И Красич и Пепе можат да играат и лево и десно, но како и да е крила ќе бидат потребни во 4-4-2 формацијата и ќе има простор да се докажат и двајцата.
Прво се најавуваше дека Пепе ќе потпише 4 годишен договор, но се покажува дека на Удинезе ќе му бидат платени 2.6 милиони евра сега, а Јуве ако сака да го купи перманентно Пепе на крајот од наредната сезонава треба да одвои 7.5 милиони, со што вкупниот трансфер би чинел 10 милиони наспроти најавите од 12 мил. Паметен потег на Beppе, на Јуве ќе му бидат потребни крилни играчи за 4-4-2 формацијата,и Бепе успеа да го ангажира Пепе на позајмица со минимални трошоци, а Пепе мислам дека ќе биди корисен за тимот, брз е, кондиционо спремен да игра на исто ниво 90 минути, елемент што многу недостига во Јувентус во поглед на кондиционата спремност на играчите минатата сезона.