Реклами на портали, дали ве иритираат?

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Не е муабетот да не се ставаат реклами, да не бидам погрешно сватен, таман работа од тоа и живеат порталите.

Целта на темава е дали овој начин на рекламирање замара и е контрапродуктивен? Додека одвојуваат милионски суми на маркетинг зошто не најдат покреативен начин на кој ќе ги привлечат клиентите?
Зошто не брендираат одреден портал со нивните логоа и бои? Така нема воопшто да биде досадно и заморно
Зошто не одкупат статии па да пишуваат за фирмата а не да скокаат банери со реклами?
Зошто не понудат бесплатни SMS пораки преку порталите со реклама во самите пораки и сл.

Има толку покреативни начини на рекламирање од овие досадни и нападни банери
 
Реклами ко реклами, напињаат без оглед на тоа дали се на ТВ, радио или интернет. Конкретно по нетов ми пречат некои флеш срања што искачаат на цел екран и умараат да кликнеш, обични банери со нормална величина распоредени на сајтот се сосема во ред и не иницираат негативен ефект барем кај мене :jaj:
 
Претпоставувам на ТВ кога ќе ви улетаат рекламни блокови од по пола саат во најинтересното од филмот и кога ќе заборавите што воопшто сте гледале не ве нервираат :)

Сите оние кои имаат барем грам познавање од е-маркетинг знаат дека флоатинг банери и интро банери се стандардни формати на банери кои се практикуваат сегде во свет. За разлика од рекламите на тв, овие банери имаат опција да ги исклучиш, да ги прескокнеш, така да воопшто не мораш да ги гледаш ако те нервираат. Дури и самите прелистувачи имаат опција да не ви ги прикажуваат банерите воопшто. Телевизијата, радиото и весниците не ја нудат оваа опција.

Се кенкаше со години дека фирмите не се рекламирале по нет, иако тоа било светски. Епа, еве сега се рекламираат. Се кенкаше дека порталите немале квалитет - епа, основен услов за да добијат на квалитет е да продаваат рекламен простор за да можат да платат луѓе и техникалии кои ќе ја бркаат работата да оди напред. Сакате да се развиваат, да ви нудат поквалитетни содржини, сервиси и слично? Ништо не е гага. Луѓето кои работат не работат затоа што им е досадно дома, или затоа што имаат многу слободно време. Ова е индустрија како и секоја друга.

Ги губеле корисниците со реклами...за да дадеш ваква изјава треба да имаш барем два грама мозок и да стаиш прст на чело за да ти светне дека како корисник ти не плаќаш никаква претплата па порталот да постои поради тебе и се финансира од твоето тепање време. Работењето е исклучиво комерцијално, порталите живеат исклучиво од продажба на рекламен простор, а порталот не му се сервира на корисникот сам од себе паѓајќи од Марс, туку сето тоа некој треба да го сработи и плати за да се случи.

За оние кои нејќат реклами, кул опција би било плаќање претплата, некоја симболична фер сума од 50 денари месечно (која никој не би ја платил), и ни една реклама очи да не ви видат :) Се логираш и сурфаш џоа бабенце.
 
Мора да постојат реклами, шо ќе прајш. Порталите опстојуваат покрај ентузијзмот и од нив. Инаку, мене не ме иритираат, едноставно си ги чекам, а до тогаш одам да сварам кафе:).
 
Не дека ептен ме нервираат али секогаш ги гасам уште одма доколку постои копче да ја изгасам рекламата, мене искрено таквите сајтови кои се рекламираат ми ствараат поголема одбивност отколку да направат реклама да ги видам нивните понуди, производи или слично. Повеќе ме бендисуваат оние мали реклами поставени на сајтовите уредно како што е моментално на Кајгана сајтот Lassa за пневматици, на таквите секогаш кои се уредно стокмени кликам и сакам да видам за што се али другиве што наеднаш ти испаѓаат и досаѓаат ги игнорирам.
 
Има некои реклами стварно добро се направени, ни те замараат, а сепак ги гледаш. Е сега, што има некои реклами што стварно замараат, бетер од јеховини сведоци се.
 
Ме нервираат 10 секундните реклами пред видеата на некои сајтови.
 
Ептен ме нервираат, посебно оние кога пред да влезиш на сајтот се појавуваат. :tapp:
 
Мистик, јас сепак би се осврнал од аспект на тоа дека не работи флоатингот :icon_lol:
Оди на оннет, и отепај се од штракање ти дека не сакаш да ја видиш рекламата (бидејќи денес ја виде веќе 6 пати) и пак ќе те врати на рекламата. Немој пак да кликнеш, затоашто пак ќе те врати на истата. Подобро зјапај у монитор 10 секунди и нека помине само од себе дека лошо е програмирано сето тоа.

Во однос на темата конкретно... неубаво поставените реклами го уништуваат медиумот, порталот. Тоа ти е ко на пример на А1 да одат градите на Џоли, а ти да не можеш да ги видиш бидејќи тие гради се спонзорирани од ВИП. И нормално, ќе ја преболиш детската љубов. Има многу начини и фирмите да се рекламираат, и порталите да заработуваат пари, ама најлесно е да плеснеш флеш во фулскрин. Така можеш да си 100% сигурен дека рекламата ќе ти биде видена. Тоа што посетителот пцуе по се живо и диво и за инает нема да го купи/користи твојот производ, е башка муабет.
Едит: и не е се во нудењето реклами. Дури најголемата финта е читателот да биде предизвикан да го купи твојот производ/услуга, поради рекламата на ИКС порталот. Со досадни банери сосем погрешна претстава се добива. На крај, кога вип нема да ги добие кликовите, ќе престане да се рекламира на тој портал. И волкот сит и офците на број :toe:
 
Мистичен главниот проблем проблем кај флоатинг банерите е во тоа што добри десет секунди предизвикуваат тотално замрзнување на екранот за тоа време е оневозможена била каква интеракција со сајтот.
Можат да се направат хајли софистицирани интелегенти банери но тоа да се изведе потребни се професионалци не приучени ActionScript-ери.
 
Мистичен главниот проблем проблем кај флоатинг банерите е во тоа што добри десет секунди предизвикуваат тотално замрзнување на екранот за тоа време е оневозможена била каква интеракција со сајтот.
Не е точно. Од причина што услов за секој флоатинг банер да биде поставен на портал е да има копче Х (исклучи). Со тоа, можеш да имаш интеракција со сајтот уште во првата секунда.

Истото е и кај интро банерите, еден од условите за да бидат поставени е да имаат опција "Премини на...".

Значи, никој од посетителите вопшто не мора да чека 10 секунди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom