деловните елити и воопшто нашиот народ - бевме тотално неспособни да го спречиме сето тоа, а штетите се огромни и непроценливи, и допрва ќе продолжиме да ги чувствуваме.
Нереди? Треба да има, но за тоа треба храбри луѓе, умни и вешти да водат и да организираат. Генерациите кои доаѓаат, во нив е нашата надеж, во нивната свест и решителност за жестока борба против глупавите наши раководителски кланови, корумпирани до коска и без ронка талент да управуваат. Среќно.:smir:
 
Тоа ти е кога шиткаш ЕСМ за бедни и мизерни 225 милиона, претпријатие кое дури во воениот конфликт во 2001 вредеше над 1 милијарда евра. Плус што фајде виде народот од тоа? Само зголемени давачки кои наместо да го полнат буџетот, полнат туѓи џебови!
Друга работа, и телекомот ми се чини отиде јабана по не баш достојни цени ама колку толку нешто се изгради и од тие пари, Плаошник, Самуилови, Антички и некој сл. капитални објекти.
За што отидоа парите од ЕСМ?! За државните резерви, кои и онака ни се премногу!
 
За такви работи другар се зема кредит или се воспоставува економичен некорумпиран систем кој ќе има вишоци за рационално да инвестира во оправдани цели. А не вака ни дојде за Плаошник, Самуилови и сл. (неколку ѕида, ѓерамиди и тро асфалт) да платиме 100% камата без ич грејс период!!! Кај го има ова?
Па тие вложени пари во телекомот странските ненаситни инвеститори веќе 2 пати досега ги вратија во својот џеб. Ај едните 350 милиони сме ги добиле па сме им ги дале, но другите 350 милиони, зошто ни ги зедоа?, а наредните 350 милиони? итн. итн.
Тоа е кражба директно од нашите деца, од нивната иднина, удар по можностите да се образуваат, да живеат слободно. Срамно, а никој од нашите политичари не говори за тоа. Од тоа знаеме дека сме во ужасна состојба како држава, и дека кај нас владеат непријателски антинародни служби.
Имаат ли нашите генерации храброст да преземат нешто околу тоа? Да создадат една моќна внатрешна македонска револуционерна организација?
 
Која држава воспоставува усмен договор за енергетика во светот?
„Усмено е постигнато договор со руската страна околу исплатата на стариот клириншки долг којшто практично ќе се претвори во дел од изградбата на гасификацијата, така што спротивно на тоа што во минатото стоеше во место, сега се движи и очекуваме за отприлика една година физички да почне да се гради“, нагласи Никола Груевски, претседател на Владата.“
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118015

Нека дивеат,зошто да не дивеат во оваа луда земја.
 
Која држава воспоставува усмен договор за енергетика во светот?
Усмено е постигнато договор со руската страна околу исплатата на стариот клириншки долг којшто практично ќе се претвори во дел од изградбата на гасификацијата, така што спротивно на тоа што во минатото стоеше во место, сега се движи и очекуваме за отприлика една година физички да почне да се гради“, нагласи Никола Груевски, претседател на Владата.“
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118015

Нека дивеат,зошто да не дивеат во оваа луда земја.

Ова како вицот со циганот и играњето покер на поверење....:vozbud::pos2::pos2:
 
Кажи го,не го знам,па да ги споредам.И така исто како виц е веста:)

Стар виц е тоа, нешто овака беше...

Играле покер еден циган и некои господа....

Едниот вика, имам јас кента, другиот друго, циганот своето, четвртиот вика јас имам најдобро и посегнува по вложените пари...
....циганот го фаќа за раце и му вика..дај да ти ги видам картите....
....другиве зачудено го погледнале и му викаат....ние сме господа и играме на поверење....
....а тоа ли е финтата им рекол циганот....осеќам ќе ми тргне сега...:vozbud:
 
:vozbud::vozbud::pos2::pos2::pos2::pos2: ваков виц у цел подфорум џумор нема ...хаха закон.....

Дивеење на монополите, се знае кај нас одсекогаш го има тоа монополско еббање на рајата во здрав мозок, само се прашувам дали мозокот е здрав оти ова веќе не се трпи...
 
Макстил поради кризата отпушти 150 вработени

Еден од најголемите гиганти во металната индустрија Макстил, денеска го прекина производството. Засега затворањето на погоните е само за 20 дена, односно се очекува рестарт на производството кон средината на јануари. Но од компанијата велат дека наредната, ќа биде упште потешка година за овој сектор. Поради скапите енергенси, особено цената на струјата која не е формирана според протоколот содржан во Спогодбата за стабилизација и асоцијација со европската унија, Макстил значително губи конкурентност на европскиот пазар, реагираат од компанијата. Велат дека, од за нив нејасни причини, Владата се уште го одложува применувањето на тој протокол што дополнително им ја влошува состојбата предизвикана од кризата. Паралелено со затворањето на сите погони, компанијата отпушта и 150 вработени. Дел од нив со договор на дело, дел одат во предвремена пензија, а 40тина се со договори на неопределено.

http://www.time.mk/read/NONE/b133bed2f9/index.html
 
Водата поскапува енормно во некои краишта до 70%.Да не протече Пелистерка од чешмите во Гевгелија,а да си траат и не кажуваат:)
 
Ќе дадам краток коментар на овој за коментар-незаслужен пролетеријатски пост кој сака да не истрга едно 50 години назад кога ножот и саламата беа во ЦК на КПЈ и видовме што остана од задното месо на македонскиот народец.

1. Телекомуникации, телеком и мобилна телефонија:
- Телекомуниакциските услуги, гледано динамично во последните неколку години постојано паѓаат на цена, тука е вклучен интернетот. Проста математика за 150 гига плаќав 3.000 ден, сега плаќам 1800. Да не прајме муабет за безбројте нови пакети и опции кои вклучуваат комплетен сообраќај во фиксна месечна претплата. Се сеќавам тогаш кога вистина имаше тешки монополски профити тука на форум правевме споредба со странските оператори и цени,сега со цените сме приближени до иститите. Евентоално зголемените профити според мене доаѓаат од подомаќинско работење, повеќе услуги и опции итн. Земете го за пример еден Т-мобиле и цените на собраќајот од мобилен. Се сеќавам кога беа 1 евро/минута. Денес цените се приближени до оние реалните. Со разните пакети 200за500 100за100, веќе не е така црно како што беше пред десетина години.Тогаш за SIM каричка се плаќаше 1.000 марки (со 0 кредит и плус да си купиш мобилен апарат).
-Банкарскиот сектор по профитабилност и поварток на акционерскиот капитал
или познатиот индикатор ROE Return-on-equity е слаб. Банкарскиот сектор има неколку карактериските:
Висок ризик на пласманите, следствено слаба активност на кредитирање т.е показателите кои мерат актива/бдп и слично покажуваат дека банкраскиот систем е послабо развиен во однос на други држави, конзеравтиност во кредирање и слично. Поточно нашите банкари одат на варијанта да играат сигурно , за сметка на тоа мора да имаат повисоки маржи со кои пак остваруваат профит понизок од просечниот во регионот и европа. Фатката е во тоа што има други фактори кои се во игра кои го прават банкарскиот сектор да зема многу а да добива малку. Т.е имаат високи маржи а слаби профити и слаби пласмани.
По прашањето на конкурецијата, кај нас можи да се кажи дека секторот е конкурентен. Без разлика на тоа што 3 банки држат 70% од пазарот, секторот е пак конкурентен.
Она што треба тука да се случи е да се средат некои други прашања во државата па после банкарите ќе стават пониски маржи, ќе кредитираат полабаво, ќе остварат повисоки стапки на принос на капиталот без притоа да не одерат нас.
- Во енергетскиот сектор дивеење на монополи е скоро и невозможно поради самото тоа што цените ги мести регулаторна комисија.
 
Занимливо...., а јас се сеќавам кога цените беа 0,01 евро и пак си беа профитабилни :)
Ова твоево ме подсетува на еврејскиот систем за ГОЛЕМО НАМАЛЕНИЕ.....прво над цената се допишува ДУПЛА таква, па се прешкртува, а на излогот се растегнува банер......ГОООЛЕМО НАМАЛЕНИЕ...!!! :)
...хе,хе , но после анализиве твои овде гледај да си ги побараш парите назад од тоа професорите, ако ме служи тоа сеќавањето студираше-дипломираше економија????......хммм.... "Во енергетскиот сектор дивеење на монополи е скоро и невозможно поради самото тоа што цените ги мести регулаторна комисија" ........која моронштина јеботе слатки римски Папа....:) ...за она со банките и три банки 70% да не зборам...., а се тоа во кофата со вода наречена Македонија....
 
Христо, сакаш да речеш дека во Германија е поинаку?

Или разликата е во тоа што на запад работите се одвиваат многу посуптилно.

Кои фирми се монополи во МК? Наши сигурно не се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom