Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И минатата година Јуве се засили со Фелипе Мело,Диего итн,а Милан не беше многу активен на трансфер пазарот,за на крајот Милан да влезе во ЛШ,а Јуве да заврши на 7 место.

А Боатенг е играч од средниот ред а не е одбранбен.

99% од цела фудбалска јавност минатата сезона го ставаше Јувентус заедно со Интер како главни фаворити за освојување на Скудетото,а крајот е добропознат.
Пепе е Репрезентативец на Италија,со преку 55 настапи во Италијанскиот дрес(Од репрезентациите од 17 год па се до Националниот состав).


Кико, во право си во врска со комплетниот пост, меѓутоа настрана сите тие трансфери и појачувања/ослабнувања на тимот, она најмногу е важно - играта на терен никаде ја нема! Токму тоа ме прави песимист во врска со сезонава. Кога би имало комбинации, течна игра, сигурна одбрана не би бил воопшто загрижен. Против Бари (повторувам БАРИ) имавме 2 шута во гол - двата од 25 метра.

Почнуваме да заличуваме на оние што не можеа да земат титула 18 години, па купуваа нови играчи секоја година.
Потребно беше да се донесат нови играчи, меѓутоа не во толкав број. А што е најважно, притоа најдобрите играчи мораше да останат!


Oфицијално: Траоре е нов играч на Јувентус на едногодишна позајмица вредна 500.000€.
 
Meне повредите не ме загрижуваат и мислам дека ќе има многу помалце од лани.
Лани повеќе од повредите се случија на тренинг а оваа година на терен и во дуели со други играчи.
 
Kikо, во право си во врска со комплетниот пост, меѓутоа настрана сите тие трансфери и појачувања/ослабнувања на тимот, она најмногу е важно - играта на терен никаде ја нема! Токму тоа ме прави песимист во врска со сезонава. Кога би имало комбинации, течна игра, сигурна одбрана не би бил воопшто загрижен. Против Бари (повторувам БАРИ) имавме 2 шута во гол - двата од 25 метра.
Прво коло е,и не може да се даде некоја оценка за тоа како ќе се одвива сезоната.Некаква оценка може да се даде после 10 коло.Лани Јуве перфектно стартува.Рома,Лацио ги победи во Рим,па тој блескав старт значеше вовед во најлошата сезона на Јувентус.Јуве има нова Управа,доста нови играчи,имаше добри подготвителни натпревари, и сеуште е многу рано да се донесуваат сериозни заклучоци како ќе се одвива сезоната.

А што е најважно, притоа најдобрите играчи мораше да останат!
Најдобрите играчи останаа:Буфон,Киелини,Маркизио и Дел Пиеро.
 
Мене најмногу ме иритира тоа што со вакви засилувања што се носат видовме до кај стигнавме минатата сезона. Мизерното 7мо место. Без 1 квалитетен голгетер и без асален одбранбен ред ( исклучок Киело).

Сезонава драстично ги подобривме RB,CD CD во одбраната ама LB останува болна точка. За во средниот ред сум задоволен со Красиќ,Аквилани и Пепе(судејќи по настапите на Пепе и Красиќ на СП,а за Аквилани уште од Рома го сакам и го ценам како играч). За Мартинез не сум задоволен пошто според мене е еден просечен играч(додека не ме демантира со добра игра) за кој плативме 12 милиона а можевме некој од младите да задржиме или да вратиме од тие што ни се на позајмица. Во нападот го земавме Кваљарела кој мислам дека може да се снајде во Јуве и дека ќе биде добро засилување,но сепак фали голгетер од врвна класа.Бориело доколко дојде не го вбројувам во тие. :)

Продажбата на Диего и позајмицата на Џовинко не ми се допаѓаат исто така како и трансферот на Трезеге кој како што прочитав бил отпуштен од Јувентус,а не сам побарал трансфер. :)

Ова е мое мислење за престојнава сезона. Се надевам дека ќе биде драстично подобра од минатата и конечно ќе се израдуваме на некој трофеј. :)
 
Кико, во право си во врска со комплетниот пост, меѓутоа настрана сите тие трансфери и појачувања/ослабнувања на тимот, она најмногу е важно - играта на терен никаде ја нема! Токму тоа ме прави песимист во врска со сезонава. Кога би имало комбинации, течна игра, сигурна одбрана не би бил воопшто загрижен. Против Бари (повторувам БАРИ) имавме 2 шута во гол - двата од 25 метра.

Почнуваме да заличуваме на оние што не можеа да земат титула 18 години, па купуваа нови играчи секоја година.
Потребно беше да се донесат нови играчи, меѓутоа не во толкав број. А што е најважно, притоа најдобрите играчи мораше да останат!


Oфицијално: Траоре е нов играч на Јувентус на едногодишна позајмица вредна 500.000€.

Брат после ланската сезона моравме да менуваме се во тимот,од управа до медицински тим ,па да испитуваме терен али пак глеам имаме повреди на почеток на сезона,па ЛЕ,почнување на подготовки месец дена порано,ко играчите да немаа душа против Бари у второ полувреме,многу нови играчи но не очекував толку лошо да изиграме,Бари имаа мн. шанси,ние бевме отсечени у средина,одбраната конфузна,ќе видиме наредни кола како ќе биде играта,боље да стартуваме лошо отколку тоа да се деси на крај на сезона али од ова што го видов овие утакмици од ЛЕ и со Бари не сум задоволен но ќе почекам неколку кола да видам како ќе ни биде играта,не очекувајте за 3 месеци да напраиме тим за скудето и ЛШ.
 
Ајде земајте го Бориело па ние да му се израдуваме на Робињо
 
Мислењето на Моџи за Диего:

€40 million for Dzeko is crazy. At the same time I would get rid of Diego. He is not suited to Italian football,"
„40 Милиони за Џеко е лудост.Во исто време јас би се ослободил од Диего.Тој не може да се прилагоди на Италијанскиот фудбал“

линк
 
Пепе е Репрезентативец на Италија,со преку 55 настапи во Италијанскиот дрес(Од репрезентациите од 17 год па се до Националниот состав).

Брат секоја чест за тие негови посрани настапи за Италија, али типот не го бива за фудбал врска нема, а од тие настапи ниту еден не му е пред 2006, значи токму кога Италија беше ослабена тој почна да игра, навистина повеќето не можам да ве разберам како може да бидете задоволни од играчкиот фонд што го имаме, а ќе биде полошо за неколку саата кога ќе се официјализира Бориело.
 
Најдобрите играчи останаа:Буфон,Киелини,Маркизио и Дел Пиеро.

Буфон е повреден пола сезона
Киелини е одличен тука нема збор
Маркизио игра со многу променлива форма и не е воопшто конзистентен
Дел Пиеро колку и да е брилијантен, нема 90 минути во нозете и тоа е сосема нормално со оглед на неговите 36 години.


Од друга страна:

Диего, човек на кој му помина периодот за адаптација од една година и беше најдобар (без никаква дилема) на подготвителните натправари и покрај тоа што играше како втор напаѓач е подарен за смешна сума на пари на 3 дена од истекот на трансфер периодот.

Џовинко, блескав талент кој не доби никаква шанса во Јуве, никако не смееше да биде пуштен ако веќе имало намера за продажба на Диего. Моја прогноза е дека ќе растури во Парма сезонава.

Истото важи и за Кандрева како и Џовинко. Дечкото лани ја искористи секоја шанса што му беше укажана и изигра на ниво.

Алал да ти е на оптимизмот што го имаш, дај боже да се исплати :) :)


@juvejuve не очекувам тим за скудето, очекувам да видам ЖИВ тим на терен - ништо повеќе ништо помалку :)
Се надевам дека ќе се средиме малку од малку за наредната против Сампдорија.
 
Џовинко уште во 1коло изигра феноменало за Парма погоди и пречка од слободен удар.
 
Буфон е повреден пола сезона
Киелини е одличен тука нема збор
Маркизио игра со многу променлива форма и не е воопшто конзистентен
Дел Пиеро колку и да е брилијантен, нема 90 минути во нозете и тоа е сосема нормално со оглед на неговите 36 години.


Од друга страна:

Диего, човек на кој му помина периодот за адаптација од една година и беше најдобар (без никаква дилема) на подготвителните натправари и покрај тоа што играше како втор напаѓач е подарен за смешна сума на пари на 3 дена од истекот на трансфер периодот.

Џовинко, блескав талент кој не доби никаква шанса во Јуве, никако не смееше да биде пуштен ако веќе имало намера за продажба на Диего. Моја прогноза е дека ќе растури во Парма сезонава.

Истото важи и за Кандрева како и Џовинко. Дечкото лани ја искористи секоја шанса што му беше укажана и изигра на ниво.

Алал да ти е на оптимизмот што го имаш, дај боже да се исплати :) :)


@juvejuve не очекувам тим за скудето, очекувам да видам ЖИВ тим на терен - ништо повеќе ништо помалку :)
Се надевам дека ќе се средиме малку од малку за наредната против Сампдорија.

Се согласувам за Џовинко, ако веќе не го сакаа Диего требаше да му дадат шанса на Џио да игра, и онака нема некои амбиции тимот годинава.
 
Кажав и пак ке кажам ке се каат за Џовинко и Диего имавме готово лево крило и имавме страшен плеј мејкер со Мело ке беа движечка сила, а сега го имам Мартинез и имаме играчи кои тек треба да се уиграт на Џовинко и Диего добредојден ке им беше Красич и Пацини и ете го тимот за победи
 
Леле луѓе сите почнавте да кукате. Ене ви го и интер со уигран состав киксна против Болоња. Шо сакате. Гостување во Италија е заебана работа особено кај топ 11 од лани +Катанија и сл.

Голем проблем кај Јуве е и ќе биди НЕУИГРАНОСТА. Нова формација премногу нови играчи (6 на последниот меч). Кој сакаат нека го носат само следниот преоден рок (летен) нека не носат појќе од 3-5 појачања. Ако продолжиме со вакви промени ќе почниме да патиме од Реал синдром.
Имаме големи проблеми годинава со новајлии (пред се во лигата) - Красич, Траоре, (Аквилани па фудбал нема играно). Не барајте играчи од други лиги. Ни треба време да составиме компактен тим кој ќе знај да игра. Она шо излезе вчера на СветиНикола е исто како да ве пуштат во Пекинг со рандом луѓе од автобус. Нема да ме изненадат првите 10 кола ако касниме 5-8 бода зад лидерот (кој и да е) и уште повеќе нема да се нервирам, преку ноќ чудо не бива. Има квалитетни поединци кој можат да состават компактен состав треба малку работа и ќе се успеј. Кога ќе размислам поубо не е лошо и шо настапваме во Еуропа оти ќе поможи за вежбање на тимот. Јеби га сега типојте се професионалци и треба да се средат порано па нема да ме изненади ако кикса по некој (нов Тиаго ,Алмирон) и го чуваме на клуба.

За Диего - Фала му на Моџи шо го дели истото мислење со мене. :)
За Џовинко - и кај нас имаше по еден таков перформанс на 3-4 меча и тренеро (сите) го седнуваше после. Дај боже нека продолжи со таква игра и ќе си го вратиме. Ама повторвам му треба константност.
 
Марота вечерва и рекол на жена му да оди кај швалерот бидејќи тој не планира да си доаѓа дома :)

Официјална понуда од Јувентус до Сампдорија вредна 20 милиони евра за Пацини. Утре се очекува одговор ...
 
Се е ок, таков Јувентус од минатата сезона не можеш да го закрпиш со 3-4 играчи па макар и да бидеш волшебник. Јасно е дека беа потребни 7-8 играчи, кои колку толку ке ги пополнат кратерите од минатата сезона.

Единствен минус барем кај мене Марота има затоа што не успеа да ангажира ниту еден играч од светска класа, докажан во големо првенство за кој нема да треба да чекаме години да стане играч. Јасно е дека се` кнап со пари, но клубот требаше да одвои средства без оглед на се (Јувентус не е клуб што ке пропадне ако одвои 20-25 милиони за 1 играч), ако ништо друго за напаѓач од светска класа.
Не ми допаѓа ни тоа што, тимот максимално сакаат да го базираат на италијанци. Се е ок, не сме ние Интер, но сепак мислам дека во Јувентус треба да играат играчи кои му се потребни на клубот и кои заслужуваат да бидат таму без разлика на националноста на која припаѓаат.

Али добро,
од друга страна Марота ова лето беше еден од најактивните Спортски директори во светот. Се тоа благодарение не Секо и моментално забрадениот келеш Бљан. Се разбира, мислам во негативна конотација. Кога дојде тука, Марота беше соочен со хаос тим, кој личеше повеќе на штала него на тим.
За овие 2-3 месеца Марота донесе во Јувентус 10 играчи, а продаде уште 7-8. Од финансиски аспект Јувентус ова лето потроши не повеќе од 30 милиони евра без продадените играчи. Значи работата на Марота беше тешка, затоа што требаше да го поткова тимот, а притоа да не троши пари. Лесно ке беше да бевме Барса, па од шала да фукнефме 40 милиони за Џеко. . . Е не сме. И никогаш нема да бидеме, затоа што Јувентус ретко функционира така.

Од тој аспект Марота сработи одлично, и без оглед на се мислам дека Јувентус е многу позајакнат од минатата година. Има огромни промени во клубот, па поради тоа нормално е се да не функционира безпрекорно. Секој почеток е тежок, па така и овој. После Бари, Ањели воопшто не беше загрижен, па не гледам причина зошто и ние да бидеме со оглед на фактот дека Ањели е претседател и човек кој би го дал животот за Јувентус.

Ањели и Марота сакаат да го вратат Јувентус на победничките патеки, но притоа како што потврдија на презентацијата, тоа ке го направат полека но сигурно и победничиот тим ке го градат чекор по чекор. Како пример Марота го наведе Интер кој беше граден години за да стигне до тројната круна. Исто така ја спомна и „неговата“ Сампдорија која успеа да ја донесе пред портите на ЛШ.
Повторно јакиот Јувентус од 2006 го очекуваат за 3 години од сега. . .

Претходната управа дали од не сакање или од незнаење не го градеше тимот чекор по чекор и со баланс. Сакаше да прерипа и 2-3 скалила па тоа не доведе до тотален распад. Целите беа праведни, но патот до целта не беше правилно избран. Тоа е исто како турист кој качувајќи се по козји патеки, не го трга погледот од врвот на планината. Тој тргнува цврсто решен да се качи по секоја цена, но притоа прави една мала грешка бидејќи е премногу зафатен со врвот воопшто не внимава на топографијата на патот, на она што му е под нозете и затоа на крајот паѓа и загинува. Исто како Јувентус.

И јас сум максимално нервозен и огорчен после распареното чмарче против Бари, но мислам дека Марота и Ањели ке можат да му помогнат на Јувентус да се врати на врвот на планината полека но сигурно, без притоа попатно да загинеме :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom